ФОТО: Авантура место плажа - погледнете каде летува Александра од „брза кујна“

TВ и радио водителката Александра Пановска неодмна во друштво на другарките и сопругот Александар во еден скопски ресторан го прослави својот 32-ри роденден, а откако заврши снимањето на кулинарското шоу „Брза кујна“, решија да си дадат повеќе време за себе и авантура.

И додека повеќето најчесто се одлучуваат за одмор на море или езеро, Александра и Александар избраа планина и река. Имено, тие моментално се во Црна Гора каде уживаат во убавините на кањонот на реката Тара во Црна Гора од каде шармантната водителка објави неколку прекрасни фотографии од нивното летно патување.

Возбудата на нивните лица е очигледна, особено откако ги пробаа брзаците на реката која се смета за една од најдобите за адреналински  рафтинг.

Инаку,  кањонот на реката Тара е втор по големина по оној на реката Колорадо, па доколку поминувате по мостот Ѓурѓевица, може да уживате не само во бистрата вода на реката, туку и го густите зелени ридови. Ако досега бевте во потрага по ваква авантура низ природата, еве дестинација за Вас.

Oд продавачка до милионерка: Како мама Крис ја создаде династијата Кардашијан?

Некогаш работела во дуќан и била стјуардеса, а денес е мега менаџерка, која од своите деца направи милионери. За почетоците на Крис Џенер проговори нејзиниот поранешен дечко во новата книга за семејството Кардашијан. Таа отсекогаш копнеела по богатсво и слава.

Дури ни тие кои не го следат шоу бизнисот и таблоидите, невозможно е да не знаат која е Крис Џенер.Толку често ја има во медиумите, што тешко е да ја избегнете.

Познатата мајка и глава на семејството Кардашијан, позната е и под прекарот „мамаџер“, а во светот на богатите и славните се проби благодарение на бракот со адвокатот Роберт Кардашијан.

Меѓутоа, пред сета слава и богатство, како и сите успеси што ги стекна со реалното шоу „Keeping Up With The Kardashian“, Крис живеела прилично едноставен и скромен живот.

Во младоста, таа работела како продавачка во продавница. Подоцна станала стјуардеса, но отсекогаш тежнеела кон богатство и нешто повеќе.Сега, кога Крис има 62 години и нејзината вредност се проценува на 60 милиони долари, може да се каже и дека успеа во тоа.

За книгата 'The Kardashians: An American Drama", отворено проговори нејзиниот поранешен дечко Алфред Гарсија, откривајќи малку познати детали за нивната врска, а особено за животот на Крис во тоа доба. 

Година дена пред венчавката со адвокатот Роберт Кардашијан, таа направила фото-сесија со Алфред, за која се надевала дека ќе ја прослави, бидејќи премногу посакувала да стане манекенка. Но, без влакна на јазикот, Алфред вели дека денешната ѕвезда на реалното шоу, баш и не била надарена за манекенство.

Убеден е и дека се вработила како стјуардеса, само за да добие прилика за запознавање на луѓе. И нејзината блиска пријателка признава дека тогаш Крис лесно ги привлекувала богатите мажи, како и дека не постои таков што не се завртел по неа.

И после прекинот на врската, Крис и Алфред останале во добри односи, до таа мера што таа го ангажирала да ја фотографира нејзината свадба со Роберт Кардашијан.

Дури со споменатата свадба, на оваа мајка на шест деца ѝ се исполнило она што претходно не успевала да го оствари. Но, ниту тоа не било лесно и без трње.

Роберт ја оставил Крис на неколку месеци, заради неговата врска со Присила Присли, поранешната сопруга на Елвис, кралот на рокенрол музиката. А, откако врската со неа не успеала, адвокатот пак ѝ се вратил на Крис. Останатото е историја.

Меѓутоа, таа ништо не препуштила на случајноста. И при раскинувањето, му се јавувала на Кардашијан секоја вечер, затоа што очајнички сакала да се омажи за него. Загрижена била дека можеби тој ќе ја одбере Присила наместо нејзе.

По нивната венчавка, многумина мислеле дека двајвата засекогаш ќе останат заедно. Медениот месец го поминале во Париз и сѐ изгледало идилично.

Но, парот се разделил, бидејќи Крис го изневерувала Роберт, а набрзо потоа се премажила за Брус Џенер, кој пред две години го промени полот и стана жена.

Во продолжените од книгата, Гарсија додава дека Крис отсекогаш излегувала со луѓе кои имаат пари и висок статус во општеството.

Никогаш не ми кажа самата, ама знам дека постојано очекуваше да ѝ се случи нешто големо.“ – се присетува Гарсија, кој вели дека не бил ни малку изненаден кога Крис одлучила да се венча за Кардашијан.

Во последната декада, пак, таа од презимето Кардашијан направи бренд, а децата ѝ се милионери.

Крис и нејзината династија се инспирација за многу жени, кои налик на неа, амбициозни се и не се задоволуваат со трошките на животот.

Дали сте и вие едни од нив?

ФОТО: Фифи смени имиџ - стана русокоса

Фифи Јаневска се одлучи за голема промена, па така од црна, косата ја обои во руса.

Фифи веќе неколку години живее и работи во Шведска каде што повремено има и музички настапаи.

Со фотографии на социјалните мрежи се пофали со новата фризура.

Погледнете како изгледа сега:

ФОТОГРАФИЈАТА на Сашко Коцев што ќе ви го стопли срцето

Новата година за актерот Сашко Коцев почна поразлично од сите останати, а причината за тоа е што ја дочека и почна со најголемото богатство во своите раце – ќеркичката Јоана.

Сашко и неговата сопруга Смилјана кон средината на месец октомври минатата година се остварија во улога на родители.

Сега, по речиси три месеси од нејзното доаѓање на свет, тато Сашко одлучи Нова година на своите следбеници и пријатели на социјалните мрежи да им ја честита со една уникатна фотографија со неговата најголема љубов, односно фотографија од неговата рака и нејзиното малечко и слатко стапалце.

Популарно