Зошто денешниот ден е почеток на црковната година?

Денеска според јулијанскиот календар, кој го користи Македонската Православна Црква е 1 сепември. Ден кој е определен како почеток на црковната нова година.

Зошто и од кога овој ден се слави како црковна нова година, откријте во видео православниот верски календар, што од денеска секој ден премиерно ќе се емитува на ТВ. СИТЕЛ, а потоа на „Религија.мк“ и на порталот „Засе.мк“.

Водител на видео православниот верски календар е отец Бобан Митевски од скопската епархија на МПЦ-ОА.

Денеска е Свети Ѓеоргиј - за да ги заштитите своите најблиски немојте да го правивте ова

Денеска е голем празик, кој иако не е обележан со црвени букви правславните верници го чествуваат.

На овој ден се празнува преносот на моштите на Свети Георгиј од Никомидија во градот Лида Палестинска, каде што пострада во времето на царот Диоклецијан. Страдањето на овој прекрасен светител е опишано под 23 април.

Пред смртта Св. Георгиј го замоли својот слуга да го земе неговото мртво тело и да го пренесе во Палестина, од каде што беше родум и мајка му и каде што имаше голем имот, кој им го раздаде на сиромасите. Слугата така и направи. Во времето на царот Константин во Лида побожните христијани му изградија на Свети Георгиј прекрасен храм и при осветувањето на храмот во него ги пренесоа моштите на светителот и таму го закопаа. Од чудотворните мошти на Сввети великомаченик Георгиј се случија големи чуда. 

На овој ден се вели дека ловците не смееат да ловат волци, зошто во спротивно ќе ги прати несреќа и малер во текот на целата година.

Исто така се вели дека не смее да се работат тешки и рачни работи, зошто според народните верувања секој кој ќе го направи ова, ќе го навлече гневот на Свети Ѓеоргиј и несреќа ќе го снајде неговото семејство или неговите најблиски.

ВИДЕО: Чудо во Лесновскиот манастир

Голготата на Лора со среќен крај  ја раскажува нејзината мајка Олга Минова.

Лора била нормално девојче се додека во еден миг не добила преголеми болки и и се згрчиле нозете.

Кога лекарите се откажале од неа, родителите ја однеле во манастирот СВ.ГАВРИЛ ЛЕСНОВСКИ и Лора после молитвата веднаш оздравела.

Погледнете ја целата приказна..

Денеска е Свети Кузман и Дамјан

Православните верници денеска го слават свети Козма и Дамјан. Именден празнуваат: Кузман, Кузе, Дамјан, Даме…

Овие господови лекари, наречени и свети бесребреници, имаат два празника, на 1 јули (Свети врачи – летни) и на 1 ноември (според стариот календар).

Во народниот живот овој празник повеќе го празнуваат оние што се занимаваат со народна медицина: лекување, баење, лекување со билки итн. Тие на овој празник не работат зашто во спротивно нема да им фати лекот. Култот кон овие светци бил изразен во повеќе места на Македонија. На пр. има села што носат името на светите врачи, (Светораче, Кичевско) во селото Едуарци, во минатото се одржувал голем собир, а градот Сандански во пиринскиот дел на Македонија порано го носел името Свети Врачи.

Мала црква посветена на светите врачи Кузман и Дамјан има во скопското село Говрлево. Во црквата има и света вода, а според преданието оваа црква е изградена откако на некој човек му се сонило дека на местото каде што извира водата треба да се изгради црква. Според други преданија Јустинијан Први во 6 век на тоа место бил излекуван. До црквата има уште една чешма за која се верува дека подмладува поради што, овде луѓето доживуваат длабока старост.

Популарно