Убав сончев ден

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА

Сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер, а претпладне на југозапад со умерен западен ветер. УВ=6 Т-мин. од 9 до 17 а т-мин. 25 до 32 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Температурата од 15 до 30 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Следува период на сончево време со свежи утра, а преку денот ќе биде се потопло. За време на викендот дневните температури насекаде ќе бидат над просекот, а тогаш се очекува и умерен до засилен ветер од југозапад.

Cнег на Балканот - студен бран се движи кон Македонија

Ова утро студениот бран од север кој е во склоп со циклонот Силвија започна да продира на Балканот со што на Словенските планини поради наглиот и голем пад на температурите започна да врне снег.

Студениот бран се движи кон нашата држава и ќе стигне оваа вечер, а особено во текот на ноќта кон утрешниот саботен ден, вели метеорологот Славчо Поповски.

Од УХМР најавуваат засилен северен ветер во сабота, кој ќе предизвика значителен пад на температурата за околу 10 степени. За време на викендот ќе има слаб локален дожд, но без грмежи. Од понеделник и во наредните два дена времето ќе биде облачно и посвежо со пообилни врнежи од дожд (наместа се очекува над 50 л/м2 воден талог). Дневните температури ќе бидат под просекот и ќе се движат во интервал од 16 до 24 степени.

Силвија се враќа попладне: Големои невреме над Македонија!

Како што и претходно најавивме во текот на денешното попладне и вечерта преку Балканот во склоп со СИЛВИЈА ќе помине моќен студен фронт кој ќе услови засиле северен ветер, на повеќе места врнежи, грмежи и засилен ветер а можно е и локално НЕВРЕМЕ со град.

Температурите за многу кратко време ќе опаднат дури и за повеќе од 10 степени.

Сето ова премногу ќе влијае лошо врз метеопатите затоа што се работи за премногу брза промена на времето за многу кратко време.

На оваа температура која се наоѓа на 850 htp поточно на 1500 м.н.в во текот на утрешната ноќ и сабота претпладне планинските врвови низ Балканот но и кај нас голема е веројатноста да видат и малку снег.

За подетални информации  – СЛАВЧО ПОПОСКИ.

Пороен дожд, грмежи и град!

Денеска е петок, 22 јуни 2018 година, 173-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 192 дена. 

Сонцето во Скопје изгреа во 4 часот и 58 минути, а ќе зајде во 20 часот и 12 минути.

Денов трае 15 часа и 14 минути.

Месечината, која е во фаза на прва четвртина, ќе изгрее во 14 часот и 37 минути, а ќе зајде во 1 часот и 41 минута.

Временска прогноза

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен северозападен ветер. Во попладневните часови ќе има појава на локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а ќе има и услови за појава на ситен град, особено во северните и источните делови.

Утринската температура ќе се движи од 13 до 19, а  дневната од 21 до 34 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност, а ќе дува и умерен северозападен ветер. Попладне и кон крајот на денот ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе се искачи до 30 степени.

Во сабота ќе дува засилен северен ветер кој ќе предизвика значителен пад на температурата за околу 10 степени. За време на викендот ќе има слаб локален дожд, но без грмежи. Од понеделник и во наредните два дена времето ќе биде облачно и посвежо со пообилни врнежи од дожд (наместа се очекува над 50 л/м2 воден талог). Дневните температури ќе бидат под просекот и ќе се движат во интервал од 16 до 24 степени.

Популарно