Драган ја затекнал сопругата со црнец: Тоа што следело ги шокирало сите!

Триесет и осум годишниот Драган Секулиќ осуден е во американската сојузна држава Охајо на доживотен затвор поради убиството на поранешната сопруга Жељка (37), кое се случило на 9.12. минатата година во гратчето Масилон.

Драган ја убил со 15 куршуми од пиштолот на брат му, кој го зел од неговата гаража, испукал рафал во Жељка па потоа се каел, но тоа не влијаело на судот, кој му го скратил правото да бара помилување, а поради претходните обвцинувања за семејно насилство, на доживотната казна му е додадено уште 14 години затвор.

Драган признал дека пукал во неа, но тврдел дека нема намера да ја убие. Како што навел, пукал во афект, бидејќи дознал дека е во врска со колега, а бидејќи се работи за црнец, „имал прекин на филмот во глава“.

Поранешниот сопруг тоа утро ја пречекал на паркингот пред Центарот за рехабилитација „Асторија“, каде што работела како медицинска сестра и и испукал три куршуми во глава, а остатокот во тело, па со изнајмено возило се обидел да избега кон аеродромот.

Инаку, Драган со семејството од БиХ избегал во Србија, каде ја запознал Жељка па во САД емигрирале во 2002. година. Во бракот добиле две ќерки, кои сега имаат 9 односно 13 години.

Минатото лето се раздвоиле, а Жељка, наводно, набрзо после тоа започнала нова врска. Само две недели пред планираниот злочин се обидел да ја убие така што со камион го избуткал нејзиниот автомобил во канал.

Тогаш е пуштен со кауција од 100.000 долари и му е забранет контакт со поранешната сопруга, А пријателите на Жељка, кои сведочат за злоставувањето, раскажале дека таа, иако преплашена, се вратила на работа поради финансиски причини. Недолго пред смртта, му пратила порака на новиот љубовник, во која напишала дека мисли дека поранешниот сопруг сака да ја убие.

(Видео) Ученик и професорка страсно се бакнуваат среде час

Неименувана универзитетска професорка, наводно била избркана од своето работно место откако протече видео кое потврди дека таа се бакнувала со еден од нејзините студенти среде час.

Недоличното однесување го снимиле колегите на младиот и многу самоуверен Ромео на Државниот транспортен универзитет во Нижни Новгород, а во меѓувреме тамошните портали објавија дека снимката била направена минатата година откако училиштето добило дојава дека професорката многу лесно влетувала во романтични авантури.

Во однос на образовната институција во која е снимен скандалот, корисниците на социјалните мрежи претпоставуваат дека младиот заводник бил полнолетен кога му паднало на памет да ги почувствува усните на својата професорка, па во овој контекст, ниту руските портали не спомнале некаква истрага.

Засега не можеа да потврдат информациите дали навистина професорката е отпуштена поради ова.

Целото видео можете да го погледнете ОВДЕ

Бебе во Америка починало откако мајката го оставила да спие во рерна

Мараја Томас од Канзас Сити, Мисури беше обвинета за загрозување на благосостојбата на дете.

Како што објави обвинителот, бебе починало откако неговата мајка по грешка го заспала во рерна.

Во петокот попладне полицијата реагираше на пријава за бебе кое не дише. Во изјавата за веројатната причина се наведува дека брзата помош го нашла детето со видливи изгореници. Бебето е констатирано мртво на местото на настанот.

Во соопштението за медиумите се наведува дека сведокот рекол дека мајката „го заспала детето и случајно го ставила во рерна наместо во креветчето“. Полицијата не прецизираше како точно дошло до грешката, пишува Sky News.

„Ја препознаваме ужасната природа на оваа трагедија и нашите срца се тешки поради загубата на овој скапоцен живот. Веруваме дека системот на кривичната правда соодветно ќе одговори на овие ужасни околности“, рече окружниот обвинител на округот Џексон, Жан Питер Бејкер.

Пијан полицаел застрелал жена во грб, па додека лежала на земја испукал уште 15 куршуми

На Елвис Ќустендил, осомничениот за убиството на Амра Кахримановиќ на 7 февруари 2024 година, в.д. обвинител на Кантоналното обвинителство му одредил притвор, пренесува Аваз.

Ќустендил е осомничен дека откако Амра Кахримановиќ, косопственик на ресторан во Трговскиот центар Сјењак во Тузла, дошла околу 21:00 часот да го затвори ресторанот и да ја напушти просторијата, тој одеднаш станал, ја следел жртвата во ходникот на трговскиот центар и од непосредна близина на подмолен начин испукал еден истрел во грбот на повредената.

Пукал, со службен пиштол, со оглед на тоа дека убиецот е полицаец.

Откако ја застрелал во грб, додека жртвата лежела на подот, испукал уште петнаесет истрели во различни делови од телото и ја убил.

Набргу по настанот, осомничениот бил приведен од припадници на Единицата за поддршка на МВР ТК пред зградата во која живее во Тузла.

Припадниците на Секторот за криминалистичка полиција извршија кривична истрага, а заедно со пријавата за стореното кривично дело, пријавениот е предаден на Обвинителството.

Популарно