10 симптоми кои укажуваат на рак

Симптомите на рак потребно е да се препознаат на време, за да може лекувањето да биде успешно. Постојат вообичаени симптоми кои укажуваат на појава на рак,предупредуваат лекарите. Тие не треба да се игнорираат и  одењето на преглед е исклучително важно. Ова се неколку симптоми за сериозно предупредување дека е време за посета на лекар.

Необјаснето губење на тежината

Ако губите тежина, бидејќи напорно вежате или внимавате што јадете , тоа не треба да биде проблем. Сепак , ако губите тежина без да го промени начинот на животни навики може да биде поврзано со неколку видови на рак како што се рак на панкреасот и желудникот.

Покачена температура

Постојано покачена температура може да се укаже на појава на лимфом или леукемија. Ако имате постојано почачена температура одете на лекар.

Кашлица која не престанува

Ако немате проблем со температура, но се уште страдате од кашлица што не запира тоа би можело да биде знак за рак на белите дробови или грлото. Кашлицата и засипнатоста се поврзани со алергии, но може да ви користи стручен совет од лекар.

Болки

Честите главоболки може да бидат знак на рак на мозокот . Болки во грбот може да укажат на ректален карцином или рак на јајник. Затоа, ако често страдате од необјаснета болка , консултирајте се со лекар.

Израстоци  на телото

Во случај да забележите било какви испакнатини под кожата , контактирајте се со дерматолог. Посветете посебно внимание на грутки во градите, тестисите или во близина лимфните јазли. Не е лошо ако тие се појавуваат на рацете и нозете , бидејќи тоа се безопасни лојните цисти.

Невообичаено крварење

Невообичаено крварење е еден од многуте знаци на рак. Искашлање на крв укажува на белите дробови, крв во столицата на рак на дебелото црево и ректален карцином . Крв во урината може да се должи на рак на мочниот меур, вагинално крварење постојано укажува на рак на матката. Крварење од брадавица е уште една причина да се посети лекар , бидејќи тоа може да сигнализира рак на дојка.

Промени во функцијата на мочниот меур

Доколку чувствувате болка при мокрење , или сте забележале крв и некои други промени, како што се често мокрење, можно е ова да се симптоми на рак на простата или на мочниот меур. Исто така, ако забележите промена на функцијата на цревата како што е чест звук, тоа може да бидат знаци на рак на дебелото црево.

Рани кои никогаш не зараснуваат

Ако имате постојана болка и рани кои никогаш не заздравуваат , важно е да ве прегледа лекар што е можно поскоро . Раните во устата може да бидат знак на рак.

Промени на кожата

Ако сте забележале некои промени на кожата, бемка или брадавица или забележите било какви други промени тие можат да бидат знаци на меланом, познат како рак на кожата. Во овој случај  посетете дерматолог, бидејќи овој вид на рак може лесно да се третираат доколку се открие рано.

Замор

Постојан замор што не поминува , исто така може да биде знак на рак. Сепак, ова не е сигурен знак , затоа што луѓето може да се уморни од многу различни причини. Но, ако сте постојано уморни одете на лекар.

Samozdravje.mk

Над 400 приватни специјализанти стапија во штрајк

Над 400 приватни специјализанти изутринава стапија во генерален штрајк и не ги извршуваат работните обврски на скопските клиники и останатите болници и амбуланти низ државава. Тие бараат зголемување на надоместот што им се исплаќа  во изнес од 26 илјади денари, на ниво на просечна плата на доктор во јавна здравствена установа, здравствено осигурување, како и решавање на статусот што сега им е со договор на дело. Штрајкот ќе го прекинат, како што најавија, само доколку добијат писмена гаранција за исполнување на барањата. 

- За жал, се решивме на овој чекор бидејќи Министерството за здравство нема слух за решавање на нашите проблеми,  изјави доктор Христина Илиоска Чешлароска, приватен специјализант по интерна медицина, трета година. 

Таа потсети дека по протестот во март, имале средба со министерот за здравство на која им било ветено дека нивните барања ќе се најдат на седница на Влада., но  дека засега немаат никаков одговор. 

Како што соопшти Илиоска Чешлароска, добиле повик од претставник во Министерството за здравство и им било кажано дека денеска во 14 часот  ќе се одржи средба во Влада.

-Петмина наши претставници ќе бидат на таа средба, но, немаме информација кој се ќе присуствува и дали ќе бидат прифатени нашите барања. Штрајкот продолжува, се додека не добиеме писмена официјална гаранција дека барањата ќе бидат исполнети, нагласи Илиоска Чешлароска.

Тамара Пејоска, специјализант на пластична и реконструктивна хирургија, прва година, рече дека работно максимално се посветуваат, а се ставени во разочарувачка деградирачка позиција. На протестот беше нагласено и дискриминирањето при остварување на мајчинство и породилно отсуство, бидејќи тогаш се укинува надоместот. Сите овие луѓе, беше кажано на протестот, имаат желба да останат во државата, да работат и да се грижат за пациентите.

ИЈЗ: Нови 44 случаи на голема кашлица од 5 до 11 април, вкупно 443 заболени

Нови 44 случаи на голема кашлица се пријавени од 5 до 11 април, со намалување од 10,0 отсто споредено со претходниот седмодневен период. Најголем дел од случаите се пријавени во Скопје. Пријавени се случаи и во Битола - четири и по еден случај во Куманово, Кратово и во Крива Паланка. Возраста на заболените се движи од еден месец до 75 години, а најголем број случаи се од возрасната група од 10 до 14 години. Од новите 44 случаи, два се хоспитализирани, се наведува во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), објавен попладнево.

- Заклучно со 11 април, во Северна Македонија се регистрирани вкупно 443 случаи на голема кашлица, со инциденца од 24,1/100 000 жители. По однос на место на живеење, најголем број лица живеат во Скопје - 355 или 80,1 отсто со зафаќање на шеснаесет различни општини. Од територијата на ЦЈЗ Куманово се пријавени 25 лица, од ЦЈЗ Битола 19, 17 лица од ЦЈЗ Тетово, од ПЕ Гостивар - пет и од ЦЈЗ Кочани и ПЕ Кратово по три случаи. По два случаја се регистрирани во Крива Паланка, Дебар, Струга, Пробиштип, Велес и во Струмица, а по еден случај е регистриран од Кичево, Прилеп, Кавадарци и од Гевгелија, пишува во извештајот.

Од вкупниот број регистрирани случаи - 433, 263 или 59,4 проценти не биле вакцинирани, не се комплетно вакцинирани согласно возраста или нема доказ за вакцинација. Од случаите кои се комплетно вакцинирани, просек на поминато време од последната доза вакцина до заболување, изнесува 12,9 години.

Од заболените, хоспитализирани се 60 лица и тоа 49 од нив на возраст до четири години.

Дадени се вкупно 39.031 доза вакцина што содржи компонента против голема кашлица во периодот од 18 јануари до 11 април. 

Овие намирници го зајакнуваат имунитетот и ги ублажуваат симптомите

Иако пролетта носи многу прекрасни работи и позитивна енергија, луѓето кои страдаат од алергии се на мета на алергиите и така започнува нивната агонија. Алергиите се резултат на преосетливост на имунолошкиот систем, што предизвикува ослободување на штетни хистамини. Тие можат да влијаат врз целото тело, особено на кожата, очите, носните прооди и белите дробови.

Симптомите на алергија се јавуваат кога вашето тело реагира на алергените во телото со производство на хемикалијата наречена хистамин која помага да се потисне алергенот. Имуниот систем предизвикува алергиска реакција преку производството на антитела на имуноглобулин Е (IgE) кои предизвикуваат широко распространети симптоми.

Пример симптоми

- течење на носот, сугреб, чешање, затнат нос

- исип на кожата, црвенило, сувост, лупење или чешање

- печење или чешање во устата и усните

- отекување на јазикот, усните, грлото или лицето

- гадење и повраќање

- грчеви во стомакот

- кашлица

Овие се најдобрите прехранбени продукти кои треба да ги вклучите во својата исхрана за да се справите со алергиите:

1. Белиот лук

Природен антибиотик кој помага во борбата против инфекции, вируси, дури и алергии. Дневното консумирање или цедење на сок од две сурови чешки од овој моќен антиоксидант може да го засили имунитетот.

2.Лимон и лимета

Одлични за засилување на имунитетот и се користат за разни заболувања, вклучувајќи ги и алергиите, бидејќи се полни со витамин C и антиоксиданти кои го засилуваат имунитетот. Водата со лимон го прочистува телото од нечистотии. Помешајте сок од лимон со маслиново масло како дресинг за салата.

3. Зелените лисни зеленчуци

Спанаќ, кељ, зелка и рукола се одличен извор на важни витамини, минерали, антиоксиданти и ензими кои помагаат во детоксикацијата и намалувањето на воспалението.

4. Храна богата со пробиотици

Пробиотичката храна (кефир, кисело млеко, кимчи, јогурт, сирење, мисо и комбуха) го подигнуваат имунитетот и може да помогнат во регенерацијата на оштетената цревна мукоза.

5. Кокосово млеко

Најдобрата алтернатива на кравјото млеко, бидејќи не содржи млечни производи, лактоза, соја, ореви и житарки.

6. Путер од бадеми и семки

За луѓе алергични на кикиритки и путер од кикиритки, путерот од бадеми е безбедна и здрава алтернатива која обезбедува здрави незаситени масни киселини, влакна, минерали како и рибофлавин и магнезиум, па дури и некои антиоксиданти.

7. Ленено семе, чија, семе од тиква и сончогледово семе

Одлични извори на здрави масти и влакна.

8. Коприва

Листот на коприва природно ги контролира хистамините, затоа се препорачува од страна на се повеќе лекари да се земе лиофилизиран препарат пред почетокот на сезоната на поленова грозница. Може да се користи и како чај или во форма на тинктура, вклучувајќи и хомеопатски лекови.

Популарно