Полицаецот што пукаше во двајца малолетници во Струмица ќе одговара за убиство во обид

Внатрешната контрола утврдила дека полицискиот службеник од Струмица неосновано, неоправдано и неправилно употребил средство за присилба- огнено оружје врз 16 и 17 годишните деца од Радовиш, за што му е поднесена кривична пријава за „убиство во обид“.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди во МВР во врска со настанот на 11.08.2017 година во Струмица ги изврши потребните проверки и утврди дека полицискиот службеник неосновано, неоправдано и неправилно употребил средство за присилба- огнено оружје врз лицата Д.Т. и А.Г., односно постапил спротивно на одредбите од Законот за полиција, соопшти МВР.

Против полицискиот службеник е поведена дисциплинска постапка пред надлежната комисија во МВР и со решение на министерот Оливер Спасовски полицискиот службеник ќе биде отстранет од работното место до завршувањето на дисциплинската постапка.

„До надлежниот јавен обвинител во Струмица е поднесена и кривична пријава поради основано сомнение дека полицискиот службеник сторил кривично дело „убиство во обид“, предвидено и казниво по член 123 и член 19 од Кривичниот закон на Република Македонија. 

МВР најостро ги осудува обидите за манипулација со овој настан од страна на одредени политички субјекти. За разлика од времето кога раководството на МВР ги криеше злосторствата од јавноста, МВР сега демонстрира максимална транспарентност и професионално работење со цел да обезбеди законите да важат подеднакво за сите“, се наведува во соопштението.

Ова е идентитетот на прегазената жена во Дебар Маало

Шеесет и девет годишната Марика П. од Скопје е жената која утринава беше прегазена во близина на Министерството за култура во Дебар Маало.

Жената од добиените повреди починала на лице место.

Несреќата се случила во момент кога 45 годишниот скопјанец Т.Н. со товарно возило се враќал наназад, по што со задните тркала ја прегазил жената.

Полицијата на местото на несреќата изврши увид и работи на нејзино расчистување.

Каскадерка на „Дедпул 2“ загина на сред снимање

За време на снимањето сцена, која вклучувала „акробации“ на мотор“ на сет на второто продолжение од „Дедпул“, вчера загина една каскадерка, чие име не се соопштува.
 

„Можеме да потврдиме дека каскадерка загуби живот на сетот на Дедпул“, соопштија од полицијата.

Според изјавите на очевидци, каскадерката изгубила контрола над моторот и се удрила во стакло на студиото, кое се наоѓа во Ванкувер. Претходно, истиот ма=невар успешно го извела четири пати.

„Ужасно сме потресени од она што се случи на сетот. Нашите мисли и молитви се со семејството, пријателите и колегите на настраданата“, порачаа од студиото Фокс.

Кој беше Дилавер Бојку?

Контроверзниот бос од Велешта, Дилавер Бојку Леку е убиен во вооружен напад на плажата ,,Аква Блу” на влезот во Струга, кај старата автобуска станица. Сведоци на крвавиот инцидентот кој се случи сред бел ден,нешто пред 17 часот биле бројните капачи кои во моментот кога се случил немилиот настан биле на плажата со која убиениот стопанисувал.Никој од присутните не сакаше да зборува пред камера, видно потресени,бегајќи ја напуштаа плажата.

Од полицијата не соопштуваат детали како дошло до инцидентот,и што всушност се случувало.Она што се знае, е дека некогаш познатиот осуденик за нелегална проституција , бил убиен со еден куршум со главата. Дежурните лекари се обиделе да го спасат Леку кого во струшката општа болница го донеле со приватен автомовил.

– Околу 16.40 мин е донесено лицето Бојку Дилавер од приватни лица,не беше донесен со кола од брза помош. Примен во хируршкото одделение во Струга, видено е кај него прострелна рана во главата.Веќе беше во агонија,односно во биолошка смрт.Иако се обидувавме со анестезиологот дадовме брза интервенција, но не се успеа да се врати во живот, изјави Илми Речи-хирург.

И додека полицијата трага по убиецот,во јавноста актуелни се гласините дека се работи за крвна одмазда. Веста за убиството веднаш ја пренесоа и медиумите од регионот.Спрски ,,Телеграф” објави натпис насловен: Убиен еден од главните босови на албанска мафија,некрунисаниот крал на проституцијата на Балканот. Против него од 1979 до 2001-ва година полицијата поднела 17 кривични пријави за проституција но тој прв пат,како што пишува Телеграф, беше уапсен и осуден во 2003-та година. Кога излегол од затвор започнал легален бизнис во туризмот и угостителството.

Полицијата работи на расветлување на случајот.

Популарно