Уште едно убиство од љубомора во Србија- се допишувала со друг па ја убил

Уште една тргедија се случи поради љубомора во Банатски Карловац,Србија.

Имено 44- годишниот Драган со нож и го пресекол вратот на сопругата откако на интернет видел дека се допишува со друг маж кој го запознала во Австрија, додека работела привремено таму, а потоа си пресудил и сам себеси.

Ратко се сомневал дека неговата сопруга го изневерува , со друг маж, па откако се вратила од Австрија тој цело време ја притискал дапризнае. Кога жената не го направила тоа, тој зел нож и игопресекол вратот, а когасфатил што направил со истиот нож почнал да се боде исебе си.

Случајот го пријавил момчетои на нината ќерка кој ја затекнал ужасната глетка. За жал жената починала на пат кон болница, а зад себе оставила две полнолетни ќерки.

Никогаш не се расправале, а посебно Ратко никогаш не бил насилен- велат нивните соседи.

За помалку од десет дена ова е трет случај на убиство од љубомора.

На 7-ми Јули, 48- годишниот Милан со камен ја усмртил својата сопруга, пред очите на децата, пред центарот за социјална работа  во Нови Београд.

Само седум дена предходно, 43- годишниот Марко ја убил својата жена и четиригодишниот син Михаил.

Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште

Населба, болница и училиште, рано утрово беа превентивно евакуирани поради шумскиот пожар што утрово избувна во близина на поморската база Суда на грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

Во пожарот интервенираат 79 пожарникари со пет пешадиски тима, 22 возила и еден хеликоптер, помагаат припадници на воената морнарица, волонтери и цистерни од општините, а ситуацијата е подобрена и според локалните медиуми не постои активно жариште.

Утрово, преку порака од европскиот број за итни случаи 112 до жителите на областа околу воената база беше побарано превентивно да се евакуираат.

Според локалните медиуми, пациентите од болницата што е во близина биле префрлени во болницата во Ханиа.

Видео: Во Хрватска падна снег

На подрачјето на Горски котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.

Снег ја зафати и Горанската делница на автопатот А6 Риека-Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.

Меѓународна полициска акција во БиХ

Во Босна и Херцеговина во тек е меѓународната полициска акција при што се уапсени повеќе лица, меѓу кои и високи полициски службеници, поврзани со наркокартелот „Тито и Дино“.

Во соопштението од Обвинителството на БиХ се наведува дека апсења и претреси се вршат на десетици локации, на подрачјето на Сараево, Зеница и Мостар, а цел на акцијата се неколку осомничени физички и правни лица.

Меѓународна поддршка за акцијата обезбедија американските ФБИ, ДЕА и Европол.

Осомничени се повеќе од 15 лица кои се поврзани со организиран криминал, нелегална трговија со наркотици, перење пари и други слични кривични дела.

Популарно