Гугл: „Вардарска“ е новото име на Македонија

Популарната апликација „Maps“ на светскиот интернет-гигант „Гугл“ го преименува големиот скопски плоштад Македонија во плоштад Вардарска

При пребарување на компании кои имаат свои разграноци или седиште во строгиот центар на Скопје, „Гугл“ во својата мапа ви посочува каде се лоцирани и името на локацијата. За полесно снаоѓање, особено за туристите, имињата на локациите се дадени и на македонски и на англиски јазик.

Во јули минатата година, „Гугл“ им овозможи на корисниците да споделуваат и да едитираат локации за да ја подобри апликацијата „мапи“ и да ги обележи неозначените места. Сепак, локациите автоматски не се појавуваат на мапата, туку чекаат да бидат верификувани од повеќе корисници. Веројатно, англиската верзија од плоштадот Македонија е вметната од корисник на мапата, а потоа преку верификација од други корисници и без посебен надзор од „Гугл“ истата е впишана во мапата за Скопје.

Според минатогодишните податоци, повеќе од една милијарда лица ја користат апликацијата „мапи“ на Гугл и сите тие имаат можност да едитираат и да придонесуваат за развој на апликацијата.

ФОТО: Страшно невреме во Блаце - Градот го собираа со багер, причинета огромна штета

Невреме проследено со силен град утрово околу 8 часот зафати неколку села во општината Блаце при што беше причинета огромна штета.Настрадаа градините, пченката, малините, капините и сливарниците во оваа српска општина која се наоѓа во близина на Прокупље.Село Гргуре беше зафатено од големото невреме каде падна град со големина на орев, и во неговото собраиње мораше да се вклучи и багер.

Дете падна од 3-ти кат во Штип

Од полицијата информираат дека детето поради тешките повреди, фрактура на черепот и крварење во мозокот, од штипската болница итно е пренесено во Ургентниот центар во Скопје

Дванаесет годишно дете е тешко повредено, откако вчера околу 22 часот паднало од трети кат од зграда лоцирана на улицата „Енгелсова“ во Штип.

Од полицијата информираат дека детето поради тешките повреди, фрактура на черепот и крварење во мозокот, од штипската болница итно е пренесено во Ургентниот центар во Скопје.

Засега не е познато како детето паднало.

(ВИДЕО) СПЦ и годинава не дозволува честување на „Илинден“ во „Прохор Пчињски“

Српската православна црква и годинава нема да дозволи официјалната делегација на Македонија овој пат предводена од премиерот Зоран Заев да го посети манастирот „Прохор Пчињски“ по повод одбележувањето на Илинден, пишува српскиот весник „Ало“, цитирајќи извор од СПЦ. 

Патријархот Иринеј е категорично против. Се додека не се поправи статусот на СПЦ и нејзините свештеници во Македонија нема разговори за можноста да се дозволи која било делегација од Скопје да посети манастир во Србија и таму да ги одбележува Илинденското востание и Денот на државноста на Македонија, велат од СПЦ. Шефот на српската дипломатија Дачиќ пак за весникот вели дека секоја година српското министерство барањето од Македонија го проследува до СПЦ, но дека и тие не добивале одговор. Од владата велат дека нема да го коментираат ставот на СПЦ додека не добијат официјален одговор од Белград

„Владата преку МНР има испратено официјално барање до српското МНР за одбележување на АСНОМ во манастирот Прогор Пчински. Го очекуваме официјалниот одговор од МНР на Р. Србија.“ - велат од Владата.

Телевизија 24 не успеа да стапи во контакт со СПЦ за да чуеме официјален став за посетата на манастирот. Од МПЦ велат дека тие не се вклучени во одбележувањето и дека тоа го води владата. Познавачите на меѓуцрковните односи објаснуваат дека не се изненадени од ставот на СПЦ но и дека тој не треба да вознемирува Македонија.

„Ова одбивање покажува дека СПЦ останува на своите цврсти ставови кога е во прашање МПЦ. Македонија досега даде позитивни сигнали, го ослободи Вранишковски, судскиот процес против него е затворен, ги подари моштите на Свети Јован Владимир на црквата во Бар и сегашниот притисок е од Србија.“ - вели Бранко Ѓоргевски, новинар.

Премиерот Заев пак од Сараево вчера порача дека Македонија се надева дека ќе добие одобрување за чевствување на АСНОМ во манастирот, но и доколку тоа не се случи нема да се влошат меѓудржавните односи со Србија.


Популарно