Елитна проститутка открива што навистина сакаат мажите

Саманта Екс е елитна ескорт девојка од Австралија која заработува пружајќи им го на мажите она што го сакаат и ги знае нивните желби подобро од кој било.

Таа вели дека повеќето од мажите кои доаѓаат кај неа не се сингл, туку женети мажи кои само бараат некој кој нема да ги осудува, ќе биде нежен со нив или едноставно ќе разговара со нив.

Саманта е една од најпознатите ескорт девојки и за „Daily Mail“ ги открива работите што жените треба да ги знаат за нивните мажи:

Една од најчестите работи што ги слуша од мажите кои го побарале нејзиното друштво е дека си ги сакаат жените.

„Тие со задоволство би го делеле своето време и внимание со вас, но си мислат дека не ви е гајле“, им порача Саманта на жените.

„Последно нешто што сакаат е да ве повредат и секако не сакаат развод, не само поради финансиите или децата, туку бидејќи не сакаат да ве остават. Повеќето мажи се себични и имаат различни потреби кога станува збор за сексот, но барањето интимност на друго место не е одраз на нивните чувства кон сопствените жени“, тврди Саманта.

Таа вели дека повеќе станува збор за задоволување на потребите што не им се задоволени дома. Саманта тврди дека мажите сакаат нежност повеќе отколку што мислите.

„Повеќето мажи сакаат да се однесувам како да им сум девојка. Сакаат галење, нежни допири, бакнежи и нежен секс“, вели таа и додава дека интимноста им е подрага од жесток секс.

Малку им е еден саат и најчесто бараат два или три часа.

„Не ги бараат тие три часа за секс, туку за разговор и галење“, тврди Саманта.

„Девет од десет пати мажот само сака некој да го прегрне. Мажите ми кажуваат дека спијат со сопругите во различни соби и дека го мразат тоа. Верувам дека нивните сопруги имаат свои причини, но не заборавајте, ова е машката страна на приказната“, вели таа.

Саманта открива дека на мажите најмногу им недостига орално да ја задоволуваат сопругата.

„Можеби се работи за нивното его, но поважно им е вам да ви е добро. Оралниот секс е нешто што го сакаат и им недостига во животот. Тие се задоволни ако вие сте задоволни. Престанете да мислите на вашата дежина, кога ги депилиравте нозете или како ви изгледа вагината. Само легнете, опуштете се и уживајте“, советува Саманта и додава дека не е лошо и вие да ја возвратите услугата.

Ќе се изненадите на кого се најмногу љубоморни.

„Често слушам: не ме ни забележува кога ќе си дојдам, повеќе е фокусирана на децата и на кучето отколку на мене… Сигурна сум дека и мажите не се ангели, но сепак потрудете се да се чувствува посебно“, вели Саманта.

„Сите заслужуваме добар секс, па посветете се на вашата сексуална врска“, завршува Саманта.

Закрепнувањето по „скршено срце“ трае три месеци

Раскинувањата oбично завршуваат со подолготрајна тага.

Научен труд објавен во британскиот „Журнал“ за позитивна психологија открива колку време во просек им треба на луѓето да закрепнат по болен прекин на љубовна врска.

Кога „срцето е скршено“, преовладува чувството на безвредност, што поттикнува повредената или повредениот „да се држи“ дури и поцврсто за она што веќе не е достапно. Во такви случаи се јавуваат збунетост, лутина, тага, фрустрација. Уште повеќе, ако е присутна ниска самодоверба којашто нѐ тера постојано да се обвинуваме и омаловажуваме себеси, преболувањето на раскинувањето тогаш е потешко, па тоа „заздравување“ оди побавно.

Тоа ќе рече – проценувањето колку долго ќе трае таа лоша состојба по раскинувањето зависи, до одреден степен, од самодовербата.

Според наводите, на 71 отсто од 155 млади возрасни лица им биле потребни околу 11 седмици за промена кон подобро. До крајот на тие три месеци, испитаниците можеле да ги видат добрите страни на нивното раскинување. Тие, имено, почувствувале „созреаност“ и подготвеност да се насочат кон целта – позитивни промени по раскинувањето.

Разумно е да се очекува дека зацврстувањето на ниската самоувереност по раскинувањето може да трае барем неколку недели. А пак, факторите коишто влијаат на таа временска рамка зависат од самиот човек и од врската која штотуку завршила.

Три реченици кои звучат како љубов, а всушност зад нив се крие манипулација

Понекогаш е тешко да се разликува грижата и љубовта од манипулацијата. Ова се фрази кои се користат за да се залажат партнерите.

Има луѓе кои имаат потреба да манипулираат со луѓето со кои се во врска или брак, поради некои психолошки проблеми што ги имаат.

Овие три реченици манипулаторите често ги користат како параван, бидејќи наликуваат на љубов.

„Ова го правам за твое добро“

Манипулаторот сака да изгледа како да се грижи за вас, а всушност сака да ве контролира за да ја постигне својата цел. Реченицата „Го правам ова за твое добро“ звучи како израз на грижа и љубов, но тоа е начин манипулаторот да ве принуди да го прифатите она што го прави велејќи дека е за ваша корист.

„Дали вака ми враќаш?

Кога манипулаторот ќе ви каже: „После се што направив за тебе, ти ми враќаш вака?“, тоа покажува дека сака да се чувствувате виновни. Не се залажувајте да мислите дека тој се грижи за вас. Тој само сака да ве натера да се согласите со она што тој го сака.

„Очекував повеќе од тебе“

Оваа реченица прави личноста кон која е насочена да се чувствува помалку вредна од манипулаторот. Тие се потпираат на моќта за да ги постигнат своите цели. И повторно сака да се чувствувате виновни што не го постигнавте она што требаше, според мислењето на манипулаторот.

Што се случува во телото на мажот кој подолго време нема секс?

Има многу причини зошто треба редовно да имаме секс, но покрај задоволството, важни се и причините поврзани со здравјето.

Мажите кои редовно имаат секс се позадоволни од животот и посреќни, тоа го имаат потврдено повеќе истражувања, но дали некогаш сте се прашале што се случува со вашето тело кога ќе престанете да имате секс редовно?

Ова се најчестите последици:

Еректилна дисфункција

Мажите кои подолго време немале секс, а имаат над 50 години, најверојатно ќе се соочат со проблемот еректилна дисфункција. За да останете во сексуална форма, мора да ја одржувате.

Зголемен ризик од рак на простата

Ако не мастурбирате редовно и исто така немате секс, ги зголемувате шансите за заболување од рак на простата. Истражувањата покажале дека честото ејакулирање (4 до 7 пати неделно) го намалува ризикот од рак на простата.

Висок крвен притисок

Истражувањата покажале дека луѓето кои имаат редовен секс имаат понизок крвен притисок од оние кои имаат долги паузи меѓу сексуалните активности.

Стрес

Една жешка ноќ во кревет може да ви го подобри расположението и барем на кратко да ве ослободи од грижите и стресот. Ендорфинот што се ослободува за време на сексот го подобрува расположението, а и бројни науни истражувања покажале дека сексот има поволно дејство врз луѓето кои се под стрес.

Слаб имунитет

Доживувањето оргазми е од голема корист за вашиот имунолошки систем. Медицински истражувања покажале дека мажите кои немаат секс редовно имаат послаб имунитет и се поподложни на болести.

Популарно