Почитувани гости, младенците се разделија, но вие сакате да продолжиме или не?

Младенците на свадба во Призрен се разделиле непосредно пред самиот почеток на свадбената прослава во еден угостителски објект, но тоа сепак не ги спречило сватовите да продолжат со веселбата.  Младата  брачна двојка се раздели на самиот ден на свадбата, во мигот пред да влезат во салата за прослави, која беше преполна со гости во очекување на младенците, објави порталот Албеу.

Според истиот извор, гостите ги очекувале младенците да влезат во салата, кога пејачот ги известил дека тие се разделиле, но и веднаш ги прашал сватовите дали сакаат да проджат со веселбата или не.

– Почитувани гости, младенците се разделија, но вие сакате да продолжиме или не?, прашал пејачот.

На ова, според порталот, сватовите гласно извикале: „Даааа!“.

– Вакви нешта се случуваат, а ние ќе продолжиме да се забавуваме, изјавил еден од сватовите и продолжил со орото, по принципот: „Море сум платил, има да играм, да се веселам до крај“!

Коментар на една Босанка за кралската венчавка ги насмеа сите

Меган Маркл му кажа „да“ на принцот Хари, а раскошната церемонија ја гледаше целиот свет.

Наводно овој пар прв пат се запознал во некој клуб, за подоцна заедничка пријателка која им средила состанок на слепо.

И така Меган го својот принц се чини доста едноставно и лесно, без силни перипетија, промена на чувства кои се составен дел од врската на поголем број љубовни парови.

Тоа на доста духовит начин го опиша и една Босанка на Твитер. Корисничка со ник „Чаробна ватра“ го кажа она што многумина го мислат.

-Меган Маркл излегува во клуб, го запознава принцот, се мажи за него. Ја кога ќе излезам го запознавам Хасиб од Травник,  тој ми влетува со „што си така лута“, ми истура пиво по дизајнерската ташна, ме удира за задникот додека нарачувам покрај шанкот, а на пат накај дома штиклата ми падна во шахтата, напиша таа на Твитер.

ВИДЕО: К-15 се шегуваа - Заев го прифати нивниот предлог за име на Македонија!

Дека сатирата некогаш ја предвидува иднината, би требало веќе да знаеме, а уште еден доказ за тоа е видеото на К-15 снимено пред повеќе од 10 години.

И додека нашита новинари и аналитичари се чудат на креативноста на нашиот преговарачки тим и се изненадени од новиот предлог, генијалците од К-15 пред толку години беа најблиску до конечното „решение“ …

Погледнете го видео обраќањето пред десетина години на Миле Паника:

ВИДЕО: Сите гости им се смееја на првиот свадбен танц

Деми и Луке Бишоп се заколнаа на вечна љубов на „Островот на богатството“ на Флорида. Откако ги променија заветите, танцуваа со песната „Inside Your Heaven“. Но, додека тие танцуваа гостите почнаа да се смеат.

Роматиката ја прекина златна ретриверка, Хазел која токму во тој момент мораше да изврши голема нужда. Наместо да се олесни далеку од луѓето, таа одлучи тоа да го направи зад заљубените младенци, па невообичаената ситуација беше пропратена со видео запис.

Погледнете во продолжение

Популарно