(ФОТО) Еве како Милан ѝ одговори на Шкендија за видеото

Италијанскиот клуб Милан и одговори на Шкендија на видеото со кое тетовскиот тим сакаше да се претстави пред италијанскиот гигант.

Тетовци вчера објавија видео во пресрет на натпреварот со Милан, а тоа видео го привече вниманието на јавноста и медиумите во земјата, но и во регионот.

Видеото стигна и до официјален Милан, па откако го видеа видеото, од официјалниот профил на клубот беше оставен коментар на Фејсбук.

-Здраво Шкендија. Голем дух за здраво натпреварување! Ќе ни биде задоволство да ве пречекаме на Сан Сиро во четврток. Се гледаме пријатели, гласеше коментарот на италијанскиот клуб.

(ВИДЕО) Реал по трет пат во низа крунисан за шампион на Европа

За „кралевите“ ова беше трета титула во низа во Лигата на шампионите, во претходните две години ги победуваа Атлетико Мадрид и Јувентус. Но, после завршувањето на натпреварот Кристиано Роналдо даде изјава со која ги исплаши фановите на Реал.

„Убаво беше да се биде дел од Реал Мадрид. Во следните денови ќе ја соопштам мојата одлука“, гласеше изјавата на Роналдо за „beIN Sports“.

По оваа изјава фудбалскиот свет со нетрпение ќе ја чека одлуката на Роналдо, а многумина веројатно си го поставуваат прашањето: Дали Роналдо навистина е спремен да замине или пак само ја користи ситуација за нов договор?

Доминацијата продолжува, Реал останува на Европскиот трон. Реал Мадрид со победа од 3:1 над Ливерпул ја освои 13 титула во Лигата на шампионите во нивната историја.

Не успеа ниту Јувентус лани, не успеа ниту Ливерпул денеска да ја прекине доминацијата на Реал во Лигата на Шампионите.

Головите за победа на Реал ги постигнаа Бензема во 51. минута и Бејл во 64. и 83. минута, а за Ливерпул единствениот гол го постигна Мане во 55. минута од натпреварот.

Погледнете го подигањето на трофејот.

(ВИДЕО) Магија на Герет Бејл: СПЕКТАКУЛАРНИ ножички за историја!

Герет Бејл постигна спектакуларен гол со ножички во финалето од Лигата на шампионите во кое Реал Мадрид запиша победа од 3:1.

Велшанецот изведе вистинско ремек дело со кое го воодушеви фудбалскиот свет.

Ваква беше и реакцијата на Зинедин Зидан по постигнатиот погодок…

(ВИДЕО) ШОК ЗА ЛИВЕРПУЛ: Салах во солзи го напушти финалето…

Вистински шок за Ливерпул во 30 минута! По дуелот со Серхио Рамос се повреди Мо Салах…

Реакцијата на Рамос при излегувањето на Салах кажува многу….

Популарно