НФАПВ: Агенциите не смеат да наплаќаат никакви трошоци на кандидатите за вработување!

Во врска со последните случувања со одредени агенции за посредување при вработување за кои постојат информации за измама на кандидати за вработување во странство, сакам на целата јавност да и упатиме јасен апел да бидат претпазливи кога носат одлука за заминување на работа во странство.

Имено, според член 22, став 1 точка 4 од Законот за работни односи, и според Меѓународната Конвенција 181 за Приватните агенции за вработување, што Република Македонија ја има ратификувано, агенциите не смеат да наплаќаат никакви трошоци од кандидатите за вработување. Сите трошоци за вработување на лицата треба да се наплатат од компанијата/клиентот кадешто ќе се вработат лицата. 

Според тоа, апелираме до сите заинтересирани кандидати, да не прифаќаат плаќање на било какви провизии и трошоци, пред или по заминување на работа во странство. 

Националната Федерација на Агенции за вработување (НФАПВ) се залага за заштита на правата на работниците на прв план и ќе продолжи во таа насока да соработува и со надлежните инситуции да се подобри законската регулатива и истата да се почитува од сите лиценцирани агенции.

НФАПВ е тело кое има за цел да ги претставува агенциите, да лобира за подобрување на законската основа, да соработува со домашните и меѓународните институции, како и да јакне капацитетите на своите членови за развивање на пазарот на вработување. 

„Најубава станбена зграда во светот“ се наоѓа во Хрватска

Објектот е изграден во 2021 година, а вкупната негова квадратура е 1.969 квадратни метри. Главен белег на поголемите апартмани се кујните на предната страна, коишто може да се користат како трпезарии. Становите се прилично светли и имаат нетипично богат просторен стандард за современото домување, се наведува во описот.

Приземјето е малку повисоко од станбените катови и е целосно застаклено, поделено со врати, што му дава достоинство на јавен простор. На истото приземје, има и пекара и кафуле споени едно до друго. 

Најдобри љубовници во зодијакот

Дали сте љубопитни кои хороскопски знаци се огнени во креветот и маѓепсуваат со својот неодолив шарм и магнетна привлечност? Астрологијата ги открива тајните на сексуалната компатибилност.

Без разлика дали барате огнена страст или сензуална интимност, разбирањето на астролошките особини на вашиот партнер може да го однесе вашиот љубовен живот на нови височини.

Овие четири хороскопски знаци се познати по своите извонредни вештини во областа на интимноста:

1. Шкорпија

Шкорпиите се олицетворение на интензитет и страст. Со ненаситен апетит за задоволство ги оставаат без здив партнерите со своите заводливи вештини.

Нивната магнетна привлечност ги вовлекува другите во нивната мрежа на желби, каде што секој нивни допир го разгорува пламенот на страста. Во спалната соба Шкорпиите се бестрашни истражувачи, кои не се плашат да се нурнат во најдлабоките зони на интимност. Нивната интуитивна природа им овозможува да ги разберат желбите на партнерот создавајќи врска што го надминува физичкото.

2. Лав

Лавовите зрачат со самодоверба и во и надвор од спалната соба. Со својата магнетна харизма и енергија тие ги освојуваат партнерите со својот разигран и авантуристички дух. Лавовите сакаат да бидат во центарот на вниманието, а нивниот ентузијазам за задоволство нема граници. Во спалната соба тие зрачат со страст и креативност, а секоја средба ја претвораат во возбудлив спектакл. Со Лавовите очекувајте огномет и незаборавно искуство, кое ќе ве натера да сакате повеќе.

3. Бик

Бикот е синоним за сензуалност и уживање.

Како земјени знаци, тие се длабоко поврзани со физичкиот свет и уживаат во задоволствата што ги нуди. Бикот одлучно пристапува кон интимноста уживајќи во секој момент и препуштајќи им се на пофините работи во животот. Во спалната соба тие се внимателни љубовници, кои одвојуваат време да ја истражат секоја сензуалност и да ги исполнат желбите на партнерот. Со Бикот очекувајте фантастично искуство во креветот.

4. Вага

Вагите се мајстори за хармонија и рамнотежа. Со нивното шармантно однесување и силно чувство на емпатија тие без напор се поврзуваат со своите партнери на длабоко емотивно ниво. Во спалната соба Вагите им даваат приоритет на комуникацијата и заедничкото задоволство и создаваат безбедна и стимулативна средина за истражување. Тие се внимателни љубовници, кои секогаш се трудат да создадат чувство на хармонија и поврзаност што ја надминува физичката област.

Битолчанец со пушка пукал во куче на Широк Сокак

Битолчанецот З.Л (63) од својот дом на улицата Широк Сокак со воздушна пушка пукал во куче скитник, соопштуваат од СВР Битола. Полицијата му ја одзела воздушната пушка, а по известувањето на јавен обвинител ќе биде поднесена и соодветна пријава кон битолчанецот.

На Широк Сокак, најпрометната улица за пешаци во Битола има голем број на кучиња скитници и голем дел од пријавите за каснување на луѓе се токму од таа улица.

Општина Битола лани исплати 123.952 евра по тужби на граѓани за каснати од кучиња скитници. За три години дури за седум пати пораснал износот на пари што Општината ги исплатила по тужби од граѓани. Во 2022 година биле платени 2.885.115 денари (46.912 евра), а во 2021 година 1.129.000 денари (18.350 евра).

Ова не е прв случај за пукање со пушка  во кучиња скитници во Битола

Популарно