(ФОТО) Во Москва евакуирани над 10.000 луѓе поради дојава за бомбшки напади

Повеќе од 10.000 луѓе беа евакуирани од трговски центри, железнички станици и универзитети во Москва следејќи речиси истовремени предупредувања за поставени експлозиви во градот, пренесува „Раша тудеј“.

„Дваесет локации се евакуирани и повеќе од 10.000 луѓе се извадени надвор“, соопштија службите за итни акции, пренесе агенцијата ТАС.

„Се работи за случај на телефонски тероризам, ние мора да ја провериме веродостојноста на пораките“, соопштил извор на истрагта, кој оценил дека повиците започнале во исто време и продолжиле кога почнала евакуацијата.

Меѓу локациите што се евакуирани се три од најголемите железнички станици во Москва, повеќе од десетина трговски центри и најмалку еден универзитет.

Во тек е истрага дали повиците се лажни или сепак постои опасност за терористички напад, додава „Раша тудеј“.

(ВИДЕО) Авганистан: Заврши опсадата на хотелот, заложниците бегаа со чаршави преку тераси

Авганистанските специјални сили го убија и последниот од тројцата напаѓачи кои вчера упаднаа во хотелот „Интерконтинентал“ во Кабул, со што завшија опсадата и заложничката драма.

За време на опсадата беа убиени пет заложници, а ранети беа шест лица, пренесе „Ројтерс“.

Групата напаѓачи со часови држеше заложници и им се спротиставуваше на силите за безбедност. Во првичните извештаи стоеше дека се работи за четворица напаѓачи, од кои двајца беа убиени синоќа.

Портпаролот на Министерството за внатрешни работи на Авганистан Наџиб Даниш рече дека бројот на жртви сепак бил помал отколку што првично се стравуваше, откако успешно беа евакуирани 153 луѓе, од кои 41 странец.

Дописникот на „Ројтерс“ од Кабул пренесе дека на дневна светлина се гледало како од хотелот излегува густ чад, а околу зградата биле распределени неколку оклопни возила на војската на САД опремени со тешка артилерија, како и единици на авганистанската полиција.

Нападот следеше само неколку дена откако Американската амбасада во Кабул излезе со предупредување за можни напади на хотели во градот. Засега никој нема преземено одговорност за нападот.

На снимките што се појавија на социјалните мрежи, направени додека траеше опсадата на хотелот, може да се видат заложници како се обидуваат да се спасат спуштајќи се со врзани чаршави по балконите на хотелот.

(ВИДЕО) Грчки демонстранти нападнаа Македонци кои ги гледаа протестите во Мелбурн

Грчка организација во Мелбурн вчера организирала протест под мотото „Не за продажба на името Македонија и Македонија секогаш ќе биде грчка“. На протестот со транспаренти и грчки знамиња, се извикувало „Македонија е грчка“, „Скопјани“, а учествувале над 2.000 луѓе.

За време на протестот група Македонци седеле во непосредна близина на Грчкиот конзулат.

Откако ги забележале демонстрантите настанала вербална и физичка пресметка. Веднаш интервенирала полицијата, ја разбила толпата со солзавец и за кратко време тензиите се смириле.

(ВИДЕО) КАБУЛ ВО КРВ: Ги киднапираа гостите, па почнаа да ги убиваат

Најмалку четворица напаѓачи вечерва упаднаа во хотелот „Интерконтинентал“ во главниот град на Авганистан, Кабул. Тие прво ги киднапирале гостите, а потоа почнале и да ги убиваат. 

Полицијата  го обиколила регионот и хотелот. Се стравува дека има голем број мртви.

Специјалците во секој момент треба  да влезат во хотелот.

Се претпоставува дека напаѓачите се Талибанци.

Хотелот „Интерконтинентал“ беше мета на напад на Талибанците во 2011 година, кога загинаа 21 човек, меѓу кои деветмина напаѓачи.

Пред пет дена две ракети го погодија дипломатскиот дел на Кабул. 

Авганистанците имаат проблеми со Талибанците кои сакаат да ја преземат власта во нивната земја, но и во Пакистан за да го воспостават шеријатскиот закон. 

Популарно