ФОТО: Најсилната порака од Комити до цела Македонија!!!

Арената Филип втори беше местото каде требаше да се биде вчера вечер. Голем противник, уште поголема победа, одлична атмосфера и најтешката порака од Комити до цела Македонија.

„Маките на татковината се поголеми од сите страдања на секоја наша мајка. И јас, без ни најмалку да те навредувам, се чувствувам повеќе син на втората моја мајка – Македонија, отколку на тебе што си ме родила, гласеше пораката на навивачите на Вардар.

(ВИДЕО) Аргентинци претепаа хрватски навивачи

Аргентинските навивачи збеснаа по поразот на својата репрезентација од Хрватска (0-3), па одлучија гневот да го „истурат“ на хрватските навивачи.Од видеото кое го пласираа руските медиуми, се гледа дека натпреварот уште трае, а двајца-тројца Хрвати биле начекани од Аргентинци и крвнички тепани и клоцани. Верзијата во руските медиуми е дека тепачката ја прекинале од обезбедувањето на стадионот, но такво нешто не може да се види на видеото, кое очигледно добро покажува како Аргентинците го „истураат“ својот бес на хрватските навивачи и никој од обезбедувањето не реагира.

Кафулињата и рестораните во Москва се соочуваат со голем проблем, почна да снемува од најбараниот пијалак

Во кафулињата и рестораните во Москва почна да им ги снемува залихите на пивото, чија консумација е зголемена во текот на Светското првенство, кое се одржува.

Сопствениците на одредени локали тврдат дека им снемува пиво и дека на доставата на нови количини мора да чекаат подолго од обично.

Москва се претвори во град на Светското првенство, град на љубители на фудбалот кој пеат, извикуваат навивачки пароли и пијат пиво во преполните кафулиња и ресторани во близина на Кремљ и Црвениот плоштад.

-Не очекувавме дека ќе сакаат да пијат само пиво, изјавил келнер од еден ресторан, кој барал да остане анонимен, затоа што не сакал да ги одврати гостите кои планираат да го посетат тој ресторан.

Тој кажа дека ресторанот скоро останал без залихи на пиво и дека на доставата се чека околу 24 часа, што е подолго од вообичаеното.

-Навистина има многу луѓе во Москва. И сите тие пијат. Топло е, а тоа е фудбалот, вели келнерот.

Шанкерот во кафулето „Гогол“, кој се претставил како Дмитриј, кажа дека навивачите за три дена испиле 800 литри пиво и дека денеска морал три пати да ги дополнува залихите во кафулето.

Меѓутоа, навивачите велат дека не го чувствуваат овој проблем, затоа што пиво имало секаде, само треба да се побара.

Ги погоди точните резултати од досега одиграните мечеви - луѓе чекаат прогнози за да се кладат!

Рускиот музичар Игор Данилов, случајно или не, предвиде дека Русија ќе ја победи Саудиска Арабија и Египет, но и точните резултати. Затоа Русите го следат неговиот Твитер налог и бараат нови одговори.

И не само тоа, се кладат во склад на тоа што ќе објави „Јин Дагон“, како што тој се потпишува на Твитер.

Ден пред отворањето на Мундијалот, за руската екипа која нижеше порази и беше далеку од нокаут фазата, напиша: Можете ли да замислите да ја победиме Саудиска Арабија со 5:0, а потоа и Египет со 3:1? А потоа во последна минута да ја земеме победата над Уругвај? Ако можете, тогаш имате ведар карактер!

И двата резултати излегоа на виделина. Дали Игор е видовит или само позитивец, се прашуваат Русите.

Сепак се кладат по неговите прогнози. А сега е прашање што виде понатаму?

Се чини дека е токму позитивец, зошто објави фотографија на рускиот тим на светскиот трон. Па сега... кој знае, можни се чуда!

Популарно