Пеколно жешко и денеска, но ни доаѓа невреме!

Денеска е четврток, 10 август 2017 година, 221-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 144 дена. 

Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 35 минути, а ќе зајде во 19 часот и 43 минути.

Денов трае 14 часа и 8 минути.

Месечината, која е во фаза на полна Месечина, ќе изгрее во 21 часот и 17 минути, а ќе зајде во 8 часот и 8 минути.

Временска прогноза

Времето во Македонија ќе биде сончево и многу топло. УВ индексот ќе има вредност 9.

Утринската температура ќе се движи од 14 до 22 степени, а дневната температура ќе се движи 32 до 40 степени.

Времето во Скопје ќе биде сончево и многу топло. Утринската температура ќе достигне до 20, а дневната до 40 степени. 

До петок ќе се задржи претежно сончево и многу топло време со натпросечни температури на воздухот. Во сабота во текот на денот ќе има зголемување на облачноста и ќе дува засилен југозападен ветер, но дневната температура се уште ќе се задржи висока. Во вечерните часови и преку ноќта кон недела ќе има врнежи од дожд и грмежи, а најобилни врнежите се очекува да бидат во североисточните делови. Во недела ќе дува засилен северен ветер, а дневната температура значително ќе се намали, на места и за повеќе од 10 степени во однос на сегашната. Од понеделник ќе биде стабилно со постепен пораст на дневната температура, но во рамките на просекот за овој период од годината.

Топло уште некој ден - ни доаѓаат студ и снег!

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА

Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност и со слаб претежно северен ветер. Т-мин. од 1 до 8 а т-макс. 23 до 28 степени.

Во Скопје, сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Температурата од 6 до 26 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

До недела ќе се задржи стабилното, суво и топло време со натпросечни дневни температури. Од понеделник ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд, повремено пообилни. Од ноќта кон вторник ќе почне да дува повремено засилен северен ветер, врнежите ќе продолжат и во текот на следниот ден, а на југоисток ќе има услови за локална  појава на грмежи.

Дневната температура значително ќе се намали, особено во вторник, кога на повисоките планини на север врнежите ќе поминуваат во снег. Во среда кон крајот на денот врнежите ќе се преместат на југоистокот и ќе престануваат, а на североисток слаб снег може да се појавува од 1500 метри па кон повисоко.

Денеска топло, но доаѓа студен бран

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА

Сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб ветер од јужен правец.

Т-мин. од 3 до 10, а т-макс. од 23 до 28 степени.

Во Скопје сончево со умерена облачност претпладне. Т-ра: 8 / 26 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

До недела ќе се задржи стабилното, суво и топло време со натпросечни дневни температури.

Под влијание на влажен бран од понеделник ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд, на места пообилни. Дневната температура значително ќе се намали, особено во вторник кога ќе дува и засилен северен ветер.

Какво време не очекува денеска?

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА

Сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер.

Т-мин. од 3 до 9 а т-мин. 23 до 28 степени.

Скопје, малку до умерено облачно со слаб јужен ветер. Т= 7/26.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Периодот на стабилно, суво и топло време со позитивни утрински температури ќе продолжи и понатаму. Максималните температури ќе бидат над просекот за овој период од годината. В понеделник ќе има зголемување на облачноста и локални врнежи од дожд, а температурата ќе биде во опаѓање. Ќе дува умерен до засилен ветерод северен правец.

Популарно