3 јасни знаци дека сте запознале некој од претходниот живот

Оние кои веруваат во реинкарнација велат дека душата го напушта телото по смртта на физичкото тело и дека влегува во ново физичко тело откако минува кратко време во спиритуалниот свет.

Доколку идејата за реинкарнација е точна, тогаш сосема е сигурно дека низ животот се среќаваме со луѓе кои веќе ги познаваме, по добро или лошо, од некој претходен живот.

Експертите за реинкарнација велат дека постојат три начини да препознаете човек кој веќе сте го знаеле во претходниот живот.

Моменталната поврзаност или одбивност

Кога ќе запознаете некој со кој сте имале некаква врска во претходниот живот, чувствувате одредена доза на поврзаност со него. Меѓутоа, ако истиот момент почувствуваме одбивност, во прашање е личност која во претходниот живот воопшто не ни се допаѓала и кон неа сме имале негативни емоции. Во двата случаи ова е знак дека вашите души се знаат од претходно.

Телепатска поврзаност

Веројатно ви се случило некогаш во одреден момент да спомнете некоја личност, а во следниот баш таа личност ви испраќа порака. Предвидувањето на реакциите и речениците исто така е знак на поврзаност од минатиот живот.

Препознавање на очите

Дали некогаш сте се загледале во нечии очи и сте останале маѓепсани? Кога вендша при запознавањето некого го погледнете во очи и почувствувате дека ви е познат, а покрај тоа имате чувство на привлечност, знајте дека таа личност ви е позната од претходниот живот.

ФОТО: Скопска невеста се налути и фрли 500 евра во контејнер

Венчаницата фрлена во контејнер привлече големо внимание на минувачите, па решија да ја сликаат и објават фотографијата на социјалните мрежи. Од кои причини невестата ја фрлила венчаницата можеме само да погодуваме – се скарала со мажот, не можела да ја продаде на друга невеста, дамките од тортата залепени на неа не можеле да се извадат ни на хемиско чистење.

Па ако некогаш сте се запрашале како изгледаат фрлени 500 евра, погледнете ја сликата подолу.

(ВИДЕО) Мистериозни карпи на секои 30 години „снесуваат јајца“

Во овој геолошки феномен, од карпите редовно излегуваат јајцевидни камења кои се поместуваат од 20 до 40 сантиметри. Клисурата од која излегуваат јајцата потсетува како некоја митолошка легенда. Но, овој геолошки феномен не само што е реален, туку редовно се повторува. Карпите не ги раѓаат јајцата, туку камењата имаат форма на јајце.

Една од таквите мистериозни карпи се наоѓа во Кина, поточно во југозападна провинција Гизу. Најблиското село има само 20 домаќинства, но меѓу народот станале познати поради тие необични камени јајца. Досега луѓето од оваа област имаат пронајдено 68 парчиња, пишува „IFL Science.

Во временски период од 30 години, карпата висока околу 6 метри, исфрла камен во вид на јајце кој потоа паѓа во нејзиното подножје. Обичната карпа има необичен феномен. Тоа се камења големи од 20 до 40 сантиметри, а според локациите во близина се наоѓаат уште неколку помали „камани јајца“.

Карпата е создадена од вообичаен тип карпи од варовник кои настанале пред околу 500 милиони години. Јајцата се создадени од остатоци од седимент, објаснуваат експертите. Слични, тркалезни камени карпи се појавуваат во други делови од светот, на пример во Колорадо, но никаде не се појавуваат во форма на јајце како во Кина.

Погледнете го видеото:

ВИДЕО: Ја однела нараквицата на проценител за да види колку вреди

Нараквицата била купена на аукција од свекорот кој многу патувал, но никогаш не кажал колку платил за истата.

Кога проценувачот ја виде беше воодушевен од квалитетот на изработката. Нараквицата е од платина, целата украсена со ситни скапоцени каменчиња и 6 поголеми дијаманти. Била изработена некаде помеѓу 1927 и 1930 година, а денес вреди најмалку 170.000 евра. Погледнете ја реакцијата на сопственичката.

Популарно