ФОТО: Ова се цените во кафе барот на Шенки Версаче

Шенки потрошил милион евра за неговиот кафе бар да изгледа потполно во знакот на познатиот италијански бренд.

Тој многу пати досега има споменато дека го обожава овој трговски бенд и дека неговата цела куќа е опремена со мебел со логото на овој бренд – од плочките во големиот базен во дворот, па се до луксузниот автомобил, па дури и гаќите кои му се од овој бренд.

Погледнете ги цените:

(ВИДЕО) Јапонец со месеци донцел 3 минути на работа, шефовите јавно се извинија

Рабтник (64) во канцеларија за водоснабдување од Кобе, Јапонија добил укор и парична казна затоа што во временски период од седум месеци 26 пати порано го напуштил своето работно место за да отиде на пауза за ручек.

Неговата „измама“ ја открил колегата, кога низ прозорецот на својата канцеларија го видел мажот како три минуи пред почетокот на договорената пауза за ручек излегува од компанијата и оди во блискиот ресторан, пишува Гардијан.

Тој го пријавил кај своите шефови кои веднаш одлучиле да спроведат вистинска тајна акција за да дознаат колку често тоа се селучувало.

Управата на канцеларијата за водоснабдување на вработениот од платата му одзелена половина од еден дневен доход, но полошо од паричната казна секако било јавното понижување.

Имено, шефовите по разрешувањето на овој случај веднаш свикале прес конференциј на која најостро ја осудиле „неговата непослушност која длабоко ги растажила“. Потоа се поклониле во знак на извинување.

– Паузата за ручек започнува точно на пладне и трае до 13 часот. Дотичниот господин погрешил затоа што работното место го напушатал неколку минути порано. Со тоа ги прекршил интерните правила на годината, изјавил портпаролот на компанијата од јапанскиот град Кобе.

Казнетиот работник во своја одбрана рекол дека „морал да го промени работниот ритам“.

Корисниците на социјалните мрежи масовно застанаа во одбрана на казнетиот работник.

Тие се прашуваат дели ова „болно“ правило ќе се применува и на оние кои ја напуштаат канцеларијата за одење во тоалет.

(ВИДЕО) Евтино на СП во Русија: Сместување за 540 денари во вселенски капсули

Само 6 дена остануваат до почетокот на СП во Русија, а тамошните угостители се подготвени за реки од луѓе кои ќе ја посетат оваа земја во текот на наредниот месец. Капацитетите за сместување се скоро целосно исполнети, но Русите смислија креативен начин да ги сместат оние најверни фанови кои сакаат да го проследат Мундијалот.

Еден руски бизнисмен реши да направи нискобуџетен хотел во градот Јекатеринбург кој ќе претставува идеално решение за сите посетители на Светското првенство.

Наместо соби, хотелот е исполнет со капсули кои потсетуваат на оние од научно-фантастичните филмови за вселената. Во овие капсули посетителите ќе имаат пристап до телевизија, клима-уред и сеф во кој ќе можат да ги оставаат нивните работи. Многу од гостите го доживуваат хотелот како атракција.

„Никогаш не сум видел нешто вакво. Ова е сосем нов начин на сместување и навистина е интересно да се престојува тука”, вели Олга Гарашенко, една од посетителите на хотелот.

(ВИДЕО) 10 работи кои скоро никој не може да ги направи со своето тело

Како деца, во период кога го запознаваме своето тело, дознаваме што се можеме да направиме со рацете, нозете, прстите, јазикот…

Ако во детството сте биле палаво дете и навистина сте правеле хаос, сте се качувале по дрвја и слично, ќе ја разберете снимката подолу.

Еве кои работи поголемиот дел од луѓето не можат да ги направат со своето тело, затоа што не се доволно еластични.

Популарно