Денеска е петок, 11 август 2017 година, 222-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 143 дена.
Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 36 минути, а ќе зајде во 19 часот и 41 минута.
Денов трае 14 часа и 5 минути.
Месечината, која е во фаза на полна Месечина, ќе изгрее во 21 часот и 48 минути, а ќе зајде во 9 часот и 13 минути.
Временска прогноза
Времето во Македонија ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер, во западните делови од западен, а во источните од јужен правец.
Температурата ќе се движи од 33 до 40 степени.
Во Скопје ќе биде сончево и многу топло.
Температурата ќе достигне до 40 степени.
Во сабота во текот на денот ќе има зголемување на облачноста и ќе дува засилен југозападен ветер, но дневната температура се уште ќе се задржи висока. Во попладневните часови и ноќта кон недела ќе биде променливо и нестабилно со врнежи од дожд кои на повеќе места ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Локално можно е процесите да бидат поинтензивни, особено во источните делови. Во недела ќе дува засилен северен ветер, а дневната температура значително ќе се намали, на места и за повеќе од 10 степени. Од понеделник ќе биде стабилно со постепен пораст на дневната температура, но во рамките на просекот за овој период од годината.