ФОТО: Дино Мерлин конечно ја покажа својата сопруга

Дури како дете, на 17 години тој ја започнал љубовната врска со својата сопруга.
Иако со многу љубов и внимание, Мерлин говори за своите најблиски, тој избегнува појавувања во јавноста со членовите на своето семејство, па публиката и да не знае како изгледаат тие.
Токму затоа големо внимание предизвика папарацо фотографијата на која Мерлин е со својата сопруга Амела со која се оженил кога имал 21 година.
Ако некој имал среќа во животот при изборот на партнер и животен сопатник, тогаш тоа сум јас. Како деца се заљубивме, почнавме да се забавуваме, имав 17 години, а мојата Амела ни 17 години, откри Дино во една прилика додавајќи дека Амела е првата личност со која на која и ги пуштил своите демо снимки, откако ја поддржала неговата идеја да се занимава со музика.
Ми рече: „Почни, твоите песни се најубави“. Можете ли да замислите каков ветер во грб е тоа, кога линоста која ја сакате вели дека вашите песни се најубави?, открива Мерлин.
 

Гоца Тржан ми го уништи животот

Учесниците во шоуто „Парови“ тргнаа отворено да зборуваат за се, а Вук Ѓуричиќ застана на страната на Иван Маринковиќ.

-Иако имав конфликт со Иван, има во него и нешто добро. Не му беше лесно во брак со пејачка, уште на крајот го тужи за некои ситни пари, тоа е нејзина брука, а не негова, рече Ѓуричиќ. Иван додаде без што се останал.

-Мојата бивша жена ми го уништи животот...Ми го зема станот и уште многу нешта, но ја никогаш не сум ја нарекол со погрдни имиња, рече Иван за својата поранешна сопруга Гоца Тржан.

Емина Јаховиќ конечно прозборе за неверството на Мустафа

Пејачката Емина Јаховиќ беше на мета на турските медиуми, кога се појави информацијата дека сопругот Мустафа Сандал ја мамел.

Како гром од ведро небо одекна веста дека Емина се разведува. Пејачката се огласи на оваа тема и стави точка на шпекулациите.

-Не, не се разведувам. Ме разведуваа тие мене и пред тоа неколку пати, пред 6,7 години. Информаците за жал не е точна. За жал на тие луѓе што се радуваа на разводот, рече Емина во емисијата Ексклузив.

Пејачката која го остави Саша Поповиќ пред олтар прозборе по долги години

Злата Петровиќ за прв пат прозборе за својата врска со директорот на Гранд, Саша Поповиќ.

Иако никогаш не криеја дека биле заедно, за деталите не сакаа да зборуваат во јавноста.

– Првиот бакнеж се случи на забавата за полнолетство на Цеца. Јас бев кума на свадба, но другарка ми ме натера да свратиме и кај Цеца. Тргнав во толет, а тој по мене. Ми рече изгледаш убаво, но ти фали да се презиваш Поповиќ. Ме бакна, а тоа беше и прв бакнеж. Ми беше најубава ноќ во животот, вели таа.

Открива и дека Лепа Брена допатувала само за да види која е фаталната убавица во која се заљубил нејзиниот пријател.

Инаку, кога тој и понудил брак на Злата таа не била спремна, па му го фрлила прстенот и му го скршила срцето. Ја бркал цела година, но залудно.

Сега и двајцата се во среќен брак.

Популарно