Мухамед Зекири кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје

Пратеникот од редовите на СДСМ, Мухамед Зекири е еден од можните кандидати за градоначалник на Скопје, пишува „Фокус“ повикувајќи се на неофицијални извори во партијата.

Според информациите, за градоначалничката фотеља во Скопје од СДСМ засега се вртат имињата на тројца кандидати меѓу кои Зекири, Петре Шилегов, кој е исто така пратеник од владејачкото мнозинство, како и Дамјан Манчевски, кој во моментот е министер за информатичко општество и администрација.

Исто така, информациите велат дека Зекири најдобро стои на анкетите што се спроведени во Чаир, како можен кандидат за градоначалник на оваа скопска општина, каде би добил поддршка и од „интегративците“.

Кучиња нападнале полицајци во Кисела Вода

На 14.03.2024 во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода, двајца полициски службеници, додека извршувале службени задачи, биле нападнати и каснати од неколку кучиња сопственост на М.Г.(54) од Скопје, за кој претходно било пријавено дека во дворот на небезбеден начин ги чувал кучињата. 

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Драма во скопска Кисела Вода: Групна тепачка меѓу дедовци

На 03.03.2024 во 14.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу З.Н.(79) и Т.Н.(79), од една страна и Л.Ш.(64) од друга страна, сите од Скопје.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Приведена Американка која полудела во зграда во Кисела Вода

Вчеравечер во 23.15 часот, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода ја привеле К.А.Р.(49) од САД затоа што во зграда на подрачјето на Кисела Вода го нарушила јавниот ред и мир и агресивно се однесувала кон дел од станарите.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, велат од МВР.

Популарно