MONSTER’S BALL (2001)
Овој е прилично тежок филм за врската помеѓу затворски чувар и сопругата од човекот кого го убил, но има и одлични секс сцени со сексапилната Хали Бери и Били Боб Торнтон.
Monsters Ball Halle Berry -hot scene(HQ) di tvshovv
UNFAITHFUL (2002)
Има една сцена во која малку му дава отпор и го шамара, а ја има и онаа во тоалетот во кафулето. За која и да се одлучите, нема да погрешите.
Unfaithful - Clip 3 di MyMovies_International
SECRETARY (2002)
Односот помѓеу Џејмс и Меги одлично е опишан и многу од тоа до крајот на филмот омекнува, но сите ја паметат сцената на масата и лесното спуштање на гаќичките.
THE DREAMERS (2003)
Било која сцена во која е вклучена Ева Грин може да се најде на оваа листа.
THE NOTEBOOK (2004)
Малкумина се оние кои можат да одолеат на легендарните сцени од Notebook. Реално гледано, не е тоа ништо невидено барем милион пати, но жените едноставно не можат да одолеат на Рајан Гослинг.
MR. & MRS. SMITH (2005)
Очигледно е дека во сцените со сексот го има она нештои, бидејќи овој е филмот што го натера Бред Пит да ја откачи Џенифер Анистон и да се смува со Џоли, што потоа ќе резултира со еден од најславните бракови на сите времиња.
A HISTORY OF VIOLENCE (2005)
Генијален филм, генијални секс сцени. Марија Бело и агресивен секс на скалилата. Што и да изберите, нема да згрешите.
ATONEMENT (2007)
Сама по себе, секс сцената не е некој спектакл, но во филмот е извонредно создадена онаа сексуална тензија помеѓу Најтли и МекАвој.
BLACK SWAN (2010)
Можеме да се преправаме дека ги памтиме некои други незаборавни сцени од овој филм, но сцената со мастурбацијата е „таа“ која на сите им е „закочена“ во сеќавањето на повеќето, меѓу останатите одлични сцени во Black Swan. Или оваа.