(ВИДЕО) Вториот крак на Халкидики поплавен

Локалните жители и туристите кои решија својот одмор да го поминат на вториот крак на Халкидики се најдоа во небрано. Обилните врнежи од дожд поплавија многу места, а најпогоден е Торони (каде е направена фотографијата), пренесуваат грчките медиуми.

Во Торони од поплавата се однесени 25 автомобили. 

Поплавени се местата од Никити до Мармарис, па се до Porto Koufo, пренесува voria.gr.

Македонско семејство кое летува во Торони се јавило во конзулатот во Солун. Метеоролозите предупредуваат на поплави во Грција и порачуваат македонските туристи да внимаваат. 

Грчки медиуми објавија декa поројни дождови, ги зафатиле и Лепотокарија, Парајлија, Неа Врасна, Парга, Ханиоти, Пефкохори, Трикали...

Тие јавуваат и дека на патиштата во тој дел од државата има одрони и сообраќајот се одвива отежнато. 

Грчката агенција АНА-МПА објави дека облачно време и северен ветар се очекува и утре кога се можни и нови поројни дождови.

Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште

Населба, болница и училиште, рано утрово беа превентивно евакуирани поради шумскиот пожар што утрово избувна во близина на поморската база Суда на грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

Во пожарот интервенираат 79 пожарникари со пет пешадиски тима, 22 возила и еден хеликоптер, помагаат припадници на воената морнарица, волонтери и цистерни од општините, а ситуацијата е подобрена и според локалните медиуми не постои активно жариште.

Утрово, преку порака од европскиот број за итни случаи 112 до жителите на областа околу воената база беше побарано превентивно да се евакуираат.

Според локалните медиуми, пациентите од болницата што е во близина биле префрлени во болницата во Ханиа.

Видео: Во Хрватска падна снег

На подрачјето на Горски котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.

Снег ја зафати и Горанската делница на автопатот А6 Риека-Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.

Меѓународна полициска акција во БиХ

Во Босна и Херцеговина во тек е меѓународната полициска акција при што се уапсени повеќе лица, меѓу кои и високи полициски службеници, поврзани со наркокартелот „Тито и Дино“.

Во соопштението од Обвинителството на БиХ се наведува дека апсења и претреси се вршат на десетици локации, на подрачјето на Сараево, Зеница и Мостар, а цел на акцијата се неколку осомничени физички и правни лица.

Меѓународна поддршка за акцијата обезбедија американските ФБИ, ДЕА и Европол.

Осомничени се повеќе од 15 лица кои се поврзани со организиран криминал, нелегална трговија со наркотици, перење пари и други слични кривични дела.

Популарно