Симона Туфегџиќ, една од играорките на Суперкупот: И вие после мене ќе сте ми глумеле патриоти. МРШ!

„До сега се изначитав и изнаслушав еден куп негативни коментари во врска отварањето на UEFA Super Cup. Било сељачки, не доликувало, не знам што.

Сега ,,градски фраери", ИГРАОРЕЦ да ви каже два-три збора. Додека вие на 40+ степени сте седеле затворени дома под клима, тие коишто не нарекувавте сељаци ГИНЕВМЕ на проби кои почнуваа во 12 попладне. И вредело, за овациите кои одекнаа од градскиот стадион за мојата и уште три не помалку одлични групи, вредело. Се крена цел стадион на нозе, еј. Целиот свет пред малите екрани и во живо го слушна и се наежи од македонскиот грмеж на тапаните. 

И не само ова лето, и сите други претходни лета во кои сме ги подготвувале нашите патувања, сѐ со една единствена цел - да ја претставиме нашата земја пред светот со сите нејзини убавини, најдобро што можеме. Зимно време, додека вие, ,,градски фраери", си триете раце над каминот дома, ние во ладна сала по кратки ракави и хеланчиња ја спремаме нашата новогодишна програма. Зошто? За да го зачуваме она што ни го оставиле нашите баби и дедовци во наследство.

А вие кажете ми, до кога странците ќе ни држат лекции како да се восхитуваме на она што е НАШЕ? Сѐ додека немаме чувство и култура за негување на нашиот фолклор и традиција ќе си останеме НАЦИЈА ЗА НИГДЕ. 

И вие после мене ќе сте ми глумеле патриоти. МРШ!“

Никола Димитров бара помош на Фејсбук

Mинистерот за надворешни работи, Никола Димитров, во четврток и петок треба да се сретне во Њујорк со грчкиот колега Никос Коѕијас и да почне новата рунда преговори.

 Овој пат македонската страна повторно ќе го стави на маса предлогот Република Илинденска Македонија, кој Грција веќе го одби. Можеби затоа министерот бара мудрост и нерви, како што напиша на својот фејсбук профил пред тргнување на аеродромот во Скопје.

Димитров бара да му пуштиме мудрост и нерви пред средбата со Коѕијас

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, во четврток и петок треба да се сретне во Њујорк со грчкиот колега Никос Коѕијас и да почне новата рунда преговори.

Овој пат македонската страна повторно ќе го стави на маса предлогот Република Илинденска Македонија, кој Грција веќе го одби.

Можеби затоа министерот бара мудрост и нерви, како што напиша на својот фејсбук профил пред тргнување на аеродромот во Скопје.

Димитров и Коѕијас ќе се сретнат овој пат во присуство на личниот пратеник на Генералниот секретар на Обединетите нации, Метју Нимиц.

ФОТО: По поројниот дожд Тетово „пливаше“ во вода

Синоќа силно невреме ја погоди Македонија, последено со врнжи и грмежи. 

Сѐ уште нема информации на евентуалните штети нанесени по невремето, но како што објавуваат луѓето на социјалните мрежи, голема количина на вода ги преплавиле улиците.

Во центарот на Тетово вечерва наврна големо количество на дожд, а движињето на авомобилите во центарот на градот е отежното. Водата со „собира“ на улиците, така што центарот на градот „плива“ во вода.

Популарно