Згаснува уште еден бизнис на Самсоненко во Македонија?

Рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко го намалува капиталот во неговата авиокомпанија, која ја има во Македонија, пишува emagazin.mk.

Според објавата на Централниот регистар извршено е намалување на основната главнина на Друштво за авио превоз “СИС авиоатион“ ДООЕЛ Скопје на 8.221.487 евра.

Самсоненко авиокомпанијата во Македонија ја основаше пред две години со капитал од 5.000 евра.

Од почетоков на годинава тој на два пати ја зголеми основната главнина на “СИС авиоатион„ и тоа на почетокот на февруари на 11,1 милион евра, и на почетокот на април на 11,3 милиони евра.

Во јавноста се шпекулираше дека тој ја подготвува својата авиокомпанија за национален авиопревозник и да лета под боите на македонското знаме.

Последната објава на Централниот регистар најавува дека Самсоненко полека се повлекува и од овој бизнис во Македонија.

Спасовски: Наскоро договор за признавање на возачките дозволи меѓу Македонија и Германија

Процедурата за потпишување договор за взаемно признавање на возачките дозволи меѓу Македонија и Германија е во завршна фаза, текстот на договорот е усогласен меѓу двете страни и формални пречки за негово потпишува.

Ова го изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на средбата преставници на Иницијативниот одбор за признавање на македонските возачки дозволи во Германија, Александар Бузлески и Александар Камберовски.

Тој додаде дека во моментот се очекува одредување на датум за негово потпишување и изрази верување дека тоа се случи наскоро.

На средбата, претставниците го информираа министерот дека преку онлајн иницијативата се собрани 42 илјади потписи кои Иницијативниот одбор ги добил како поддршка на нивната иницијатива за признавање на македонските возачки дозволи.

Тие го потенцираа значењето на регулирањето на ова прашање, особено што во Германија живеат и работат голем број македонски државјани за кои ова би претставувало значително олеснување.

Измени во Законот за работни односи: новини во договорот за вработување, годишниот одмор на работниците, испратнината…

Измените на Законот за работните односи се во собраниска процедура. Предлагач на измените е Владата на РМ. Со измените се воведуваат повеќе новини во врска со договорот за вработување, годишниот одмор, исплатата на приправниците, пробната работа, испратнината.

Со членот 1 од измените се доуредува прашањето со кое се проширува забраната за дискриминација на работниците вработени на определено време, и тоа забраната да не се однесува само на условите на вработување, туку и на сите права и обврски од работен однос.

Со членот 2 се пропишува дополнителна заштита за дете под 15 години возраст, или дете кое не завршило задолжително образование, во смисла истото да може да учествува во активности кои со закон е утврдено дека може да ги извршува, не подолго од 2 часа дневно, односно не подолго од 12 часа неделно, а за време на училишен распуст не подолго од 6 часа дневно, односно не подолго од 30 часа неделно, при што задолжително треба да му се обезбедат две непрекинати работни недели на одмор.

Со членот 3 се намалува времетраењето на рокот за пријавување на јавниот оглас од 5 работни дена на 3 работни дена.

Членот 4 предвидува обврзувачка содржина на договорот за вработување, со што работниците со потпишување на договорот точно ќе ги знаат правата и обврските во согласност со договорот за вработување.

Со членот 5 се намалува периодот на пробна работа од 6 на 4 месеци.

Со членот 6 се допрецизира причината кога работодавачот мора да го предупреди работникот во постапка пред откажување на договорот за вработување, односно при постоење на лична причина на страна на работникот.

Со членот 7, со кој се дополнува членот 76, се дава правен основ престанокот на работниот однос од деловни причини да се врши врз основа на критериуми утврдени со колективен договор и критериуми за заштита на инвалидни лица, самохрани родители и родители на деца со посебни потреби.

Со членот 8 се врши утврдување на рокот во кој работникот треба да го подобри своето работење (15 дена) од приемот на писменото предупредување дадено од страна на работодавачот. Со ова се воведува разумен рок со цел да се избегнат злоупотребите од страна на работодавачите отказот да го даваат набрзо/непосредно по дадено предупредување.

Со членот 9 се врши прецизирање во членот 88, кој ги уредува минималните отказни рокови, при што во случај на откажување на договорот за вработување од страна на работникот, отказниот рок е еден месец, но само во случаи по писмено предупредување и ако не настанала некоја од причините предвидена со членот 100 (необезбедување на работа повеќе од 3 месеци, исплаќање на намалена плата најмалку 3 месеци, необезбедување на заштита при работа на работникот откако ја побарал и сл.).

Во членот 10 се изедначуваат роковите за застареност на отказот на договорот за вработување поради причини на вина на страна на работникот со рокот на застареност од лични причини.

Со членот 11 се дополнува членот 96 со одредби со кои се обезбедува заштита од злоупотреба од страна на работодавачот при отказ на договорот од деловни причини, како и дополнителна заштита на работникот на кој му престанал договорот за вработување од деловни причини со давање на приоритет за вработување при потреба за вршење на истите работи.

Со членот 12 се менува членот 97, со кој се регулира исплатата на испратнината во случај на откажување на договорот за вработување од деловни причини, при што висината на испратнината се зголемува од 12,5 % до 25 % во зависност од годините поминати во работен однос.

Со членот 13 се менува ставот 3 од членот 104, со кој се прецизира рокот за поднесување на писмена изјава за продолжување на договорот за вработување.

Со членот 14 се врши измена на членот 114, односно се зголемува процентот на минималниот износ на плата за приправник од 40 % на 70 %.

Со дополнувањето на членот 128 се допрецизира значењето на терминот соодветна храна за работник кој работи ноќно време, преку утврдување на надоместок на трошоци за исхрана во висина од 20 % од просечната нето-плата по работник исплатена во Република Македонија во претходната година, и тоа само за деновите кога работникот работи ноќе (член 15). Со истиот член се прецизира дека работникот не може да се распореди на ноќна работа доколку нема јавен превоз, а работодавачот не обезбедува услови за превоз до и од работа.

Со членот 16 и со бришењето на ставот 3 од членот 138 се овозможува еднаквост на правото на користење на годишен одмор на работниците кои работат шест дена во неделата со работниците кои работат пет дена во неделата.

Со членот 17 се надминува неусогласеноста на ставот 3 од членот 141 со ставот 2 од истиот член во поглед на времетраењето на делот на годишниот одмор кој треба да биде искористен во текот на календарската година за која се дава одморот.

Имам „бомба“ за Заев и ќе ја употребам доколку не го исполни ветеното

Поглаварот на Исламската верска заедница во Македонија, Сулејман Реџепи, во емисијата „Во Фокус“ на телевизијата Арт Ченл со новинарот Реан Саити, ги демантираше информациите кои се пласираа во некои македонски медиуми дека ја повикувал муслиманската популација во Македонија да го поддржи Зоран Заев, порталот на албански јазик Флака.

Реџепи вели дека Заев, тогашен лидер на опозицијата, бил тој којшто побарал помош од поглаварот на ИВЗ за да се сретне со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во периодот пред парламентарните избори.

Поглаварот на ИВЗ вели дека го „исполнил аманетот“, но останува на ставот дека ветувањата кои му ги дал Заев за имотот на ИВЗ, и после една година на власт не успеал да ги реализира.

"Тој ми вети дека ако дојде на власт, ќе ги врати сите имоти на ИВЗ само со една одлука. Кога го прашав со кој памет ги даде овие ветувања  тој немаше одговор. Јас „бомбата“ на Заев ја имам во џебот и сум му кажал дека кога тогаш ќе ја употребам", вели поглаварот на ИВЗ.

Реџепи останува на ставот дека државата за некоја верска заедница е мајка, а за други мајќеа. Тој вели дека МПЦ има привилегии и е фаворизирана од страна на државата, а ИВЗ не ги има тие привилегии. За време на претходната влада, вели Реџепи, привилегиите за МПЦ доаѓаа од центарот на ВМРО-ДПМНЕ и од лидерот на оваа партија Никола Груевски. Тој вели дека албанските партии немале ваква сила.

Популарно