Поради него, Јапонците се здрави и живеат најдолго

Може да се каже дека докторот Shigeaki Hinohara е одговорен за долговечноста на Јапонците, затоа што неговите совети придонеле неговиот народ да живее среќно и квалитетно.

Тој почина на 18 јули, 2017 година, на 105 години, а во наследство на целиот свет оставил вредни сознанија за мистериозната тајна на долг живот.

Сакате да ја доживеете стотата и тоа во добра форма на здраво тело и дух? Можно е и тоа го покажа со својот пример. Тој го посветил својот живот за постигнување на долговечноста на нацијата.

Тој помогна да се воспостави медицински систем благодарение на кој Јапонците станале еден од најдоловечните народи во светот. Речиси до неговата смрт тој работел во болница, лекувал пациенти и предавал на студентите на универзитетите.

Еве неколку негови совети за долг, здрав и квалитетен живот:

1. Енергија доаѓа од фактот дека се чувствуваме добро, а не од здрава исхрана и многу спиење

“Сите се сеќаваме како деца, кога се забавувавме, често заборававме да јадеме или да спиеме. Верувам дека можеме да го задржиме тој став и како возрасни – најдобро е да не се уморува телото со многу правила, како што се ручекот и спиењето”, објаснува лекарот. Најважно за виталноста е да се чувствуваме задоволни и исполнети. Да се забавуваме – на тоа треба да се поработи, а не да се оптеретуваме со тоа кога ќе јадеме и кога ќе спиеме.

2. Вардете се од дебелината

Докторот Hinohara постојано потенцирал дека сто годни доживуваат луѓе кои немаат прекумерна тежина и затоа треба да се обрне внимание на тежината и на физичката кондиција. Не треба да сте оптоваретувме со начинот на исхрана, но сепак треба да се внимава да не се прејадуваме. Тој за појадок пиел кафе, чаша млеко и сок од портокал со лажица маслиново масло. Верувал дека маслиновото масло е одлично за крвните садови и кожата. За ручек јадел млеко и кекси, а често го прескокнувал ручекот кога бил премногу зафатен. За вечера јадел зеленчук, риба и ориз. Двапати неделно јадел говедско месо.

3. Планирајте однапред

Секогаш имал целосна програма за година нанапреда, па дури планирал уште повеќе за во иднината. Според тоа, како што вели, навистина со нетрпение ги очекува Олимписките игри во Токио во 2020. Но за жал, не ги доживе, но неговиот став кон животот и плановите кажуваат каков оптимист бил, што е исто така важна ставка за долговечност.

4. Не мора да се пензионирате, ако не сакате

“По 65-тата почнав да волонтирам. Предавам и ги посетувам пациентите, дури и по 18 часа на ден, и уживам во секоја минута од својата работа,” говори Hinohara. Ако некој сака да направи повеќе, нека работи. Во колку некој сака да работи повеќе, нека се пензионира и нека посвети на она што сака да работи.

5. Споделете ги знаењата и вештините со другите

Hinohara одржувал секоја година околу 150 предавања. Им предавал на сите, од најмладите деца во училиште, до сериозните бизнисмени и доктори. Секогаш стоел додека зборувал, а предавања понекогаш траеле и до 90 минути. Спомна дека стоењето го прави силен.

6. Не верувајте на сѐ што докторот ви кажува

Тој сметал дека лекарите не можат да ја излечат секоја болест, и секој пациент. Им предлагал на луѓето на кои лекарот им препишувал терапија да го прашаат дали истото би им го препорачал на своите блиски. Ако одговорот бил негативен, зошто да се изложуваат на непотребен стрес и страдања? Верувал дека животните и музиката имаат големо влијание во лекувањето, многу поголемо отколку што смета медицината.

7. Секогаш користете ги скалите и носете го својот багаж и кесите

За да останете здрави и витални, заборавете на лифтовите. Секогаш и секаде одете нагоре по скалите и обидете се да го носите вашиот багаж. Се разбира, Hinohara ги користел скалите и секогаш по една прескокнувал. Скалите и пешачењето се секојдневна вежба за вашето срце и тело.

8. Инспирирајте се секој ден, пронајдете инспирација

Читајте, пронајдете во литературата писатели кои ве инспирираат. Така правел и Hinohara. За него најинспиративна била поемата од Роберт Браунинг. Не мора да се задржите само на литературата. Слушајте музика, уживајте во ликовната уметност, постете ја природата.

9. Болката е мистериозна

Најефективен начин да ја надминете болката е преку забавата. Кога детето ќе се удри ќе плаче сѐ додека вниманието не му го привлече нешто друго. Тогаш ќе заборави на болката. Така треба да работат и возрасните. Болката да ја заборават преку забава. Сметал дека во болниците би требало да се донесат терапевтски кучиња и останати животни, но и музика која ќе им помогне на пацијентите да се справат со болката.

10. Отстранете ги материјалните работи

“Не трошете го животот со акумулација на материјалното и така, кога ќе умрете, нема да го земете со себе,”.

Над 400 приватни специјализанти стапија во штрајк

Над 400 приватни специјализанти изутринава стапија во генерален штрајк и не ги извршуваат работните обврски на скопските клиники и останатите болници и амбуланти низ државава. Тие бараат зголемување на надоместот што им се исплаќа  во изнес од 26 илјади денари, на ниво на просечна плата на доктор во јавна здравствена установа, здравствено осигурување, како и решавање на статусот што сега им е со договор на дело. Штрајкот ќе го прекинат, како што најавија, само доколку добијат писмена гаранција за исполнување на барањата. 

- За жал, се решивме на овој чекор бидејќи Министерството за здравство нема слух за решавање на нашите проблеми,  изјави доктор Христина Илиоска Чешлароска, приватен специјализант по интерна медицина, трета година. 

Таа потсети дека по протестот во март, имале средба со министерот за здравство на која им било ветено дека нивните барања ќе се најдат на седница на Влада., но  дека засега немаат никаков одговор. 

Како што соопшти Илиоска Чешлароска, добиле повик од претставник во Министерството за здравство и им било кажано дека денеска во 14 часот  ќе се одржи средба во Влада.

-Петмина наши претставници ќе бидат на таа средба, но, немаме информација кој се ќе присуствува и дали ќе бидат прифатени нашите барања. Штрајкот продолжува, се додека не добиеме писмена официјална гаранција дека барањата ќе бидат исполнети, нагласи Илиоска Чешлароска.

Тамара Пејоска, специјализант на пластична и реконструктивна хирургија, прва година, рече дека работно максимално се посветуваат, а се ставени во разочарувачка деградирачка позиција. На протестот беше нагласено и дискриминирањето при остварување на мајчинство и породилно отсуство, бидејќи тогаш се укинува надоместот. Сите овие луѓе, беше кажано на протестот, имаат желба да останат во државата, да работат и да се грижат за пациентите.

ИЈЗ: Нови 44 случаи на голема кашлица од 5 до 11 април, вкупно 443 заболени

Нови 44 случаи на голема кашлица се пријавени од 5 до 11 април, со намалување од 10,0 отсто споредено со претходниот седмодневен период. Најголем дел од случаите се пријавени во Скопје. Пријавени се случаи и во Битола - четири и по еден случај во Куманово, Кратово и во Крива Паланка. Возраста на заболените се движи од еден месец до 75 години, а најголем број случаи се од возрасната група од 10 до 14 години. Од новите 44 случаи, два се хоспитализирани, се наведува во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), објавен попладнево.

- Заклучно со 11 април, во Северна Македонија се регистрирани вкупно 443 случаи на голема кашлица, со инциденца од 24,1/100 000 жители. По однос на место на живеење, најголем број лица живеат во Скопје - 355 или 80,1 отсто со зафаќање на шеснаесет различни општини. Од територијата на ЦЈЗ Куманово се пријавени 25 лица, од ЦЈЗ Битола 19, 17 лица од ЦЈЗ Тетово, од ПЕ Гостивар - пет и од ЦЈЗ Кочани и ПЕ Кратово по три случаи. По два случаја се регистрирани во Крива Паланка, Дебар, Струга, Пробиштип, Велес и во Струмица, а по еден случај е регистриран од Кичево, Прилеп, Кавадарци и од Гевгелија, пишува во извештајот.

Од вкупниот број регистрирани случаи - 433, 263 или 59,4 проценти не биле вакцинирани, не се комплетно вакцинирани согласно возраста или нема доказ за вакцинација. Од случаите кои се комплетно вакцинирани, просек на поминато време од последната доза вакцина до заболување, изнесува 12,9 години.

Од заболените, хоспитализирани се 60 лица и тоа 49 од нив на возраст до четири години.

Дадени се вкупно 39.031 доза вакцина што содржи компонента против голема кашлица во периодот од 18 јануари до 11 април. 

Овие намирници го зајакнуваат имунитетот и ги ублажуваат симптомите

Иако пролетта носи многу прекрасни работи и позитивна енергија, луѓето кои страдаат од алергии се на мета на алергиите и така започнува нивната агонија. Алергиите се резултат на преосетливост на имунолошкиот систем, што предизвикува ослободување на штетни хистамини. Тие можат да влијаат врз целото тело, особено на кожата, очите, носните прооди и белите дробови.

Симптомите на алергија се јавуваат кога вашето тело реагира на алергените во телото со производство на хемикалијата наречена хистамин која помага да се потисне алергенот. Имуниот систем предизвикува алергиска реакција преку производството на антитела на имуноглобулин Е (IgE) кои предизвикуваат широко распространети симптоми.

Пример симптоми

- течење на носот, сугреб, чешање, затнат нос

- исип на кожата, црвенило, сувост, лупење или чешање

- печење или чешање во устата и усните

- отекување на јазикот, усните, грлото или лицето

- гадење и повраќање

- грчеви во стомакот

- кашлица

Овие се најдобрите прехранбени продукти кои треба да ги вклучите во својата исхрана за да се справите со алергиите:

1. Белиот лук

Природен антибиотик кој помага во борбата против инфекции, вируси, дури и алергии. Дневното консумирање или цедење на сок од две сурови чешки од овој моќен антиоксидант може да го засили имунитетот.

2.Лимон и лимета

Одлични за засилување на имунитетот и се користат за разни заболувања, вклучувајќи ги и алергиите, бидејќи се полни со витамин C и антиоксиданти кои го засилуваат имунитетот. Водата со лимон го прочистува телото од нечистотии. Помешајте сок од лимон со маслиново масло како дресинг за салата.

3. Зелените лисни зеленчуци

Спанаќ, кељ, зелка и рукола се одличен извор на важни витамини, минерали, антиоксиданти и ензими кои помагаат во детоксикацијата и намалувањето на воспалението.

4. Храна богата со пробиотици

Пробиотичката храна (кефир, кисело млеко, кимчи, јогурт, сирење, мисо и комбуха) го подигнуваат имунитетот и може да помогнат во регенерацијата на оштетената цревна мукоза.

5. Кокосово млеко

Најдобрата алтернатива на кравјото млеко, бидејќи не содржи млечни производи, лактоза, соја, ореви и житарки.

6. Путер од бадеми и семки

За луѓе алергични на кикиритки и путер од кикиритки, путерот од бадеми е безбедна и здрава алтернатива која обезбедува здрави незаситени масни киселини, влакна, минерали како и рибофлавин и магнезиум, па дури и некои антиоксиданти.

7. Ленено семе, чија, семе од тиква и сончогледово семе

Одлични извори на здрави масти и влакна.

8. Коприва

Листот на коприва природно ги контролира хистамините, затоа се препорачува од страна на се повеќе лекари да се земе лиофилизиран препарат пред почетокот на сезоната на поленова грозница. Може да се користи и како чај или во форма на тинктура, вклучувајќи и хомеопатски лекови.

Популарно