ФОТО: Во чии раце заврши Северина?

Хрватската дива Северина вечерва ги забавува посетителите на „Пиво Фест“ во Прилеп. Убавата пејачка која секогаш изгледа беспрекорно и овој пат дозволи за нејзиниот изглед да се погрижи македонски стилист. Преку објавата на Фејсбук може да се види во чии раце денеска „завршила“ Северина за покрај со нејзините хитови и со изгледот да ја воодушеви македонската публика.

ФОТО: Карлеуша се качила на вага и се исплашила!

Јелена Карлеуша откри дека претерала со килограмите и дека што побрзо мора да ја редуцира својата исхрана.

-Се мерев синоќа. Добив нервен слом. Многу се разочарав во себе и одлучив од денес да не јадам ништо, Не пијам енергетски пијалоци, не пијам Кока Кола, не пијам алкохол, а од храна ништо повеќе не јадам, само бадем, призна Карлеушва и додаде дека директорот на Гранд, Саша Поповиќ ја опоминал да ја среди линијата.

-Саша ми рече повеќе да не јадам, рече Јелена.

Ана Бекута се понудила на Карлеуша да и препорача нутриционист, но ќе видиме дали ќе го прифати предлогот.

ФОТО: Каролина запеа и на својата свадба

Македонската поп ѕвезда, Каролина Гочева, запеа и на својата свадба.

Дел од македонската естреда вечерва е гостин на свадбата на Каролина и Михаил и повеќето од гостите почнаа да објавуваат фотографии од веселбата која се одржува на аеродромот Стекновец, во близина на Скопје.

Меѓу гостите се нејзината колешка и другарка Тамара Тодевска со сопругот, Елена Ристеска, потоа Панчо, актерката Весна Петрушевска со ќерката Мина, ди-џејот Зоки Бејбе…

ВИДЕО: На оваа песна Каролина и Михаил го одиграа првиот свадбен танц

Македонскиот евергрин, „За нас почнува живот“ на легендарниот македонски музичар Драган Ѓаконовски-Шпато, а во изведба на Даниела Панчетовиќ е песната на која Каролина Гочева и Михаил Корубин го одиграле првиот свадбен танц.

Популарно