Северина Којиќ нерадо зборува за проблемите кои ги има или ги имала во приватниот живот.
Имено за нејзината тажна судбина малку се знае, а сега на површина испливаа малку познати детали. Пејачката во младоста останала без татко, од кој како што вели нејзината мајка Ана, пејачката ги наследила изгледот и карактерот. Таткото на Северина, Север Вучковиќ бил возач на камион во Електродалмација. Се родил во Сплит, каде ја запознал Ана, кога таа била келнерка.
Северина со постарите сестри Зденка и Мирјана тешко ја прифатила прераната смрт на татко и за кој била силно врзана.
И самата Северина се борела со здравствени проблеми, па во 2006 година ги оперирала гласните жици, а поради оштетување на рскавицата, ја оперирале во 2010 и 2014 година. Пејачката тврди дека најсилна поддршка и е сопругот Игор, сепак заради нејзината венчавка со него, со неа веќе не разговара сестра и Зденка.
-Не го поддржувам сето ова. Србите против нас воделе војна, не угнетувале 50 години, а сега водат психолошки. Мојата сестра одгледана е во моралано, римокатоличко семејство, од мајка и татко Хрвсти, но нејзиниот живот го превзеде менаџерската машинерија. Таа има планетарна слава, но сигурно има тажен живот. Се молам за нејзино здравје и среќа- рекла сестра и на Северина.
Пејчаката во 2014 година морала привремено да се повлече од сцената бидејќи морала да го оперира коленото и се уште трпи болки од тоа.