Објавена целосната музичка програма на годинешниот „Вино Скоп 2017“

Годинешното издание на традиционалниот фестивал на виното „Вино Скоп 2017“ ќе се одржи од 20-24 септември во Скопје. Денес официјално е позната и музичката програма за фестивалот. Локацијата на одржување е новиот плоштад „Мајка Тереза“ кој се наоѓа пред Македонската Опера и Балет.

На Вино Скоп ќе настапат: Караванија кои се одлични џез изведувачи, Калевала- бенд кој изведува традиционални песни од целиот свет, Викторија Лоба која подготвува шоу со диџеј и танчерки, поп рок бендот Ај Кју, Нокаут со старо-новите хитови, Дј Александар Јорданов, Поп Арт Бенд со преработки на македонски песни, најдобриот македонски вокал Нина Јанева со 2 Егзит, Фиц, фронтменот на Студени Нозе кој ќе ги исполни сите легендарни песни од бендот,  надежниот поп-рок бенд Чил Плеј, мајсторот за добра атмосфера Миле Кузмановски, Роберт и Панки- дуото кое стои зад Куку Леле, етно бендот Баклава, чии песни звучат светски и српскиот бенд Министарке.

Во четврток и петок за посетителите ќе има и „афтерворк“ забави, а ќе ги забавуваат Акустик Дивижн, Кросроад блуз бенд и ОТ Бенд. Во сабота и недела ќе има целодневно матине, а од 12 часот на пладне, љубителите на виното ќе уживаат во звуците на чалгии, тамбураши и Елвис Блуз трио.

Фестивалот започнува на 20 септември, а ќе трае до 24 септември. Локацијата на одржување е новиот плоштад „Мајка Тереза“ кој се наоѓа пред Македонската Опера и Балет.

ФОТО: Прва фотка на Милена со ќеркичката Лана

Водителката на утринската програм на Канал 5 телевизија, Милена Антовска,  неодамна се оствари во улогата на мајка и на свет ја донесе својата ќерка Лана. Таа моментлано е посветена на својата ќерка и ужива во нејзино друштво.

На Инстаграм се појави фотографија од малечките нозе на прелсатката Лана, а ја сподели некои од пријателите на водителката.

Лана Марија стои во описот на фотограифјата, погледнете.

(ФОТО: Таа му е голема поддршка: Ова е новата девојка на Аца Лукас!

По разводот со Соња Вуксановиќ и кратката, но јавна врска со Бранислава, Аца Лукас има нова жена во својот живот. Поради грешките во минатото, познатиот пејач овој однос (барем засега) сака да остане подалеку од очите на јавноста, но српските медиуми сепак успеале да дознаат за кој се работи.

Како што пренесуваат тамошните медиуми, се работи за девојка од Белград и се вика Дара Марјановиќ.

„Аца и Дара долго се познаваат и имаат многу заеднички пријатели. Отсекогаш му се допаѓаше, но беше оженет, па не сакаше ништо да проба. Кога се заврши се со Соња, Лукас ја сретнал Дара на некоја прослава и цела вечер разговарале, - изјавил извор близок на пејачот и додава: 

„Тој полуде по Дара. Таа не е дете како Бранислава, се познаваат со години, знае дека Дара пред се е добар пријател. Засега им е убаво заедно. Дара беше голема поддршка за Аца за време на драмата, додека не беше во контакт со ќерката Викторија, вели изворот.

И самиот пејач се огласи за ова, но како што изјави после скандалот со Соња дека никогаш повеќе нема да зборува за приватниот живот, рекол само „Не можам повеќе да потврдувам и демантирам. Нека пишуваат што сакаат“.

Популарно