Преведено ѓаволското писмо - калуѓерка ги запишала зборовите на Сатаната

Писмото од Ѓаволот кое беше напишано од опседната сицилијанска калуѓерка во 1676-та година беше декодирано. Сестрата Марија Кроцифиса Дела Концезионе напишала тешко разбирливо писмо, а во моментите кога писмото било напишано, било потврдено дека била опседната од Ѓаволот (Луцифер).

Родена под името Изабела Томази во 1645-та година, другото име го добива кога го прима христијанството на свои 15 години. Калуѓерките имале многу доверба во неа, а ниту една од нив до сега не успеала да го дешифрира мистериозното писмо.

После 340 години, група на италијански научници од институтот Ludum Science Center од градот Катанија кој е лоциран на Сицилија, конечно ја открија пораката на писмото.

Користеле софтвер кој се користи од страна на тајните служби за разбивање на шифри. Го “напупниле” софтверот со древен грчки јазик, арапски, рунски и латински, со цел да се открие пораката.

Сестра Марија била многу вешта со лингвистика, но со тек на време станала премногу демонски опседната, што почнала да измислува свој сопствен јазик преку кој комуницирала со натприродните суштества. После долго истражување, научниците почнале да ја разбираат смислата на нејзините зборови. Тимот превел 15 реда од писмото и утврдиле дека се работи за односите помеѓу луѓето, Бог и Сатаната.

Таа во писмото го опишува Бог, Исус и Светиот Дух како “мртва тежина” и споменува дека Бог мисли дека може да ги ослободи смртниците. Друга реченица која научниците успеале да ја преведат била: “Можеби сега Стикс е сигурен”, мислејќи на реката Стикс која ги раздвојува Земјата и Подземјето во Грчката и Римската митологија.

(ФОТО+ВИДЕО) Кина ќе забрани стриптиз на погреби

Кинеските власти покренаа акција против бизарниот обичај изведување стриптиз на погреби, којшто, како што стои во образложенијата, „го нарушува општествениот морал" во руралните подрачја на земјата. Со настапите на професионални стриптизети, некои семејства сакаат на погребот на своите блиски, да го покажат своето богатство, што годиниве станува се почесто. Кинеските власти во два наврата, во 2006 и во 2015 година, безуспешно се обиделе да стават крај на овој ласцивен обичај. Операциите опфатиле 19 градови во четири кинески провинции.

Новата кампања содржи и јавен повик – луѓето да се јават на посебна телефонска линија, доколку забележат „недолично однесување на погребите", да го пријават. За лицето што ќе пријави предвидена е и парична награда.

(ВИДЕО) Југословенска носталгија со „Нови фосили“

На вчерашното шоу „Златна бубамара на популарноста“ специјални гости беа легендарните „Нови фосили“. Дека публиката е носталгична по времето на поранешната држава, покажа еуфоријата што ја предизвикаа безвременските: „Е мој Саша“, „Кошуља плава“, „Још те волим“.

Публиката беше на нозе, со овации, а делириумот дојде на „За она добра стара времена“. Сања Долежал кажа дека по 28 години, повторно доаѓа во Македонија, од каде носи најубави спомени. Настапот на „Нови фосили“ го најавија Маја Панчева и Александра Митевски со сплет од неколку нивни песни.

(ВИДЕО) Наместо ракомет - циркус: Се степаа директорите на Војводина и Динамо Панчево!

Прашање е уште колку шлаканици може да трпи српскиот спорт по сите резили кои се случија во последниве денови.

Од ниските обвинувања меѓу ракометарите репрезентативци и селекторот Јовица Цветковиќ, преку вандализирањето на пехарот од кошаркарскиот куп, до најновиот „дострел“ - тепачка на спортски директори на клубови. 

Во финалето од Купот на Србија се сретнаа Војводина и Динамо Панчево, екипите кои ја претставуваат земјата и во СЕХА-лигата, а мечот ќе се памети не по конечните 25-22, туку по инцидентите. Во финишот на првото полувреме, се спречкаа домашниот голман и неколку ракометари од Панчево. 

Судиите реагираа така што го исклучија голманот, меѓутоа само што стивнаа страстите на теренот, разгореа покрај него. Камерата ги фати спортските директори на двата клуба како се тепаат или барем се обидуваа да го направат тоа. Додека стигнаа да ги разделат, резилот веќе пукна.

Погледнете на 43:16 минута.

Претходно, селекторот на српската ракометна репрезентација ги обвини играчите за недециплина на ЕП во Хрватска, дека шетале до доцни часови и дека пред време си резервирале билет за дома, не размислувајќи дека можеби и ќе ја поминат првата фаза. 

Ракометарите, пак, возвратија со обвинувања дека селекторот Цветковиќ е пијаница и дека не бил трезен во Загреб. Потоа излезе скандалот со пехарот од кошаркарскиот Куп Корач. Некој ги одлепил плочките на кои пишува Црвена звзда, а кои стојат во чест на секој освојувач.

Популарно