ВИДЕО: Оваа 28 годишна убавица е најплатениот вработен во Белата Куќа

Се вика Хоуп Хикс и има 28 години. Дипломирала на Универзитетот за методика и è трета по ред директорка на Отсекот за односи со јавноста во Белата куќа. 

Медиумите тврдат дека Трамп неизмерно и верува, нејзиното мислење се уважува, а последните месеци станала важен дел од креирањето на политиката на Трамп. 

Била една од првите кои се приклучиле на неговата кампања, а пред тоа работела како модел, па од родниот Конетикат се преселила во Њујорк. Тамо нашла работа во пи-ар агенција, што ја поврзало со Иванка Трамп. 

Тоа, веројатно, било доволно за татко и на Иванка, Доналд, да го препознае нејзиниот потенцијал и да ја покани во својот штаб баш во моментот кога прв пат ја објавил својата кандидатура. 

Трудот кој го вложила во кампањата на Трамп вродил со плод. Непосредно по неговата победа на изборите ја именувал за директорка за стратешки комуникации во Белата куќа, за кратко потоа многу да напредува. 

Таму ужива доверба од соработниците и колегите, но интересна è и нејзината намера да не биде во центарот на вниманието. До сега не учествувала во никакви мејнстрим полемики, ниту непотребно се изложувала во јавност. Тоа ја прави посебна во однос на другите колеги кои се специјализирани за истото подрачје на работа во тимот на Трамп. 

Наводно, во текот на својата "политичка" кариера само три пати објавила статус на Твитер. 

Еден од нив гласел: 

"Претседателот Трамп има магнетска специфичност и зрачи со позитивна енергија која е заразна за тие околу него. Тој е брилијантен и со големата смисла за хумор, и неверојатната способност прави секоја личност да се чувствува посебно". 

Тоа всушност бил нејзиниот одговор на статијата објавена во екот на кампањта во Washington Post, во која пишувало дека Трамп има намера да го намали бројот на сорабници во штабот. 

Судејќи според изворите на Washingon Post, Хикс секој ден по неколку пати има исцрпни разговори со претседателот за медиумската стратегија. 

Треба да се нагласи дека таа била единствената жена која учествувала во креирањето на кампањата на новиот американски претседател. Интересно е дека во јавноста се појавувала и порано, додека била активна во светот на модата.

(Фото) Оваа крава е продадена за 4,8 милиони долари, еве што ја прави посебна

Гинисовата книга на рекорди собира бројни, интересни достигнувања на едно место, а сега на таа листа се запиша и една крава.

Виатина-19, крава од Бразил, стана најскапата крава продадена на аукција.

Вредноста на кравите Нелоре лежи во висококвалитетното месо кое се истакнува по својата мекост и вкус.

-Признавањето на нашата сакана Виатина-19 од Гинисовата книга не е само лично достигнување, туку и извонредна пресвртница во историјата на расата Нелоре и генетското подобрување во целина, рече одгледувачот.

Оваа крава го собори Гинисовиот рекорд откако беше продадена за 4,8 милиони долари.

Кравата Нелоре се карактеризира со светло бело крзно, лабава кожа и грпка.

Кога бебето почнува да си го препознава името?

Во текот на првата година од животот, кај едно бебе има доста пресвртници, а можеби едно од најбитните нешта е она кога ќе почне да го препознава и да одговара на довикнувањето на неговото или нејзиното име.

Според науката, препознавањето имиња се случува поради тн. „рецептивен јазик“ што вклучува обработка на изговорените зборови и гласови. Така, оваа уникатна радост за родителот кога малечкото ќе ја сврти главата откако ќе го чуе своето име, обично се јавува неколку месеци пред првиот роденден. Меѓутоа, важно е да се забележи дека бебињата своите јазични вештини ги развиваат секое во различно време, пишува списанието „Перентс“ (Parents).

Повеќето бебиња почнуваат да го препознаваат своето име на возраст меѓу четири и девет месеци. Штом бебето ќе ја совлада оваа вештина, може да се забележи дека тоа продолжува да го гледа возрасниот – или други реакции, кога и некој да го повика по име.

Родителите веројатно ќе забележат и други промени поврзани со говорот пред тоа. На возраст меѓу четири и шест месеци, на пр., бебето обично веќе може да почувтвува промени во тонот кога нелкој му зборува, според Американското здружение за говор, јазик и слух (АСЛХА).

Не’ очекува космичка експлозија видлива со голо око, се случува еднаш во 80 години

Небесниот танц меѓу две ѕвезди оддалечени 3.000 светлосни години ќе резултира со толку силна експлозија што ќе биде видлива со голо око со денови, изјавија во петокот астрономите од Универзитетот Нотингем Трент.

Експлозијата што се случува еднаш во животот во системот T Coronae Borealis ќе се појави како светла нова ѕвезда на ноќното небо, пред да избледи и да исчезне повторно во следните 80 години.

Професорот Даниел Браун објаснува дека овој небесен настан се нарекува „нова“, кога сјајот на ѕвездата брзо се зголемува.

Според него, не е лесно да се предвиди кога ќе се случи тој настан, но верува дека тоа би можело да се случи во секое време до септември.

„Почестени сме, ќе видиме т.н нова ѕвезда на небото“, рече Браун, посочувајќи дека T Coronae Borealis всушност не е една ѕвезда, туку две ѕвезди кои орбитираат една околу друга.

„Сега е време за уште една ваква експлозија за T Coronae Borealis, чија светлина од 11 mag, едвај видлива на темното небо, ќе се зголеми на 2 mag, споредлива со ѕвездите во Големата Мечка и ќе биде видлива со голо око дури и на загадено небо. „Новата“ ќе стане видлива во близина на соѕвездието Херкулес.

Астрономите објаснуваат дека овие „нови“ во суштина се како водородни бомби.

Популарно