Заев се премисли: Чинот на истурање боја врз Героски е загрозување на слободата!

Откако вчера беше објавен видео-материјал од изјавата на премиерот на Р. Македонија, Зоран Заев, во САД, во која чинот на истурање на боја врз Героски премиерот го оцени како показ на слободата во Македонија. Реагираше Героски, со изјава на Фејсбук, во која, меѓу другото, напиша: „Во вистински слободна земја, после ваква недоветна изјава, премиерот јавно му се извинува на новинарот, кој е жртва на напад од една од најопскурните личности на денешната јавна сцена во Македонија“.

По ова на порталот на кој уредник е Геровски, Pulsinfo.mk, се појави статија во која медиумот објави дека Заев му се извинил на новинарот на ФБ. Сепак, таков пост во моментиве на Фејсбукот на премирот не ожеме да најдеме, (можеби бил избришан) па затоа оставаме да прочитате што според Пулсинфо во своето извинување напишал Заев.

„Слободното однесување не смее да загрозува ничија туѓа слобода. Во таа насока, сметам дека чинот на истурање боја врз новинарот Героски е закана и загрозување на неговата слобода и на неговата професија - новинар. Ги осудувам таквите дејствија кои се негативен сегмент во нашето слободно општество и апелирам да не се повторуваат. За слободата заедно се боревме и ја добивме. Но, имаме уште многу работа за нашата Македонија целосно да ја ослободиме од недемократските влијанија“.

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

Полицијата во Охрид го приведе А.И.(48), затоа што го фотографирал гласачкото ливче на избирачкото место 1271 во Охрид.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираа од СВР Охрид.

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право

Во канцеларијата на Народниот правобранител, денеска од 7 до 19 часот, на денот на одржување на првиот круг за избор на Претседател на државата, граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321.

Како што соопшти Народниот правобранител, освен на бесплатната телефонска линија,  граѓаните ќе можат да пријават повреди на избирачкото право и лично во главната канцеларија во Скопје, што се наоѓа на улицата „Македонија“ бр.19 во зградата на ТД „Макошпед“ (спроти Спомен куќата на Мајка Тереза).

Повреди на избирачкото право може да се пријават и во подрачните канцеларии во Струмица на тел.бр.(034)329-996,  Кичево на тел. бр (045).228-586, Тетово  на тел. бр.(044) 344-082, Битола  на тел. бр.(047) 242-310, Штип на тел. бр. (032) 389-701 и во Куманово на тел. бр .(031) 431-488.

Народниот правобранител најавува дека со цел заштита на избирачкото право на граѓаните ќе презема итни мерки за ефективно постапување од странa на надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои, потенцира, се должни да им обезбедат заштита на граѓаните остварување на нивното загарантирано избирачко право.

Популарно