Пензионерите и понатаму ќе имаат фул бенефиции

Правата на пензионерите, како што се бесплатниот јавен превоз или бесплатните бањи и викенд нема да се укинат, а така потврди министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

Тие и натаму ќе можат да ги користат овие бенефиции кои ги воведе претходната влада.

Таа  истакна дека нема никаков официјалн став или предлог од Министерството за финансии за зголемување на старосната граница за пензионирање, идносно мажите ке одат во пензија со 64, а жените со 62 години старост.

" Tрансферот на буџетски средства во Фондот на пензиско осигурување е речиси тројно зголемен во периодот од 2006 до 2016 година и минатата година и тоа говори колку неодговорно ВМРО-ДПМНЕ се однесувало кон пензиите и пензионерите во Македонија, рече министерката за труд и социјална политика.

Информира дека дупката во Фондот на ПИОМ или трансфер буџетот во 2005 година бил 7,7 милијарди денари, а во 2016 година дупката во ПИОМ се зголемила тројно, односно недостигот на средства е 21,2 милијарда денари.

- Оваа дупка е огромна и ние ќе се трудиме да најдеме начин како ќе го стабилизираме. Затоа ни е важно да имаме повисоки плати во РМ, а со тоа ќе добиеме и повисоки пензии. Колку ја зголемувате дупката во ПИОМ толку помалку внимавате за квалитетот на живот на пензионерите, рече Царовска.

Останува на ставот дека минатата влада во 2016 година им дала 630 денари покачување на пензионерите.

- Како што кажав во изјавата претходно, ако имаме еден отсто раст во период на една година и во прво полугодие и во второ полугодие во оваа година тогаш тие ќе добијат 2.160 денари. Но, тие нема да ги добијат наеднаш како еднократна исплата. Како што оди по Законот, растот се усогласува со прво полугодие, се усогласува со второ полугодие. Значи, раст на трошоци на живот и раст на плати – 50:50 се усогласуваат пензиите во Македонија. Тие им се даваат во првата половина одредена сума согласно растот и во втората половина им влегува во основица на пензијата, рече министерката.

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

Полицијата во Охрид го приведе А.И.(48), затоа што го фотографирал гласачкото ливче на избирачкото место 1271 во Охрид.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираа од СВР Охрид.

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право

Во канцеларијата на Народниот правобранител, денеска од 7 до 19 часот, на денот на одржување на првиот круг за избор на Претседател на државата, граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321.

Како што соопшти Народниот правобранител, освен на бесплатната телефонска линија,  граѓаните ќе можат да пријават повреди на избирачкото право и лично во главната канцеларија во Скопје, што се наоѓа на улицата „Македонија“ бр.19 во зградата на ТД „Макошпед“ (спроти Спомен куќата на Мајка Тереза).

Повреди на избирачкото право може да се пријават и во подрачните канцеларии во Струмица на тел.бр.(034)329-996,  Кичево на тел. бр (045).228-586, Тетово  на тел. бр.(044) 344-082, Битола  на тел. бр.(047) 242-310, Штип на тел. бр. (032) 389-701 и во Куманово на тел. бр .(031) 431-488.

Народниот правобранител најавува дека со цел заштита на избирачкото право на граѓаните ќе презема итни мерки за ефективно постапување од странa на надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои, потенцира, се должни да им обезбедат заштита на граѓаните остварување на нивното загарантирано избирачко право.

Популарно