Бидејќи не сакале да му помогнат на еден пензионер кој се онесвестил во банка и лежел на подот, три лица ќе платат казна, пресуди судот во Германија.
Казна од 3.600 евра е изречена на 39-годишна жена и на двајца мажи на возраст од 55 и 61 година.
83-годишниот пензионер се онесвестил и удрил со главата во подот, и така онесвестен лежел пред банкомат во една банка во Есен, во западна Германија.
Луѓето што се нашле во банката го заобиколувале човекот, а некои дури и го прескокнувале.
Двајцата обвинети изјавиле на судењето дека мислеле дека старецот е бездомник и дека заспал.
Пензионерот лежел на подот во банката 7 минути, односно сè додека еден од клиентите не повикал брза помош, која пристигнала после 20 минути и го однела во болница, каде починал.
Лекарите тврделе дека тој би починал и доколку веднаш добиел прва помош.