(ВИДЕО) Светот полуде по овој чвор со прстите

99 % од луѓето не можат да го изведат ова.

Илјадници луѓе во Кина прават чворови со своите прсти, за да покажат колку им се флексибилни. Веибо, кинески еквивалент на Твитер, е преполн со оние кои успеале да го направат овој тежок трик.

Корисниците ширум светот почнале да поставуваат слики од своите обиди на Инстаграм и Твитер.

Треската започнала кога кинескиот актер Жанг Јишан, е видек како во популарната ТВ серија прави со прстите „керефеке“. Поточно, тој го споил малиот прст и палецот, додека останатите три прста биле исправени. Иако изгледа (и звучи лесно), многумина се измачија да го изведат ова.

А тоа што оваа Кинескиња го направи, е успеа со своите прсти, да ги направи сите „чворови“. Веднаш на почетокот на видеото ќе ви покаже како да го направите чворот, но погледнете и се друго што таа може да направи:

Дожд и снег: Доаѓа зимата!

Денеска кон крајот на денот во западните и северните делови од земјава ќе има врнежи од дожд, кои на планините и на некои повисоки места ќе поминуваат во снег. Врнежите ќе се интензивираат во текот на ноќта и ќе продолжат и во понеделник претпладне. Во понеделник во текот на денот ќе дува засилен северен ветер, што ќе предизвика позначителен пад на температурата. Потоа следува период на стабилно и суво време со ниски утрински температури кои на места ќе се спуштат под нула, а дневните ќе бидат во пораст. 

ВИДЕО: Мајсторија на Бабунски - гол од 30 метри!

По 8 месечен пост македонскиот репрезентативец, Давид Бабунски конечно постигна гол за својот тим Јокохама Маринос и тоа со мајсторски гол од 30тина метри. Ова е трет негов сезонски погодок со кој го отвори резултатот против Осака уште во 13-та минута. Браво за потегов, дрско и милиметарски прецизно во агол.

ГАЛЕРИЈА: Погледнете во раскошот на свадбата на Серена Вилијамс

Во Центарот за современи уметности во Њу Орлеанс, 36-годишната Серена Вилијамс и коосновачот на Reddit Алекс Оханиан го кажаа судбоносното „да“.

На забавата присуствувале околу 250 гости, меѓу кои Ана Винтур, Џеј Зи и Бијонсе, Ева Лонгорија, Ким Кардашијан и Канје Вест, Венус Вилијамс, Каролин Возњацки, Сијара…

Популарно