Видео: Невреме во Србија - дрва откорнати од корен, контејнери летаат по улици

Силен ветер со обилни врнежи синоќа го погодиле Лесковац, а зад себе оставиле повеќе штета од очекуваното.

Покрај искршените и откорнатите дрва, ударот на ветерот бил толку силен, што откорнал и струен објект, односно столб и го исфрлил среде улица. Контејнери летале по улиците, а гранките кои се заплеткале во струјните мрежи предизвикале мрак во некои делови од градот.

За среќа, нема повредени, само поедини делови од градот останале без електрична енергија, бидејќи скршените гранки откинувале струјни кабли.

Студено време со дожд и грмежи

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА

Променливо облачно и посвежо со повремен локален дожд, на места проследен со ретки грмежи и со засилување на ветерот. Повеќе врнежи се очекуваат во западните делови од земјава. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец, на места ќе достигнува брзина до околу 65 км/час. УВ=5

 Т-мин. од 7 до 15 а т-мин. 22 до 33 степени.

Скопје, променливо облачно со сончеви периоди и со умерен југозападен ветер. Т=10/28.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

В четврток времето ќе биде променливо облачно и доста свежо со слаб локален дожд, особено во западните делови од земјава. Ќе дува умерен северозападен ветер. Дневната температура значително ќе опадне за околу 10 тина степени. Потоа во петок и за време на викендот времето ќе биде стабилно и свежо со ниски утрински температури.

Убаво сончево време уште денеска, од утре...

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА

Сончево и топло со мала облачност и умерен југозпаден ветер, повеќе изразен во западните делови. УВ=6 Т-мин. од 8 до 15 а дневната највисока температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 26 до 35 степени.

Скопје Сончево и топло со слаб до умерен југозпаден ветер. Температурите од 14 / 33 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Во среда ќе дува засилен југозападен ветер, а ќе има и повремени врнежи од дожд со појава на ретки грмежи. В четврток времето ќе биде променливо облачно и доста свежо со слаб локален дожд и умерен северозападен ветер. Дневната температура значително ќе опадне и тоа за 10 до 12 степени. Потоа во петок и за време на викендот времето ќе биде стабилно и свежо со ниски утрински температури

Топол ден - температури до 36

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА

Сончево и топло со слаб до умерен ветер претежно од југозападен, а долж Повардарието и од северен правец. Особено топло ќе биде во југоисточните делови. Т-мин. од 9 до 15, а т-макс. од 28 до 36 степени. УВ=7

СКОПЈЕ

Сончево и топло со слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Т-мин. 13, а т-макс. до 32 степена.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Во среда ќе дува засилен југозападен ветер, а ќе има и повремени врнежи од дожд со ретки грмежи. Од четврток со умерен до засилен северозападен ветер ќе има значителен пад на температурата (максимална од 17 до 24 степени), но се уште и повремен дожд. Потоа времето ќе биде стабилно и посвежо, со особено ниски утрински температури.

Популарно