(ВИДЕО) ЗАСТРАШУВАЧКА МОЌ НА ПРИРОДАТА: Погледнете како УРАГАНОТ корне кров од зграда

Ураганот Ирма со себе донесе масовно уништување на југот и централниот дел на Флорида, предизвикувајќи огромни штети.

Едно од застрашувачките видеа од уништувањето во неделата го прикажува моментот кога силен ветер како хартија корне кров од една зграда во Мајами.

Погледнете...

Не ви треба меѓународна: Македонските возачки дозволи признати во Германија?

Во иднина македонските возачки ќе бидат признаени од страна на германските власти, пишува порталот www.mk-in.de.На тој начин сите македонски граѓани кои патуваат или се на привремен престој во Германија нема да имаат непријатности и казни. Истовремено многумина што имаат работна дозвола нема да мора повторно да полагаат за да можат да управуваат возилот во Германија.

Во редакцијата на www.mk-in.de штотуку неофицијално од сигурни извори во германскиот Бундестаг пристигна веста дека законот за реципрочно признавање на македонските возачки во Германија е донесен и изгласан. Се чека уште македонската страна да го донесе закoнот за признавање на германските возачки дозволи во Македонија и веднаш да стапат двата на сила. Се надеваме дека тоа ќе биде до крајот на месецов, пишува порталот.

(ВИДЕО) Си-Ен-Ен објави снимка од продажба на луѓе во Либија

Си-Ен-Ен објави шокантно видео снимено на непозната локација во Либија на која што се гледа продажба на двајца мажи.

На видеото може да се слушне аукцијата на која што се нуди цена за купување на робовите, а постигнатата цена е 1.200 либиски динари, што е околу 800 долари.

Едниот од продадените мажи е од Нигерија, а бил понуден во групата „големи и силни момци за работа на фарма“, како што го опишува аукционерот.

По објавувањето на видеото, новинари на Си-Ен-Ен отпатувале за Либија за да се уверат во нејзината веродостојност и како што наведуваат новинарите сведочеле на бројни аукции.

По аукцијата екипата на телевизијата се сретнала со двајцата мажи кои што биле продадени, но биле исплашени и не можеле да зборуваат.

Според Си-Ен-Ен секоја година десетици илјади луѓе стигнуваат до либиската граница обидувајќи се да добијат подобра шанса во Европа.

Многу од нив продале се што имале за финансиски да го обезбедат патот преку Либија. Меѓутоа се помалку бродови тргнуваат накај европа, оставајќи ги очајните луѓе во рацете на криумчарите со што тие стануваат робови.

Видеото на Си-Ен-Ен е предадено на либиските власти кои ветиле дека ќе спроведат истрага.

Од 1ви Декември бугарскиот пасош не ви гарантира влез во оваа држава

Официјално од 1-ви декември Канада најави укинување на визите за бугарските и романските граѓани.

Со оваа одлука во Канада без виза ќе можат да патуваат сите оние граѓани кои имаат 10-годишна канадска виза како и оние кои имаат важечка виза за САД.

Канада донесе ваква одлука по потпишувањето на договорот за слободна трговија меѓу Европската унија и Канада.

Популарно