(ВИДЕО)Груевски: Ова не е битка за власт, за ВМРО, ова е битка за Македонија

Веќе десет години, Македонија го слави 23-ти октомври како државен празник, денот на македонската револуционерна борба, денот на основањето на МРО, подоцна ВМРО. Оваа година е прва година кога не само што се прекинува традицијата на доделување на државната награда  23-ти октомври, туку и очигледна е назаинтресираноста на новата власт кон одбележување на овој празник. Затоа, сме ние тука. Кога  оваа власт се срами и се плаши од овој голем ден и празник, тука сме ние, ВМРО-ДПМНЕ да го одбележиме, прославиме, да се потсетиме и инспирираме од минатото, македонското револуционерно минато за слободата на Македонија,истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на денешната Свечена академија по повод “Денот на Македонската револуционерна борба“.

Курир: СДСМ фатени на дело како поткупуваат гласачи во ромско маало(ВИДЕО)

СДСМ повторно се фатени на дело како поткупуваат гласачи делејќи им прехрамбени производи, пишува Курир.мк. Медиумот наведува дека овој пат поткуп владејачката партија врши во штипско ромско маало каде во недела на 29-ти октомври ќе се одржи вториот круг од локалните избори.

Погледнете го видеото: 

А целата статија прочијате ја на Курир со еден клик ТУКА

Груевски: Им дадоа 20 милиони евра на СДСМ за изборен поткуп

На партискиот митинг на ВМРО ДПМНЕ во Љубанци, лидерот на партијата, Никола Груевски порача дека СДСМ видоа дека не можат да се мерат со нас и удрија на криминални измами.

-Во првиот круг видовме како СДСМ организира избори, страв и притисоци на сите страни. Во Македонија се спроведоа африкански избори. Скршен череп на градоначалник и кандидат за градоначалник, убиен носител на советничка листа, искршени канцеларии на наши штабови, следени кандидати за градоначалници, бугарски возови со секоја општина, недостаток на гласачки ливчиња. Најмногу видовме масовен поткуп со многу пари. Според информациите кои ги имаме истурени се 20 милиони евра црни пари во Македонија на овие избори. Од каде се тие пари, кој има интерес да даде толку пари за СДСМ да излезе победник иако се знаеше и беше јасно дека фаворитот е ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата? Кој има интерес? Тие пари сигурно не ги дале СДСМ и Заев, ги дал некој друг, некој кој има државен интерес да му помогне на Заев за да го реализира неговото сценарио, неговото редефинирање на Македонија кое го најави, рече Груевски.

Популарно