СКАНДАЛ: Нов инцидент со македонски туристи - физички напад во Калитеа

Нов скандал со македонски туристи во Калитеа, Грција. Повеќе туристи кои патуваат преку туристичката агенција Сафари, се пожалија на измама од страна на агенцијата, непрофесионално однесување од нивна страна како и физички напад на турист од страна на вработена во вилата Митос која се претставува како сопственичка на истата. 

"Се пожаливме во агенцијата со која имаме склучено договор за летување дека освен гасење на струја, интернет и телевизија во вилата( впрочем тука летуваат и фамилии со бебиња, трудници и сл.) се случи и физички напад кон гостите, од агенцијата добивме одговор дека наводно сме го прекршиле куќниот ред и за да не смират се случиле овие работи. Јасно и одговорно тврдам дека немало никакво прекршување на куќен ред, едноставно се работи за непрофесионализам." - изјави еден од оштетените гости.

Останува да почекаме дали ќе реагираат институциите и ќе ги заштитат корисниците на туристички услуги

(ВИДЕО) Татко без срце: Камера снимила маж како фрла новородено бебе во контејнер !

Во Кина еден татко фрлил новородено бебе во контејнер, наводно, затоа што мислел дека е неизлечиво болна.

Шокантниот настан се случил минатиот понеделник во кинескиот град Сунавеј, а таткото бил фатен благодарение на тоа што камерата го снимила на дело.

На снимката се гледа како маж во црвена маица носи нешто во рацете, а во следниот момент го фрла во контејнерот. Потоа ги става рацете во џебовите и полека заминува, како ништо да не се случило.

Бебето го пронашла постара жена, го замотала во ќебе и ја известила полицијата, која ги прегледала снимките и брзо ги пронашла родителите.

Во текот на сослушувањето дознале дека мајката била во осмиот месец од бременоста кога девојчето се родило, а пред тоа ниеднаш не била на преглед, известуваат британските медиуми, повикувајќи се на информативниот портал “Јунан Дејли”.

Таткото раскажал дека неговата девојка се пожалила на болки во стомакот, и кратко потоа родила дете во дневната соба.

Тој новороденчето го ставил на кревет и се погрижил за својата девојка, соопштила полицијата.

Дури два часа подоцна го погледнал бебето, кое било помодрено, па заклучил дека е неизлечиво болна и дека нема да преживее.

Лекарите, меѓутоа, констатирале дека бебето е здраво, па по деталниот преглед ќе биде доверено на надлежните установи.

(ВИДЕО) Најголемиот и најозогласен затвор во Европа има 4000 затвореници

Затворот „Флури Мерожис“ е најголемиот затвор во Европа. Се наоѓа во Франција, во истоимениот град јужно од предградието на Париз. Денеска 123 затвореници одбиле да се вратат во ќелиите, а ширум Франција затворските чувари протестирале поради тешките услови за работа предизвикани од насилните затвореници и пренатрупаните ќелии.

Според информациите од затворот, во него во моментот нема насилство и затворениците не се произнеле со никакви барања.

Обвинувањата од затворските чувари во Франција за тешките услови минатата недела се претворија во протести во затворите ширум земјата, а францускиот претседател Емануел Макрон наложи реформи во затворскиот систем.

НАЈГОЛЕМИОТ ЗАТВОР ВО ЕВРОПА

Според податоците од Википедија, во затворот се наоѓаат 3800 луѓе, додека медиумите пренесуваат дека таму во моментов има 4300 затвореници.

„Флури Мерожис“ е познат како водечки центар на исламската радикализација во европските затвори.

Изграден е во периодот меѓу 1964 и 1968 година, а комплексот од 180 хектари се состои од четири ентитети. Голем машки затвор, помал женски затвор, затвор за малолетници и полициска касарна.

Главниот затвор е формиран од централната зграда од која излегуваат пет блока, од кои секој  се состои од три крила, со четири нивоа на ќелии. Секој блок има капацитет за 900 затвореници.

Затворот е еден од трите главни затвори на подрачјето на Париз, покрај затворот „Фреснес“ (вториот по големина во Франција) и затворот „Ла Санте“ (кој се наоѓа во центарот на Париз).

На врвот на објектот постои жица која спречува слетување на хеликоптери и други начини на  бегство. Дното на зградата е затворено со ѓубрето кое го фрлаат затворениците.

Според многубројните затвореници, во најголемиот затвор во Европа затворени биле и се познати лица од подземјето. Меѓу нив биле и Амеди Кулибали (учествувал во нападот на маркет два дена по нападот на Шарли Ебдо и е еден од тројцата организатори на терористичките напади во јануари во 2015 година). Жакес Месрин (еден од најозлогласените криминалци во земјата), како и Салах Абдеслам (поврзан со планирањето на терористичките напади во Париз во ноември 2015 година и Брисел во 2016 година). Во него се наоѓаат затвореници од 80 држави.

Повеќето затвореници се во дваесеттите години,  тие не се најопасни, но се најзагрозени, а повеќето потекнуваат од Сирија.

„Многу малку луѓе внатре се со брада, некои никогаш не излегле од овој град, а повеќето биле индоктринирани преку интернет. Поединци завршиле висока школа, а поединци се софистицирани. Наставата по филозофија е особено популарна кај овие притвореници. Не им е дозволено да носат џелаб (традиционална женска и машка народна носија во Магреб и Северна Африка)“, изјави директорката на најголемиот затвор во Франција.

ПРОТЕСТОТ НА СТРАЖАРИТЕ

Затворскиот персонал палел гуми и поставил барикади минатата недела во знак на протест откако, како што наведуваат, еден затвореник со нож се обидел да нападне повеќе луѓе минатата недела во затворт „Вандел ле Вјеј“ на северот на Франција, затвор со силно обезбедување. На исламски терорист, кој е на отслужување затворска казна во Франција поради нападот во Тунис, му се заканува испорачување во САД поради нападот во 2001 година, кога нападнал и повредил тројца затворски стражари.

Напаѓачот, како што наведува агенцијата, го посетил убиениот лидер на Ал Каеда, Осама бин Ладен, во Авганистан, а е на отслужување казна поради напад на синагога во Тунис кога животот го изгубиле 21 лице. Баран е во САД и во врска со нападите на Кулите близначки во 2001 година.

Чуварите, покрај тоа барање, соопштиле дека немаат доволно луѓе и ресурси на безбеден начин да се пресметаат со опасните затвореници.

„Постои омраза, огорчени се“, изјави членот на синдикатот на затворските работници мислејќи на затворениците, додавајќи дека стражарите се загрижени дека можат да бидат нападнати.

Работничкиот синдикат CGT соопшти дека протестите се организирани во половината од вкупно 188 затвори низ државата, наведува „Ројтерс“.

Макрон изјави дека владата наложи до крајот на февруари да изнесе глобален план за затворските установи, кој ќе го модернизира затворскиот објект во секој дел од земјата и ќе собира информации за затворениците. Исто така, предложи и значаен премин на алтернативно казнување, како што се обврзувачката општествено корисна работа или електронска нараквица.

Тој во текот на предизборната кампања вети дека ќе бидат изградени нови 15.000 затворски ќелии. Француските затворски стражари редовно се жалат на недостигна персонал и предупредуваат дека поради благиот пристап на затворската управа сè потешко и поопасно e да се излезе на крај со големиот број исламистички екстремисти и симпатизери. „Некои директори управуваат со затворите како да се јасли. Што ќе ги натера да дејствуваат, нечија смрт?“, прашува Жан Франсоа Горже, претставник на еден од синдикатите на затворските чувари. Тој ги обвини властите дека ги игнорираат жалбите кои вклучуваат 4000 неодамнешни забележани случаи на насилство над чуварите, меѓу кои и 15 инциденти во кои чуварите се земени како заложници. Иако новите затвори и поголемиот персонал го решил овој проблем, потребни се итни мерки за да се излезе на крај со опасната „дијаспора“, внатре во француските затвори, смета Форже.

Родители со месеци ја силувале ќерка си: „Подобро ние отколку манијак“

Руски брачен пар од Волгоград неколку месеци ја силувал својата 12-годишна ќерка, велејќи, подобро да ја силуваат тие отколку некој манијак. Мажот и жена се обвинети дека повеќе пати ја силувале својата ќерка. Родителите се теретат и за силување и за педофилија, а ако бидат осудени ги чека казна затвор и до 20 години. Девојчето било жртва на сексуална тортура од декември 2016 година до март 2017 година. Таткото, чие име не е објавено, го силувал девојчето секој втор ден, а мајката е дополнително обвинета за сексуално малтретирање на детето со вештачки пенис” Мајката во полиција изјавила дека и самата била силувана кога имала 13 години и тврдела дека се договорила со сопругот „порано да ја научат за животот на возрасните“. Девојчето признало дека е силувано кога отишло на лекар заради проблеми со месечниот циклус, па нејзините родители ја признале злоупотребата. Тие тврделе дека за детето било подобро својата невиност да ја загуби со таткото, отколку да ги учи деталите за сексуалниот живот на друг начин. Нејзината баба и дедо живееле на ист кат со нив, но тие не знаеле што се случува, соопштила полицијата.

Популарно