Раул Гонзалез: Останувам во Македонија и по Сергеј Самсоненко

Откако спонзорот на спортскиот колектив Вардар, Сергеј Самсоненко, најви дека по завршувањето на оваа сезона ќе го напушти претседателското столче на Вардар, секој фан на ракометната игра во нашата земја е во искушение што ќе се случи со новиот селектор, Раул Гонзалез. 

Токму за оваа ситуација шпанскиот стратег зборуваше во интервјуто за весникот „Нова Македонија“. Раул открива дека ќе почне да ги разгледува понудите, но најави дека не мрда од кормилото на ракометната репрезентација. 

„Тоа што од идната сезона ќе си заминам од Вардар поради најавата на вардаровиот спонзор Сергеј Самсоненко дека од идната сезона нема повеќе да инвестира во Вардар, не се однесува и на македонската репрезентацијата. Јас и понатаму останувам на селекторското место, имам договор со Ракометната федерација на Македонија (РФМ) и истиот ќе го почитувам. Нѐ очекува Европското првенство (ЕП), кое следната година ќе се одржи во Хрватска, а на кое и Македонија обезбеди настап. Во Македонија се чувствувам одлично, а ракометот е многу популарен спорт, кој има голем број приврзаници, што се виде и при нашето освојување на европската круна“, изјави Гонзалез за весникот „Нова Македонија“.

Шпанскиот стратег на клупата на Македонија седна пред неколку месеци како замена за новиот хрватски предводник, Лино Червар и веднаш се почувствува неговото присуство. Македонија дотогаш беше под знак прашалник дали ќе обезбеди пласман на ЕП во Хрватска, но по одличните партии во продолжението на квалификациите,  нашите ракометари завршија на првата позиција. 

(ВИДЕО) УЕФА ги премина сите граници: Романтичниот бакнеж на Меси казнет со 60 илјади евра

Европската фудбалска федерација (УЕФА) го казни Олимпијакос со 60.000 евра.

Причината за ова е еден од навивачите на тимот на Пиреа кој го прегрна и го бакнa Меси во близина на корнер знаменцето.

Во финишот друг фан на Олимпијакос му се доближи на Меси и сакаше да направи селфи со него, а сметка за тоа УЕФА му ја достави на грчкиот клуб.

Казната за „црвено-белите“ е и за недозволени скандирања и користење ласери.

Олимпијакос и Барселона играа на 31 октомври во Атина, мечот заврши 0:0.

(ФОТО ГАЛЕРИЈА) НЕУСПЕШЕН ШАРМЕР: Фудбалската ѕвезда избркана отакако праќал непримерни пораки на атрактивна сопруга на соиграч

Ако помине, помине, но не помина. Колумбискиот репрезентативец праќаше непристојни пораки на сопругата на соиграчот, овој веднаш го пријави, а челниците на клубот порачаа: Е, сега пакувај ги куферите!

Тео Гутиерез сигурно заминува од колумбискиот тим Атлетико Жуниор.

Тоа само по себе можеби и не е вест, ако се знае дека трансферите во модерниот фудбал се секојдневна работа.

Оние кои малку подобро следат фудбал знаат кој е Теофило Гутиерез, но човекот не заминува од Атлетико затоа што не давал доволно голови, туку затоа што пробувал да постигнува голови надвор од теренот и тоа на гостински терен, кај сопругата на соиграч.

-Погледни што ми прати твојот соиграл, кажала Гладис Ортега, атрактивната сопруга на Парагваецот Роберто Овелар, кој со Гутиерез игра во ист клуб.

Пораките биле се само пристојни не, пренесуваат колумбиските медиуми, а Овелар во истиот момент отишол во клубот и се им раскажал не челниците, кои го повикале Тео на разговор.

На разговорот било одлучено, во следниот трансфер период, Тео да ги пакува куфери и среќата да си ја побара на друго место.

Инаку, Теофило Гутиерез е голема ѕвезда на колумбискиот фудбал, тој на Светското првенство му го зема местото во првиот на Џексон Мартинез, кој тогаш беше во брилијантна форма и беше на мета на сите големи европски клубови.

(ВИДЕО) Мајсторија за која долго ќе се зборува: Ова е кандидат за гол на сезоната!

Веќе се навикнавме наградата за најубав гол на сезоната да оди во рацете на најголемото и најпознато фудбалско име, но не мора баш секогаш да биде така.

Кандидатура за овогодинешната награда истакна Даниел Дубидад, фудбалер на Алверчурч, клуб кој настапува во осмата фудбалска лига.

Нема потреба од зборови, само погледнете го голот!

Популарно