ФОТО: Борјан Јовановски со навреди на Фејсбук до неколку професорки

По вчерашната емисија „Дебата“ на Макфаст, каде гостинки беа универзитетскиот професор по уставно право, Гордана Силјановска - Давкова и професорката Симона Груевска - Маџаоска, и нивните изнесени ставови за предлог законот за јазици, денеска бура на реакции на социјалните мрежи. 

Професорката Ванковска на својот ФБ профил го сподели видеото од емисијата и напиша пофални зборови за професорката Силјановска, што очигледно не му се допаднало на Борјан, па решил да ја навреди по пораки. 

Професорката Ванковска, објави и две фотографии од размената со новинарот:

Во коментар подолу на истиот пост се надоврза и професорката Ана Лазаревска, која посочи дека Борјан и неа ја невредувал на ист начин по пораки на Фејсбук.

Владата го усвои предлог-законот за амнестија: Кој нема да биде помилуван?

Владата го разгледа и го усвои предлог-законот за амнестија и им препорача на Министерството за правда и на службите во Владата да ги обезбедат условите за увид во предлог-текстот на законот до засегнатите министерства, како и до пошироката јавност.

Текстот на предлог-законот ќе биде поставен на увид на јавноста во Единствениот национален електронски регистар на прописи на Република Македонија (ЕНЕР) www.ener.gov.mk и на тој начин до него ќе имаат пристап експертите од стручната јавност, од граѓанскиот сектор, како и сите други засегнати страни.

На вчерашната седница министерот за правда, Билен Саљији, напомена дека предлогот за донесување нов закон за амнестија е израз на добра волја на државата кон одредена група правосилно осудени лица со цел за нивна ресоцијализација и за растоварување на затворите од прекумерниот број лица кои се наоѓаат на отслужување на затворска казна, воедно како и условите во казнено-поправните установи во државата.

Министерот Саљији објасни дека со предложениот текст на закон не се предвидува амнестија за лица правосилно осудени на казна доживотен затвор, како и за сторители на кривично дело убиство, на сторители на кривични дела против избори и гласање, за кривични дела против половата слобода и половиот морал, кривични дела против државата, кривични дела злосторничко здружување, како и за кривичните дела против човечноста и меѓународното право.

(ВИДЕО): Груевски: ВМРО ДПМНЕ никогаш не ги навредиле Албанците

При гостувањето во емисијата „200“ на телевизија Алсат лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, ситакна дека ВМРО ДПМНЕ не ги мрази Албанците и дека не постои никаков доказ за такво нешто, туку дека тоа е игра на СДСМ со која сака да ги придобие гласовите на Абанците од Македонија.

-ВМРО-ДПМНЕ нема ништо против употребата на јазиците на сите етнички заедници во Македонија вклучувајќи ја и албанската, впрочем во 2008 се донесе законот за употреба на јазиците и се донесе во време кога ВМРО-ДПМНЕ ја водеше Владата, но она што ние не се залагаме да се случи е да не се донесе закон кои што ќе биде против уставен и кои што подоцна може да падне на уставниот суд. Имено од она што ние можеме да го видиме во овој период СДСМ и Зоран Заев одат на таа карта да пред локалните избори понудат закон за албанскиот јазик со кои што се зголемуваат правата на начини на кои што  се спротивни на уставот и тоа што го планираат по локалните избори откако ќе ги измамат и ќе ги поддржат веројатно поголем број на Албанци или ќе го корегираат тоа или ќе го донесат па уставниот суд ќе го поништи, тоа е нечесно и не е фер кон Албанците, тоа е некоректно, потенцираше Груевски.

Тој вели дека засега првата фаза од овој закон предложен од СДСМ и ДУИ е неуставен, тој вели и дека доколку втората фаза е уставна тие како партија ќе го поддржат овој закон за јазиците.

-Ние се противиме да се донесе закон за јазиците кои што е неуставен, ние сакаме се да е согласно со уставот, а во овој дел огромен дел од законот е неуставен и нашите пратеници секој ден го потенцираат тоа во детали и посочуваат што е неуставно, вели Груевски.

Заев се премисли: Чинот на истурање боја врз Героски е загрозување на слободата!

Откако вчера беше објавен видео-материјал од изјавата на премиерот на Р. Македонија, Зоран Заев, во САД, во која чинот на истурање на боја врз Героски премиерот го оцени како показ на слободата во Македонија. Реагираше Героски, со изјава на Фејсбук, во која, меѓу другото, напиша: „Во вистински слободна земја, после ваква недоветна изјава, премиерот јавно му се извинува на новинарот, кој е жртва на напад од една од најопскурните личности на денешната јавна сцена во Македонија“.

По ова на порталот на кој уредник е Геровски, Pulsinfo.mk, се појави статија во која медиумот објави дека Заев му се извинил на новинарот на ФБ. Сепак, таков пост во моментиве на Фејсбукот на премирот не ожеме да најдеме, (можеби бил избришан) па затоа оставаме да прочитате што според Пулсинфо во своето извинување напишал Заев.

„Слободното однесување не смее да загрозува ничија туѓа слобода. Во таа насока, сметам дека чинот на истурање боја врз новинарот Героски е закана и загрозување на неговата слобода и на неговата професија - новинар. Ги осудувам таквите дејствија кои се негативен сегмент во нашето слободно општество и апелирам да не се повторуваат. За слободата заедно се боревме и ја добивме. Но, имаме уште многу работа за нашата Македонија целосно да ја ослободиме од недемократските влијанија“.

Популарно