ФОТО: Почина Босанац, но набрзо оживеа!

Лажната вест за смртта на Драган Стојковиќ Босанац  вчера со брзина на светлината се рашири на Интернет. Лагата беше пласирана преку лажен профил на пејачот Армин Дедиќ.

Информацијата веднаш почнала да се шири на Интернет, а тоа ја разбесне ќерката на Босанац која веднаш ја демантираше веста. Потоа и пејачот се обрати до јавноста велејќи дека веста била објавена на лажен профил и дека не знае кој го направил тоа.

ФОТО: Карлеуша се качила на вага и се исплашила!

Јелена Карлеуша откри дека претерала со килограмите и дека што побрзо мора да ја редуцира својата исхрана.

-Се мерев синоќа. Добив нервен слом. Многу се разочарав во себе и одлучив од денес да не јадам ништо, Не пијам енергетски пијалоци, не пијам Кока Кола, не пијам алкохол, а од храна ништо повеќе не јадам, само бадем, призна Карлеушва и додаде дека директорот на Гранд, Саша Поповиќ ја опоминал да ја среди линијата.

-Саша ми рече повеќе да не јадам, рече Јелена.

Ана Бекута се понудила на Карлеуша да и препорача нутриционист, но ќе видиме дали ќе го прифати предлогот.

ФОТО: Каролина запеа и на својата свадба

Македонската поп ѕвезда, Каролина Гочева, запеа и на својата свадба.

Дел од македонската естреда вечерва е гостин на свадбата на Каролина и Михаил и повеќето од гостите почнаа да објавуваат фотографии од веселбата која се одржува на аеродромот Стекновец, во близина на Скопје.

Меѓу гостите се нејзината колешка и другарка Тамара Тодевска со сопругот, Елена Ристеска, потоа Панчо, актерката Весна Петрушевска со ќерката Мина, ди-џејот Зоки Бејбе…

ВИДЕО: На оваа песна Каролина и Михаил го одиграа првиот свадбен танц

Македонскиот евергрин, „За нас почнува живот“ на легендарниот македонски музичар Драган Ѓаконовски-Шпато, а во изведба на Даниела Панчетовиќ е песната на која Каролина Гочева и Михаил Корубин го одиграле првиот свадбен танц.

Популарно