(ФОТО) На плажите во светот е актуелен тренд: Се наоѓа помеѓу меѓуножјето, а жените се луди по него

Брендот од Токио „Bo Divas“ лансираше колекција на накит наречена „Beachtail“, а го опишуваат како „секси накит за меѓуножјето“.

Овој тип на накит моментално е најголем хит на плажите низ светот. Го измислија Јапонците, а жените се луди по него.

Накитот е метален и треба да биде поставен во внатрешноста, додека украсите висат надвор од бикините, меѓу нозете на девојките.

Секое парче накит се состои од ланче кое има мали и големи прстени. Еден дел оди директно на гениталиите, додека останатиот е надвор со должина од седум и пол сантиметри.

Вредноста на овој накит е околу 20 долари, а можете да го нарачате во секое време онлајн.

Се сакале цел живот - починале во ист ден

Британка и Канаѓанец, кои се венчале за време на Втората светска војна, починале вчера во иста болница во Отава од природна смрт по 75 години брак. 

Двајцата починале во сон, Џорџ во раните утрински часови, додека Џин попладнето. 

Џорџ и Џин Спиар се запознале во 1941 година во Лондон, а во 1944 година стапиле во брак, по што се преселиле во Канада каде го поминале целиот живот. 

Андреев: Самсоненко ме смени од Вардар под притисок од Груевски - Вардар негира

Рускиот стратег, Сергеј Андреев, кој додека беше тренер на ФК Вардар спиеше на клупата, за рускиот весник „Меч“изненадувачки изјави дека причината за неговата смена од тренерското место во Вардар не е од спортски причини.

„Немаше да останам тренер на Вардар и ако го миневме АПОЕЛ во Лигата на шампионите. Дури ни денес не ја знам правата вистина. Но, откако минаа двата натпревари од квалификациите, имав средба со сопственикот на Вардар, Сергеј Самсоненко. Веднаш се разбравме еден со друг, тој ми рече дека е под притисок и го насочи прстот нагоре. Ми го посочи премиерот, а јас не можев да верувам. Не знам како се случи ова, но ви кажувам искрено што ми кажа Сергеј. Му се заблагодарив, сите пари ми беа исплатени и се разделивме. И денес сме во добри односи, понекогаш и се слушаме кога доаѓа во Ростов“, изјави во долгото интервју на 12 септември на новинарот Евгениј Шуваев, поранешниот тренер на Вардар.

„Црвено-црните“ беа елиминирани од АПОЕЛ со вкупни 1-1, по оние 0-0 во Никозија и 1-1 во Скопје. По елиминацијата следеше заминување на Андреев, а на негово место дојде Гоце Седлоски, кој со Вардар освои две титули првак на Македонија. Од управата на Вардар се изненадени од изјавата на Андреев и откако стапивме во контакт, извршниот директор на клубот, Самоил Симев ги негира натписите во руските медиуми.

„Наојстро демантирам и одговорно тврдам дека такво нешто воопшто не му било кажано на Андреев при разговорот со нашиот сопственик, Сергеј Самсоненко. Од кои причини дал таква изјава самиот Андреев, навистина не знам. Но, она што би сакал јасно да напоменам е дека веќе е навистина доста. Доста е веќе светото име во спортот во нашата држава, Вардар, да се користи во политичка конотација. Преку вашиот медиум би сакал да ги замолам сите останати медиуми, како и дел од оние кои работат исклучиво по инструкции и за туѓи интереси - доста веќе политички нè боите. Јасно е веќе дека дел од медиумите немаат никаков морал, етика и принципи во работењето. Се злоупотребува секој спортски работник, кој во овие пет години мина низ нашите клубови. Како Андреев, така и Раул Гонзалез, тренерот на машката ракометна екипа, кој на обична изјава и мислење за општината се дрзнаа многу луѓе и медиуми да го нападнат и оцрнат неговото име и неговите спортски достигнувања, како во Вардар, така и во репрезентацијата на Македонија. Само за потсетување, пред само три месеци, истиот тој Раул го донесе најголемиот клупски успех во Македонија - ракометната титула во Лигата на шампионите и воедно беше прогласен и за наш херој како предводник на РК Вардар“, смета Симев.

Во името на клубот, Симев на крајот упати порака дека Вардар е самостоен во работата и нивната работа е општествено одговорна, а не политичка.

„За крај, би сакал да им порачам на сите, оставете не да работиме во мир. Во многу наврати изјавивме дека сме самостојни во работењето. Наш императив и интерес е спортот, развојот на Вардар во сите три клуба, како и во младинските категории. Нашата работа е општествено одговорна, а на политичка. Бурно ќе реагираме во иднина на секој што ќе сака да му прилепи какви  било етикети и да го злоупотреби името на Вардар во политичка кампања. Ние докажавме дека сме самостојни во нашето работење, така и ќе продолжиме, да го радуваме македонскиот народ, исклучиво на спортските борилишта и со врвни спортски резултати“, заврши Симев во разговорот за Gol.mk.

Вардар од пред еден месец има нов тренер, Чедомир Јаневски и по неговото назначување, клубот обезбеди место во групната фаза на Лига Европа. 

Студено време со дожд и грмежи

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА

Променливо облачно и посвежо со повремен локален дожд, на места проследен со ретки грмежи и со засилување на ветерот. Повеќе врнежи се очекуваат во западните делови од земјава. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец, на места ќе достигнува брзина до околу 65 км/час. УВ=5

 Т-мин. од 7 до 15 а т-мин. 22 до 33 степени.

Скопје, променливо облачно со сончеви периоди и со умерен југозападен ветер. Т=10/28.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

В четврток времето ќе биде променливо облачно и доста свежо со слаб локален дожд, особено во западните делови од земјава. Ќе дува умерен северозападен ветер. Дневната температура значително ќе опадне за околу 10 тина степени. Потоа во петок и за време на викендот времето ќе биде стабилно и свежо со ниски утрински температури.

Популарно