ВИДЕО: Колку километри можете да поминете со празен резервоар?

Секому понекогаш му се случува да му светне сијаличката во автомобилот која предупредува на недостиг на гориво, но таквите ситуации би требало да ги избегнувате бидејќи препорачливо е секогаш да го одржувате нивото на горивото во резервоарот.

Екипа на „Car Throttle“ сакала дда открие колку нивната 17 години стара Хонда Акорд може да помине откако светнала сијаличката за резерва. Резултатите ќе ве изненадат...

Неделен бранч во друштво на амбасадори и претставници на амбасадите

Во опуштен неделен бранч збогатен  со неодоливи мириси на фантастичните кулинарски специјалитети, Park Hotel & Spa го одбележа својот втор роденден. Амбасадорите и претставници на амбасадите на Америка, Јапонија, Република Чешка, Албанија, Романија и Грција, уживаа и се дружеа во ресторан FOUR, едно од најпријатните места во Скопје.

На настанот, гостите ги пречекаа г-дин Енвер Малиќ и генералниот менаџер на хотелот Панајотис Колакатис.

Ресторан FOUR,  кој постојано ги следи светските трендови и континуирано и посветено работи со цел да ги задоволи барањата и вкусовите на своите гости, овој пат нуди нов концепт – Неделен Бранч, преку кој сака да создаде нова навика кај за сите оние кои ги обожуваат доцните неделни утра.

Добредојдени сте да го вкусите ова неодоливо искуство, секоја недела од 12 до 14 часот во ресторан FOUR.

Дали сте едни од оние родители чии бебињата обожуваат да ги држите во раце?

Вашето бебе не може ништо да направи само и затоа верува дека вие ќе се погрижите за сè што треба: храна, топлина, заштита. Плачењето е начин на кој ви кажува дека нешто му треба.

Новопечените родители нема веднаш да знаат да препознаат што му е потребно на бебето. Но, со текот на времето ќе научат да ги препознаат различните пораки од плачот. Како што бебето ќе расте, ќе пронаоѓа и нови начини на комуникација.

Кога бебето ќе заплаче, родителскиот инстинкт е да го земе во раце и да го смири. Многу често тие престануват со плачење токму тогаш. Причината поради која бебето се смирува кога го држите во раце е тоа што држењето е координирано со централните, моторичките и срцевите состојби.

„Доенчињата помлади од шест месеци, кои родителите ги носат, брзо се смируваат и престануваат да плачат, а со тоа им се намалува и брзината на отчукувањето на срцето, во споредба со бебињата на родителите кои седат“, велат експертите во заклучокот на своето истражување од 2013-та година, кое е објавено во магазинот „Current Biology“.

ВИДЕО: Се исполнува сонот на сите жени

На огромен број жени во светот желбата најпосле ќе им се оствари. Ова чудо од машина на продажба ќе се најде во 2019 година.

Во Сан Франциско е измислена машината “FoldiMate” која самата пере, пегла, суши и ги дипли алиштата.

Потребно е само да ставите најмногу до 15 работи и веќе за една минута машината ќе ви ги врати чисти и убаво суредени, па ви останува уште да ги ставите во орман.

Овој изум веќе го порачаа првите купувачи. Цената секако не е мала – оваа машина ќе чини oд 700-850 долари.

Популарно