Полицаец од Скопје со емотивен статус за Законот за јазици

По најавите за донесување на новиот закон за јазици и неговото усвојување од страна на Владата на Република Македонија со емотивен статус на фејсбук се огласи Горан П. - полицаец од Скопје. Тој својата реакција околу новиот закон во форма на писмо ја достави електронски до редакцијата на Скопје Инфо. Емотивната објава ја споделуваме во целост:

Во Македонија навистина живот дојде па покрај подобар живот за земјоделците стечајците работниците , на ред дојдоа и полицајците. Полицајците истите оние кој што ги даваа животите во војната во 2001 истите оние кој што се бореа во Бродец во Диво Насеље истите оние полицајци кој што секојдневно се судираат со разните прекршители на законите, истите полициски службеници се тоа кој што се надеваа дека новата влада ќе им ги покачи платите ќе им донесе подобри услови за работа, сега се сведоци  на нај крупната реформа која се има случено во која и да било влад до сега во кое и да било време на било кој премиер, закон со кој што во населените  места каде што живее повеќе од 20 отсто на Албанско население да има замислете и на полициските униформи обележја со симболи и испишни со јазик на друга држава, замислете како ќе се осеќаат полицајците кој што биле во специјалните единици а денеска се на работни задачи распоредени во полициските станици во подрачјата кој што се опфатени со новиот предлог од законот  за јазици,оние полицајци кој што беа учесници во споменатите настани војната 2001  бродец диво насеље како ќе се присетуваат на својте колеги кој што со живот ја плаќаа одбраната на својата земја одбраната и  на симболите закачени  и јазикот испишам на нивните униформи, дочекаа некој да си поигрува со нивното достоинство некој  да им лепи симболи на соседна држава на полициската униформа , униформата заедно со полицајците кој што се облекуваат во неа е симбол на уставниот поредок во државата, каков поредок ќе спроведува полиција која што носи симболи на своите ракави од соседна држава, па дали знаете дека под униформата на полицајците има тела на луѓе, луѓе кој што имаат своја чест свој емоции, имаат емиции и кон државата која што во даден момент треба и да ја бранат, па како ќе ја бранат кога државата им ги ведне главите - замислете како ќе се гледаат граничарите од западнта и северната граница кога ќе видат дека граничарите од другата страна на граничната  линија ги носат истите симболи на своите  униформи , симболи кој што ја отсликуваат државата за кој што се борат живеат и се спремни да го дадат својот живот .

Втор ден генерален штрајк на приватните специјализанти

Приватните специјализанти утрово продолжија со генералниот штрајк, што почна од вчера изутрина. Преку соопштение, тие синоќа информираа дека штрајкот ќе продолжи и денеска, сѐ додека Министерството за здравство по денешната седница на Влада, не излезе со официјален став за нивните барања. Врз основа на одговорот од Министерството за здравство, приватните специјализанти ќе одлучат за понатамошните чекори.

Меѓу нивните барања се зголемување на платите, повторно воведување бесплатно здравствено осигурување за сите приватни специјализанти, како и регулирање на работниот статус.

Нивни претставници вчера попладне имаа средба во Владата со министерот за здравство Илир Демири, заменик министерката за здравство Маја Манолева и проф. Ана Данева Маркова, советник на премиерот за здравствени прашања, на која им било кажано дека денеска по владината седница ќе има информација во писмена форма за барањето за зголемување на надоместот. 

- Најглавното што беше кажано на средбата е дека утре на владина седница ќе има информација во однос на покачувањето, по што ќе добиеме некаква писмена форма за одговорот на Владата во однос на покачувањата на платите. Нивен главен аргумент е дека ова е предизборен период и не можеле да постапат, во смисла, да дадат покачување. Истиот одговор го добивме и за другите наши барања, дека е предизборен период, изјави вчера по средбата во Владата, д-р Александра Георгиева, претседателка на Здружението на лекари специјализанти.

Таа нагласи дека го негираат тврдењето оти штрајкот има политички контекст.

Министерот за здравство во текот на вчерашниот ден на прес-конференција побара трпение од приватните специјализанти. Најави дека по изборите ќе направи напори со ребаланс на Буџетот да се обезбеди изедначување на нивните примања со примањата на вработените специјализанти во јавните здравствени установи.

- Ова е многу битно. Направивме компарација во претходниот заеднички разговор со нив, каква беше нивната позиција, на ваквите специјализанти, пред 2017 година и каква е сега. Има голема разлика оти до 2017 година, тие не примаа никакви примања. Не велам дека сегашните нивни примања се доволни. Јас сакам да бидат како и на специјализантите вработени во јавни здравствени институции. Но, за тоа треба буџетирање што не може сега да се оствари пред изборите, рече Демири, на прес-конференцијата на која беше објавено дека ќе се воведат деветвалентни ХПВ вакцини. 

Македонец имал удар во Унгарија - денеска со медикоптер пристигна во Македонија

Денеска беше реализиран успешно транспорт од Унгарија до Македонија со медицински хеликоптер („медикоптер“) на болно лице за понатамошна подолготрајна нега. 

„Конкретно, на 11 април преку Единствениот број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи, а подоцна и преку официјалната електронска пошта на ЦУК и до директорот Стојанче Ангелов, пристигна барање за транспорт од Унгарија до Македонија со медицински хеликоптер („медикоптер“) на болно лице, македонски државјанин, којшто бил професионален возач и во Унгарија доживеал мозочен удар, па повеќе денови бил во индуцирана – вештачка кома во Унгарија, во градот (Szeged). Во телефонскиот контакт со ќерката на болното лице, беше добиена информација дека било стапено, од нејзина страна, со надлежните медицински установи во Македонија, од каде што и посочиле дека е потребен безбеден транспорт и интензивна подолготрајна нега. Притоа, на барањето е одговрено веднаш и по создавањето услови за безбеден транспорт, тоа е реализирано од страна на Хеликоптерската единица на МВР со хеликоптерот „бел“ 412, во содејство со Министерството за здравство денеска.

Ова е дел од активностите при што државните водухопловни ресурси, во случајот полициските хеликоптери, со мали модификации и опремување со специфична опрема, се употребуваат повеќенаменски, односно покрај за гаснење пожари сега се употребуваат и за медицински транспорт. Припадниците на Хеликоптерската единица на МВР,, е евидентно дека покажуваат високо ниво на храброст и вештина при гаснењето на пожарите на отворено, а сега и голема вештина за безбеден транспорт на болни граѓани на големи растојанија“, стои во соопштението на ЦУК испратено до медиумите.

Поевтинува дизелот, цените на бензините не се менуваат

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од полноќ се намалува за 0,50 денари по литар, а цените на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе биде 77,50 денари за литар.

За 0,50 денари поскапува Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и еден литар ќе чини 77,50 денари.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,871 денари и килограм ќе се продава за 44,302 денари.

Популарно