ЦРНИ ТОЧКИ ВО СКОПЈЕ: Внимавајте кога се движите по овие улици

Во Скопје секојдневно се случуваат голем број сообраќајки во кои често има и настрадани. Некои од нив се поради преголемата брзина, и непочитување на поставената сигнализација, додека и често се наоѓаат поголеми количества на алкохол кај возачите. Во Скопје постојат места на кои се случуваат често сообраќајки на кои и самите сме сведоци, па затоа од градот и од Советот за безбедност во сообраќајот  овие места се мапирани како  опасни и се наречени црни точки. Се апелира за поголемо внимание кога се поминува низ истите. Следува листа на булевари и улици кои што се мапирани како црни точки:

Булеварите: Илинден, Партизански одреди, Борис Трајковски, Теодосиј Гологанов,Kузман Јосифовски – Питу, Александар Македонски, и Кочо Рацин.

Улиците:    12. Македонска бригада, Васил Ѓоргов, Ѓорче Петров, Цветан Димов.

Покрај мапирањето на овие места како ,,црни точки”, од страна на градските власти се преземаат мерки со кои овие улици и булевари би требало да станат побезбедни.

Една од црните точки се наоѓа на булеварот Партизански Одреди, на пешачкиот премин кај Универзалната Сала, каде што минатата година настрада девојка, кој што беше прегазена. Од градските влсти се разгледува како ќе се направи ова место побезбедно.

Исто така на булеварот Партизанска минатиот месец кај Симпо се случи сообраќајка во која загинаа две лица.

На булеварите Борис Трајковски, Илинден, како и на уиците 12 Македонска Бригада и Васил Ѓоргов градските власти дополнително ќе решат дали на овие места ќе бидат поставени кружни текови или семафори, со цел сообраќајот на истите да биде побезбеден.

На булеварот Кузман Јосифофски-Питу, во план е да се додадат нови ленти со што би се проширил булеварот, а исто така ќе се работи за подобра заштита и безбедност на пешачките премини.

На улицата Ѓорче Петров и на булеварот Кочо Рацин поставени ќе бидат семафори и сообраќајни знаци.

Дел од Центар утре ќе остане без струја, дел од Карпош без вода

Поради планирани прекини во електродистрибутивната мрежа, утре без електрична енергија ќе останат следните корисници:

Во период од 08:30 до 14:00 ул. „Антоние Грубишиќ“, ул. „Коле Неделковски“, ул „Наум Наумовски Борче“ и ул. „Мирослав Крлежа“ во општина Центар.

На ден 08.04.2024 (понеделник) поради изведба на водоводен приклучок ф-100 мм на ул.„Џумајска“ 47, прекинато водоснабдување од 10:00 до завршување на интервенцијата ќе имаат корисниците од ул.„Џумајска“ во општина Карпош.

Опожарено возило во гаражите на „Ист гејт мол“

Во трговскиот центар „Ист гејт мол“ во Скопје, попладнево во гаражите било опожарено едно возило, по што интервенирале од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје. Пожарот бил локализиран и нема повредени. По увидот на надлежните служби, како што информираат, трговскиот центар продолжил да работи.

Како што информираат од МВР, во 18:45 часот настанал пожар во патничко возило „фолксваген поло" со скопски регистарски ознаки, сопственост на Х.А. (62) од скопското село Кондово.

-  Пожарот бил локализиран. Повредени лица нема, се вели во соопштението од МВР.

Согласно утврдените процедури на трговскиот центар за ваков тип на ситуации, како што информираат од трговскиот центар „Ист Гејт Мол“, биле активирани системите за заштита од пожар и вработените во трговскиот центар беа евакуирани, а како резултат на навремената реакција на службите нема повредени лица.

Од Пожарна за МИА информираа дека интервенирале со едно возило, по пријава од посетители на молот.

- Завршена е интервенцијата. Станува збор за опожарено едно возило. Службите во „Ист Гејт“ веќе почнале да го гасат. По реакција од посетители, испратено е едно возило со шест пожарникари, информираа за МИА од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје.

По увидот на надлежните служби, трговскиот центар, како што информираат од „Ист Гејт Мол“,  продолжил да работи со редовно работно време до 22 часот. 

(Видео) Како беше извршен филмскиот грабежот на маркет во Црниче?

На социјалните мрежи доцна синоќа беше објавена снимка од грабежот на маркет во скопската населба Црниче.

На снимката може да се забележи возило и лица кои се обидуваaт да го украдат сефот од маркетот. Додека е вклучен алармот, тие успеваат да го стават во багажник, тргнуваат, но сефот паѓа на патот во Црниче, па тие се враќаат повторно да го подгинат.

Од Министерството за внатрешни работи вчера информираа за настанот.

- На 01.04.2024 во 03.58 часот во СВР Скопје било   пријавено дека во маркет на подрачје на општина Кисела Вода во Скопје три лица извршиле „тешка кражба“, при што одзеле сеф.  Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот, стои во соопштението до полицијата.

Маркетот e ограбен откако автомобил влетал во влезната врата, алармот се вклучил, а разбојниците го земале сефот.

Популарно