(ВИДЕО) Плажата на Халкидики која никогаш не изгледа исто

Иако првиот крак на Халкидики, Касандра, е еден од најпосетуваните помеѓу нашите туристи, сепак многумина не знаат за една невообичаена плажа.

Таа е различна од другите бидејќи никогаш не изгледа исто, а се работи за 'ртот Посиди, кој се наоѓа во истоименото место, на 7 км од Скала Фурка и 9 км од Мола Калива.

Оваа полудива плажа со најситен бел песок и топло море е прекрасно искуство за посетителите.

Поради плимата и осеката, песокот се повлекува, а плажата константно го менува својот облик и големина.

Понекогаш, крајниот десен дел речиси целосно потонува под море и е невидлив, а некогаш повторно „испливува“ на површина, но секогаш во различен облик од пртходниот.

Погледнете гo видеото од ова прекрасно местo:

ФОТО: Таа е принцеза, а своите деца во градинка ги носи со велосипед

Данската принцеза Марија, како и многу други нејзини сограѓани, е голем љубител на велосипедите и често го практикува ова превозно средство. Затоа, Данска не беше изненадена од фотографијата на принцезата која ги преплави социјалните медиуми на која се гледа како таа на ниски температури и снег ги вози своите деца во градинка.

Фотографиите на кои принцезата ги вози близнаците во посебна велосипедска приколка до детска градинка во Копенхаген станаа вистински хит на социјалните мрежи, а притоа предизвикаа и многубројни коментари од типот – политичари, гледајте и учете.

ФОТО: Од каде клима уреди во 1933 година?

Изложбата на фотографии на Зоран Фатиќ, „Подгорица од крајот на XIX век, до осумдесеттите години на XX век“ предизвика бројни реакции на социјалните мрежи.

Коментарите се поради една фотографија на која што е наведено дека е од 1939 година, а на која се гледаат клима-уреди и автомобили од поновата генерација.

Фатиќ призна дека направил грешка и дека фотографијата е од 1993 година. Сепак, многумина коментираат дека и во 1993 година во Подгорица немало клима уреди и дека во насловот на изложбата стои дека фотографиите се до осумдесеттите години на XX век.

Фатиќ објасни дека има уште една фотографија од после деведесеттите, но само поради двете фотографии не сакал да напише до деведесеттите.

Ставете шише со вода во тоалетното казанче и на генијален начин намалете ја сметката за вода

Ако сакате да ги намалите трошоците за сметките за вода, тогаш овој трик мора да го испробате.

Можеби ви изгледа наивно, но водата која се троши секој пат кога одеме во тоалет итоа како може да ја зголеми сметката која ќе ни стигне на крајот од месецот.

Ако сакате значително да ја намалите сметката за вода, се што ви е потребно е пластично шише која ќе ја наполнете со вода и ќе ја ставите во казанчето.

На овој начин шишето со својот обем ќе замени одредена количина вода која непотребно се троши.

Популарно