Студентка од Скопје раскажува како заработува за да ги плати студиите – најважно е да се стремиш кон остварување на целите

Нина е студент на Економскиот факултет во Скопје. Студент кој има зацртано свои цели, и цврсто оди кон нивно остварување .

Таа потекнува од сиромашно семејство, каде мајка и е инвалид, а татко и е тој кој се снаоѓа да заработи за да преживеат, но не и за да обезбеди средства за нејзино школување.

По завршувањето на средното училиште, Нина како одличен ученик, како и сите други матурнти, сакала да се запише на факултет, и секако да продоложи со своето понатамошно школување. Но, поради финансиската ситуација во која се наоѓало нејзиното семејство, Нина останала дома.

-Кога дојде 15 септември, сите мои врсници тргнаа на факултет, а јас бев дома. Јас таа која што никогаш во животот немав добиено помала оценка од 5. Тага, солзи, нервирање. Моите не беа како другите родители. Мајка ми е инвалид, таа не е способна за да работи, а татко ми работи каде ќе најде, понекогаш и чисти и еднав успева да земе плата и до 9000 денари. Јас имам и помал брат кои има 10 години. Едвај врзуваме крај со крај. За моето школување речиси и да не се спомнуваше дома. Бев сигурно дека не можат да ми ги обезбедат тоа. Седев дома и постојано плачев. Сакав да учам, и да бидам како и сите други. Немаше да ми смета што на факултет ќе одам во едни исти стари и искинати фармаарки и патики. Јас сакав само да учам. Да не живеам повеќе во вакви услови и јас, и моите најблиски. Барав постојано решение на мојот проблем. Поминуваше времето, а ја не можев да најдам ниту пак работа. Веќе беше мај месец. А јас се уште правев планови, како да се запишам на факултет. Еден ден додека гледаше татко ми вести, скупнав дека во Црна Гора, на море тоа лето ќе се бараат многу сезонци. Тоа предизвика насмевка на моето лице, а и некоја си надеж. Но, јас немав ниту пасош, а ниту пари за да отидам до таму. Еден сосед, и близок на татко ми, работеше градежна работа во Црна Гора. Се распрашав преку него, ако може да праша нешто. Човекот ми излезе во пресрет. Прашал во Суто Море во некој ресторан. Таму ја објаснил мојата ситуација. Газдата ведша побарал да стапи во контакт со мене. Работите почнаа да се средуваат. Веќе во средината на јуни заминав во Црна Гора. Среќата не застануваше. Бев свесна дека ми требаат пари за што ми се. Бев цврсто убедена што сакам, и каде се гледам во иднина. Сите рабоет таму по 8 часа, јас по 12. Беше тешко, но ја ниту во еден момент да помислив да се откажам. Сместувањето ми беше половина покриено, а за половина и плаќав јас. Храната ми беше од нив. Не трошев многу. Собирав пари за школување, и собрав. Се вратив во Македонија спремна за на факултет. Се запишав на економскиот факултет. Добар студент сум, имам сега добар просек. Секоја година земам стипендија. Морам да учам, за да дојда, до стипендијата и така да се издржувам. Многу сум среќна. Знам дека ќе успеам. Одам и на пракса каде ќе најдам. Да се учам. Бидејќи знам дека утре воопшто нема да биде лесно за работа, па подобро сега да завршам со праксата. Се надевам дека ќе имам среќа, - раскажува Нина.

Нина упатива апел до сите кои имаа како нејзината илу пак слична ситуација да не се откажуваат. Да бидат упорни. Да не се откажуваат од учењето и школувањето. Како што вели еден ден се ќе се исплати. 

Почина млада српска пејачка

Српската пејачка Хариета Симиќ, позната под прекарот Харина, почина од рак на 13 април во Смедерево, во болница, на 41-годишна возраст. 

Пејачката за страшната дијагноза дознала пред две години, а бидејќи ракот веќе се проширил, и биле отстранети двете дојки и почнала со хемотерапија.

Хариета на својот Инстаграм профил неодамна раскажа за својата тешка судбина и ги замоли сите луѓе со добра волја да ѝ помогнат преку Инстаграм доколку имаат можност.

По операцијата кога ми ја отстранија дојката, одев на хемотерапии и ми рекоа дека сум здрава, меѓутоа, само два месеци подоцна отидов на контрола и докторката ми најде метастази на вратот – раскажала тогаш Хариета, која по операцијата почнала да добива различни симптоми, почнала да кашла и добила антибиотици.

– Ништо не ми помогна, а потоа отидов на снимање на белите дробови и открија дека имам метастази насекаде по белите дробови. Се чувствувам како да имам еден тон на градите, тешко дишам – раскажала пејачката.

Нејзиниот сопруг ја напуштил седум дена по операцијата. И рекол дека има нова жена и дека со неа ќе се венча.

Над 400 приватни специјализанти стапија во штрајк

Над 400 приватни специјализанти изутринава стапија во генерален штрајк и не ги извршуваат работните обврски на скопските клиники и останатите болници и амбуланти низ државава. Тие бараат зголемување на надоместот што им се исплаќа  во изнес од 26 илјади денари, на ниво на просечна плата на доктор во јавна здравствена установа, здравствено осигурување, како и решавање на статусот што сега им е со договор на дело. Штрајкот ќе го прекинат, како што најавија, само доколку добијат писмена гаранција за исполнување на барањата. 

- За жал, се решивме на овој чекор бидејќи Министерството за здравство нема слух за решавање на нашите проблеми,  изјави доктор Христина Илиоска Чешлароска, приватен специјализант по интерна медицина, трета година. 

Таа потсети дека по протестот во март, имале средба со министерот за здравство на која им било ветено дека нивните барања ќе се најдат на седница на Влада., но  дека засега немаат никаков одговор. 

Како што соопшти Илиоска Чешлароска, добиле повик од претставник во Министерството за здравство и им било кажано дека денеска во 14 часот  ќе се одржи средба во Влада.

-Петмина наши претставници ќе бидат на таа средба, но, немаме информација кој се ќе присуствува и дали ќе бидат прифатени нашите барања. Штрајкот продолжува, се додека не добиеме писмена официјална гаранција дека барањата ќе бидат исполнети, нагласи Илиоска Чешлароска.

Тамара Пејоска, специјализант на пластична и реконструктивна хирургија, прва година, рече дека работно максимално се посветуваат, а се ставени во разочарувачка деградирачка позиција. На протестот беше нагласено и дискриминирањето при остварување на мајчинство и породилно отсуство, бидејќи тогаш се укинува надоместот. Сите овие луѓе, беше кажано на протестот, имаат желба да останат во државата, да работат и да се грижат за пациентите.

Приказната за скопското бездомно куче Чопер и виетнамскиот јутјубер Ву

Македонските граѓани трагаа неколку денови по бездомното куче Чопер,тоа повторно се најде во рацете на неговите сопственици кои случајно го запознаа, додека биле на привремен престој во Скопје.

 Тие утре, заедно со бездомното куче од скопските улици, ќе отпатуваат за Германија.

Приказната започна на социјалните мрежи каде што младиот тиктокер и јутјубер, Филип Ву, кој потекнува од Виетнам, побара помош од Македонските граѓани. Овој човек патувал на повеќе дестинации во светот, а животот го донел и во нашата земја.

„Ако сте од Скопје, Македонија или знаете некој од таму, ми треба вашата помош …“, го започнува видеото.

На својот „Инстаграм“ профил, Ву објаснил како додека престојувал во нашата татковина започнал да се грижи за бездомно куче, хранејќи го секојдневно. По извесно време, кучето ја стекнало неговата доверба и почнало да го пречекува кога и да се враќал дома.

Љубовта била обострана, па така овој човек се одлучил да го посвои животното, откако ќе се врати од Германија во Македонија со автомобил. За тоа време, планот бил кучето да престојува кај неговиот пријател од Скопје.

Но, во периодот додека бил отсутен кучето се изгубило.

За среќа, со помош на македонските граѓани, Чопер е пронајден и заедно со јутјуберот Филип Ву, „ќе поднесе документи за германско државјанство“.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Phillip Vu (@phillipqvu)

Популарно