Турција и Русија се договорија: Стартува „Труски тек“

Турција постигна договор со „Гаспром“ за финансирање на „Турски тек“ на своја територија.

Ова го изјави генералниот директор на турската државна компанија Вotas Бурхан Озџан во Истанбул на маргините на 22 Светски нафтен конгрес.

„Веќе се договоривме со нив за ова прашање. Сепак не можам да ви ги откријам бројките – во колкав процентен однос ќе го правиме тоа“, изјави Озџан, пренесува RT.

Тој истакна дека „процесот за добивање дозвола за вториот крак на „Турски тек“ продолжува во позитивна насока, во него нема никакви подводни камења“.

Според него, гасоводот ќе излегува на површина во Тракија, во европскиот дел на земјата.

Претходно министерот за енергетика на Турција Берат Албајрак изјави дека „Турски тек“ ќе одигра клучна улога во снабдувањето на земјата со гас и диверзификација на гасните маршрути во Европа.

Таксашките училишта воведуваат „воспитна шлаканица“ како педагошка мерка

Три училишта во Тексас договориле воведување „ќотек“ како вид казнување за непослушните деца  , објави британскиот весник Independent. Според информациите, се работи за училишта во кои учат деца од 4 до 18 години.
 

Детето ќе добие по еден удар за секое лошо однесување, на пример, ако не ги следи правилата во училницата или ако не ги слуша наставниците.

Кога родителите ги запишуваат децата, тие ќе бидат прашани дали се согласуваат да користат физичко казнување. „Ќотек“ ќе добијат само децата чии родители се согласиле.

„Ако на родителот не му е пријатно, тоа е крај на дискусијата“, изјави надзорничката на училиштата, Мери Спрингс.

Оваа мерка ја предложил координаторот за однесување на училиштата, Ендрју Амаро. Тој се надева дека ќе биде поефективна мерка од казната.

Тој вели дека бил тепан како ученик и смета дека тоа функционирало кај него.

„Тоа беше брз одговор за мене. Знаев дека ако сум во неволја со наставник и ако не почитував, без разлика каков беше прекршокот, дека ќе добијам „ќотек“ од директорот“, рече тој.

Само одредени вработени ќе може да ја спроведуваат мерката.

Националната Асоцијација на училишни психолози го дефинираат физичкото казнување како „намерно предизвикување болка или непријатност и/или употребата на физичка сила врз ученик со намера да предизвика телесна болка кај ученикот за да го поправи или да го казни неговото однесување“.

(ФОТО+ВИДЕО) Хорор во Швајцарија: Маж со моторна пила сечел луѓе

Полицијата соопшти дека најверојатно не станува збор за тероризам и дека напаѓачот е идентификуван, но сѐ уште не е уапсен.

Полицијата пристигнала на местото по пријава дека повредени луѓе лежат на улица. Поголем дел од градот е блокиран, хеликоптери ја надлетуваат областа на нападот, а полиција има насекаде, јавува Би-би-си.

Сѐ уште нема детали од нападот, но локалните медиуми известуваат дека полицијата во центарот на Шафхаузен спроведува операција поради „специјална ситуација“.

Портпаролот на полицијата во Шафхаузен потврди дека во тек е операција, но одби да изнесе какви било детали, пренесува швајцарски Локал.

Сопственик на продавница во таа област за швајцарски Блик изјавил дека маж со моторна пила се шетал по улиците и дека туристите и жителите во тој дел од градот биле замолени да не ги напуштаат продавниците и домовите.

На снимките и фотографиите објавени досега се гледаат лекари кои им пружаат помош на повредените кај ресторан на Мекдоналдс.

ВИДЕО+ФОТО: Кај нас пекол, кај нив снег во Јули!

40 степени целзиусови е прогнозата за денешниот ден во Македонија! Пекол! За разлика од кај нас, во Сант Петерсбрг во Русија, викендов снег! Погледнете како изгледа рукиот град

 

A post shared by Анна Брага (@brazhenka) on

 

A post shared by Belochka (@belochka_wild) on

 

A post shared by Evgenie Polyntsov (@skygoga) on

Популарно