Денеска е Рождество на Пресвета Богородица – празник на Мајката на сите мајки

Рождество на Пресвета Богородица е еден од големите празници на Светата православна црква. Иако овој празник се смета за почеток на сите празници, сепак, тој почнал да се празнува многу подоцна. Дури откако ослабнало паганството, христијаните, покрај на Исус Христос, можеле да ѝ оддадат заслужено признание и на неговата мајка.

Народот верува дека Пресвета Богородица е заштитничка на мајките воопшто и на леунките посебно, поради што жените што раѓаат ја повикуваат да им помогне полесно да се породат. Исто така, се верува дека таа им помага и на жените што немаат деца. Затоа ваквите жени оделе во црквите посветени на Богородица и се молеле пред нејзините икони.

Македонскиот народ, како впрочем и сите христијани, со многу внимание ги празнува повеќето празници на Пресвета Богородица, мајката на Спасителот Исус Христос. Така е и во народните умотворби, како во поетските така и во прозните, така и во народните верувања и во народните обичаи. Затоа поголем број цркви низ цела Македонија го носат нејзиното име, а нејзините празници покрај со црковни свечености народот ги празнува и со народни собири, панаѓури и сл. што во минатото траеле и по неколку денови. Така, македонскиот народ, со повеќе или помалку свечености, но секогаш со достојно внимание прославува неколку празници поврзани со името на Пресвета Богородица: Мала и Голема Богородица, Воведение на Пресвета Богородица, (празник познат уште и под името Света Пречиста), Благовештение, Богородичин појас, Покров на Пресвета Богородица, Собор на Пресвета Богородица и др.

Народот верува дека Богородица е мајка на сите мајки, дека е заштитничка на жените особено на леунките поради што кога жените раѓаат ја повикуваат да им помогне полесно да поминат. Народот верувал дека Богородица им помагала при породувањето не само на жените христијанки туку и на жените од другите вери. Така на пр. во Разлошко како што запишал М. Цепенков кога некоја жена Турчинка се мачела при породувањето вака ја викале Богородица по турски: „Ела, Муарем-ано, ела, да је поможиш на оваа сирота што се мачи и не може да роди. Поможи е, Муарем-ана, у нас (Муарем-ана ја викаат Богоројца турцки) за побрго да родит.” Откако, пак, жената ќе родела и ќе се ослободела, бабата ќе земела метла во рацете и ќе почнела да мети низ куќата најповеќе околу леунката и ќе велела: „Бегај, Муарем-ано, бегај, оти овде турцка е куќата”. Така, вели Цепенков, верувале дека со тоа велење ќе дојдела Богородица ќе поможела и пак ќе си одела.

Исто така се верува дека таа им помага и на жените што немаат деца. Затоа ваквите жени оделе во црквите посветени на Богородица и се молеле пред нејзините икони. Така на пр. како што запишал Миленко С. Филиповиќ жените од Дебарски Дримкол што немале деца оделе во манастирот во Калишта на Охридското Езеро за да ја занишаат со прст сребрената лелејка (минијатурна лулка) што стоела пред иконата на Богородица.

Раѓањето на Богородица не било ни случајно ни обично, затоа што идната мајка на Спасителот Исус Христос требало да се роди од родители свети, чисти и праведни. Тие, исто така, требало да бидат од двете еврејски лози од Давидовата и Ароновата, бидејќи од првата произлегувале еврејските цареви, а од втората старозаветните првосвештеници. Во тоа време меѓу малкуте праведни луѓе во градот Назарет биле и родителите на Пресвета Богородица Јоаким и Ана. Јоаким бил токму од царскиот род Давидов, а Ана од родот на првосвештениците. И двајцата биле многу скромни, побожни и добри, ги помагале сиромасите и болните, а ги советувале младите. Од приходите што ги имале една третина задржувале за себеси, една давале на храмот, а една третина раздавале на сиромасите. Но биле многу несреќни затоа што немале деца. Во тоа време немањето пород се сметало за последица на божја казна за некој голем грев па и за нив многумина се сомневале дека во себе кријат токму таков грев. Јоаким и Ана постојано искрено и со солзи го молеле Бога да им даде рожба и да го симне срамот од нивниот образ, ветувајќи дека ќе ја воспитуваат во вистински благочестив дух и дека ќе ја дадат да му служи во храмот.

Луѓето без деца се соочувале и со повеќе забрани, па така не им било дозволено и меѓу првите да принесуваат жртва во храмовите. Еднаш кога на еден голем празник и Јоаким сакал меѓу првите да принесе жртва во храмот во Ерусалим, од првосвештеникот бил прекорен дека тоа не смее да го прави зашто поради гревовите Бог не го дарувал со деца. Јоаким отстапил длабоко навреден и жртвата ја принесол последен. Оттука наместо дома отишол во пустината кај своите стада каде што поминал 40 дена во строг пост и молитви. Го молел Бога да го дарува со рожба. Во тоа време и Ана дома се молела за истата цел. Неа не само што другарките ја прекорувале, туку и слугинките и се потсмевале затоа што немала деца. Еднаш додека била во градината видела како некоја птица си ги рани своите пилиња. На тоа уште повеќе се нажалила и го молела Бога да ѝ даде рожба, за да не биде подолу дури и од сите животни и од пилињата.

Јоаким и Ана биле убедени дека со молитви ќе го смилостиват Бога да ги дарува со рожба иако биле во поодминати години. Впрочем и Аврам и Сара, иако, исто така, биле во постари години со волјата Божја добиле дете. И навистина Бог ги слушнал молитвите на праведните Јоаким и Ана и по Архангел Гаврил пратил вест дека ќе добијат женско чедо кое ќе се прослави. Додека Ана искрено се молела пред неа застанал ангел Господов и и рекол:

‒ Ано, Ано, твојата молитва е слушната. Твоите воздишки ги надвишија облаците. Твоите солзи капнаа пред Господа. Ти ќе родиш благословена ќерка поради која ќе бидат благословени сите овоземни родови. Преку неа ќе биде дадено спасението на целиот свет. Ќе ја викате Марија.

Во истото време ангелот Господов му се јавил и на Јоаким во пустината и му ја соопштил истата вест. Му кажал уште дека Ана веќе е известена со радосната вест и се наоѓа во храмот во Ерусалим за да принесе жртва. Јоаким веднаш пристигнал во Ерусалим каде што заедно со својата жена принесле жртва во храмот. Потоа им се родила ќерка којашто поради тоа што била измолена со многу солзи ѝ ставиле име Марија, што значело горчлива вода или солза. Според други пак, Марија значи висока или владетелка (владичица). Зачатието на Св. Ана црквата го празнува на 22/9 декември, токму девет месеци пред Мала Богородица.

Во чест на денот на раѓањето на Марија, идната мајка на Господ Исус Христос Светата христијанска црква го востановила празникот Рождество на Пресвета Богородица, празник во народот попознат како Мала Богородица што секоја година се празнува на 21 септември според новиот, односно на 8 септември според стариот календар.

Иако, како што пишува св. Андрија Критски овој празник може да се земе како „почеток на сите празници”, сепак, тој почнал да се празнува многу подоцна. Дури кога ослабнало паганството, христијаните, покрај на Спасителот Исус Христос, можеле да ѝ оддадат заслужено признание и на неговата мајка. Во народното сфаќање, односно во народните верувања, оваа врска на Богородица со нејзиниот син, односно нејзиното мајчинство се смета за света работа. „Ако на запад, во западното христијанство, во центарот на почитувањето на Марија секогаш бил Нејзиниот образ како дева, девственоста, која не била нарушена од мајчинството, за православниот Исток таквата негова срдечна љубов кон Марија, Нејзиното созерцание и ‒ ќе повторам уште еднаш ‒ радосниот восхит од погледот кон Неа, од самиот почеток бил и останува нејзиното мајчинство, Нејзината крвна врска со Исус Христос.”

НАРОДНИ ВЕРУВАЊА И ОБИЧАИ

Култот на Пресвета Богородица има значајно место кај македонскиот народ. Многу цркви што го носат нејзиното име се изградени по соништа, а има и голем број преданија за чудотворни икони со ликот на мајката божја. Стефан Тановиќ сведочи дека во Гевгелиско празникот Мала Богородица се сметал за тежок и аталија празник, а во селото Богородица на овој ден се одржувал голем панаѓур. С. Тановиќ сведочи дека селото Богородица името го добило поради тоа што тука во селската црква престојувала Св. Богородица односно нејзиниот дух. Таа икона во која престојувала Св. Богородица, според раскажувањето на селаните постојано се движела. Додека тука престојувала Богородица, се вели во ова предание, на сите во селото им било добро. Но во 1835 година во месец август, околу пладне црквата се запалила и луѓето убаво виделе како Св. Бугуројца со иконата излетала од пламенот и застанала на камбанаријата. Потоа одлетала на север и повеќе не се вратила. Потоа селото почнало да страда, најпосле го зафатила и чума и малку требало сите да изумрат. Тогаш селаните се сетиле да побараат помош од нивната Св. Богородица којашто тогаш била во селото Конче, Радовишко. Луѓето што отишле да ја викаат да се врати за поклон ѝ носеле една литургија. Таа не се вратила, но во сон им кажала како да се спасат од чумата. Им порачала од дрво близнак да направат рало, да најдат два вола близнаци и двајца браќа, исто така близнаци, да ги прегнат тие волови, и со тоа рало да изораат една бразда околу селото, чумата веднаш ќе престанела. Откако тоа го направиле чумата престанала да беснее. Тановиќ сведочи дека и во негово време жителите на ова село верувале дека нивното село не можело да настрада од чума зашто било изорано од браќа близнаци, волови близнаци и рало близнак.

Марко К. Цепенков забележал повеќе преданија за чудотворни икони со ликот на Пресвета Богородица. Според едно од овие преданија „Во селото Коњче има црква што ја имаат кончани и друзите села од околијата као за манастир, чунки во таа црква се наоѓа една икона чудотворна. Иконата је од мушама и је со лицето на Св. Богородица; таа икона била најдена горе на планина од една фамилија од селото Коњче. На ден Св. Цареи (Елена и Костадин) било кога ја нашол чоеко некоаш таа икона и од тоа време до ден денеска излегуаат селаните на истото место кај што се нашла иконата, на ден Св. Цареи. Не само Кончани одат тамо, ами и од друзите села што се дојдени тамо одат и тамо свеќаваат вода за здравје и за бериќето што је по поле Богоројца да го чуа”. Цепенков уште забележува дека таа икона кога ќе ја оставеле на местото каде што била најдена „ќе се испотела и со тоа веруаат оти била животворна и чудесна”.

Запишувачот на ова предание уште сведочи дека на празникот Спасоен во селото Коњче се собирал многу народ, поседнувал поземи, некој што не можеле да дојдат праќале нишани „за да му падни иконата на нив”. Откако сите ќе поседнеле од црквата ќе излезел еден човек од фамилијата што ја нашла иконата, ја носел иконата во рацете, „ама не како да оди тој, ами како да го носи иконата, и не полека да оди помеѓу луѓето, ами како да го носат ветришта, се ќе трча и со двете раце ќе ʼа врти иконата и надесно и налево, ќе ʼа навали на глаата на некој чоек, со ќошот од иконата.” Така иконата одела од еден човек на друг и секој таксувал по нешто „ја ока вино за манастиро, ја педеседрам масло, ја печеесе пари”, и потоа минувала на друг. Арно ама, ако некој сакал да такса многу пари „од шеесе пари нагоре не примала иконата и нестануала од глаата на чоеко, тики сака-неќи малце пари ќе таксуа, да така да стани.” Цепенков сведочи дека многумина виделе добро од иконата, а и бериќетот во полето бил богат додека го изведувале овој обред.

„Мнозина болни што оделе во с. Коњче во времето коа паѓала иконата оздравуале и мнозина болни оздравеле коа му ʼи однесуале кому капата, кому кошулата и друзите работи. Се забележуало од селаните оти од вадењето на иконата и по луѓето имало здравје и по полето му се чинел бериќето”.

Цепенков во своите записи пишува уште и за други чудотворни икони со ликот на Пресвета Богородица како што биле таа во Велес, потоа во селото Магарево (Битолско), за чудотворна икона во кичевскиот манастир „Света Пречиста” итн.

Овој празник е прв не само од Богородичините празници туку и, воопшто, прв поголем христијански празник по започнувањето на Црковната Нова Година на 14/1 септември. Следниот ден по Мала Богородица односно на 22/9 септември црквата го празнува и споменот на нејзините родители праведните Јоаким и Ана.

На Мала Богородица, исто така, се одржуваат големи народни собири во повеќе манастири што го носат нејзиното име како што е манастирот Пречиста кај Кичево, манастирот во с. Матејче, во Осоговскиот манастир итн.

Тропар

Рождество на Пресвета Богородица

Твоето раѓање Богородице Дево, радост му јави на целиот свет, зашто од тебе изгреа Сонцето на правдата ‒ Христос, Бог наш; уривајќи ја клетвата, ни даде благослов; уништувајќи ја смртта, ни дарува живот вечен.

Викендов ни доаѓаат два големи празници пред Велигден

На 27 април е Лазарова сабота, еден од поголемите христијански празници од пролетниот циклус. Лазарова сабота е променлив празник и секогаш се паѓа еден ден пред Цветници, кои се точно една недела пред најголемиот празник Велигден.

На овој ден се споменува чудесното воскресение на четиридневно упокоениот Лазар извршено од Исус Христос. Овој настан бил на шест дена пред предавството и убиството на Христос на Голгота. На Лазарева сабота обичај е да се носат гранчиња од врба што симболично претставува свечено Христово влегување во Ерусалим, каде што го пречекале следбениците.

На овој ден обично се оди на река и се вели: Колку далеку го фрлив овој камен, толку подалеку да биде змијата од мене! Дента се бере цвеќе, но не се внесува дома, туку важно е да се остави во дворот. Потоа со цвеќето се кити домот, а со водата каде стоело се замиваат домашните.

Во Македонија групи девојчиња – Лазарки, облечени како невести одат и пеат лазаревски песни, како обичај за големиот празник.

Лазарова сабота

„Еве, сега е времето благопријатно; ете, сега е денот на спасението: да ги отфрлиме сите дела на мракот и да се облечеме во оружјето на Светлината. Да одиме чесно како дење“ (2 Кор. 6, 2) – зашто ни се приближува сеќавањето на спасоносните Христови страдања, се приближува нова, голема и духовна Пасха, награда за бестрастието (палмовото гранче), почетокот на идниот век. Тоа го најави Лазар, кога излезе од оние кои се скриени во пеколот; по заповедта на Божјиот Син, Кој има власт над животот и смртта, оној кој четири дена беше во гробот, стана од мртвите. Кога било извршено чудото над Лазар, и кога Христос јасно истакнал дека Тој е Бог, народот го прифатил тоа и поверувал, додека некои кнезови, односно книжници и фарисеи, биле далеку од верата, па неразумно смислувале лоши работи против Него и со своето безумие сакале да Ги убијат Оној, Кој преку тоа што го рекол и направил се претставил како Господар на животот и смртта. Овие зборови, иако заради народот изговорени во вид на молитва, не биле молитвени зборови, туку зборови на власт: „Лазар, излези надвор!“ – и Лазар веднаш, иако четири дена мртов, застанал жив пред Него; зарем не биле едно заповедта и молитвата на Животодавецот? Тој викнал со силен глас, и тоа заради присутните, бидејќи можел не само тивко, туку и само со волјата да воскресне, и тоа оддалеку, додека каменот с? уште лежел над гробот. Тој, пак, му се доближил на гробот и им рекол на присутните да го тргнат каменот, а овие го почувствувале непријатниот мирис на распаѓањето и тогаш Тој со силен глас му се обратил на Лазар, го повикал кај Себе, и токму тогаш го воскреснал. И сето тоа, за тие да видат со сопствени очи, бидејќи биле крај гробот, со сопствениот нос да ја почувствуваат смрдеата на мртвото тело кое четири дена било во гробот, и со сопствениот допир да почувствуваат – затоа што со своите раце го допреле каменот кога го отстранувале од гробот, потоа плаштаницата и убрусот на главата кога го одвивале, како и лично да го чујат Господовиот глас, кој допрел до ушите на сите присутни. Значи, преку сето тоа, тие поверувале дека Тој е Оној Кој „го повикува непостоечкото кон постоечко“, Кој се носи со силата на Своите зборови и Кој на почетокот со еден Свој збор се доведе од небитие во битие. Свети Григориј Палама.

Веднаш по Лазарова сабота е празникот Цветници. Познат уште и како Цветоносна недела и Врбица, секогаш е една недела пред Велигден и се празнува во спомен на влегувањето на Исус Христос во Ерусалим, кога неговите ученици и симпатизери со цвеќе и врбови гранчиња, како и со својата облека, му го постилале патот.

Неделата, една седмица пред Велигден е празникот Цветници познат уште и како Цветоносна недела и Врбица, што се празнува во спомен на влегувањето на Исус во Ерусалим, кога неговите ученици и симпатизери кршеле цвеќе од дрвјата и врбови гранки и со нив, како и со својата облека му го постилале патот по кој минувал. Саботата пред Цветници се вика Лазарева Сабота или Лазарица, односно Лазара. Според преданието, во саботата умрел Лазар од Витанија, а во неделата Исус го воскреснал. Поради тоа во народот неделата се смета за поголем празник од саботата.

Според тогашните закони учител можело да биде само лице што наполнило триесет години. Исус веќе четврта година го проповедал своето учење, а бидејќи за Пасха мноштво народ доаѓал во Ерусалим за да го прослави празникот и Исус по четврти пат доаѓал како учител.

Но тогаш разбрал дека неговиот пријател Лазар од Витанија е тешко болен. Исус веднаш се упатил таму, но стигнал четири дена по неговата смрт и по погребот. Сестрите на Лазар, Марта и Марија, го прекориле Исуса велејќи му дека ако дојдел на време немало Лазар да умре. Марта му рекла: „Господи, ако беше Ти овде, немаше да умре брат ми. Но и сега знам што и да посакаш од Бога, Бог ќе ти даде“.

Легендата вели дека Бог сакал Лазар да умре за врз него да се манифестира силата Божја. Кога дошол до гробот, Исус го повикал Лазара: „Лазаре, излези надвор“. И Лазар веднаш излегол завиткан со платно на рацете и нозете и со крпа околу лицето. Сите што го виделе тоа се почудиле и поверувале дека Исус е синот Божји. Со овој чин Исус уште повеќе се здобил со слава. И пак се упатил кон Ерусалим.

Кога стигнал во подножјето на Маслиновата гора, Исус пратил двајца свои ученици во Витфагија за да му донесат осле (магаре) и ослица. Им рекол: „Одете во селоно, што е наспроти вас и веднаш ќе најдете врзана ослица и осле со неа; одврзете ги и доведете ми ги. А ако ви рече некој нешто, ќе му кажете дека му се потребни на Господа и веднаш ќе ги прати“.

Учениците ги донесле, а потоа ги ставиле на ослето своите облеки врз кои седнал Исус и така влегол во Ерусалим поздравен од мноштво народ. Ваквиот пречек на Исус во Ерусалим бил последица од неговата голема популарност меѓу народот уште повеќе зголемена по воскреснувањето на Лазара. Се поставува прашањето, зошто Исус во Ерусалим влегол качен на магаре?

Толкувачите на Светото Писмо истакнуваат дека кај источните народи магарето било симбол на мирот, наспроти коњите што служеле за водење војни. Магарето мирно му служело на човекот, како што и Исус му служел на народот. Пречекувајќи го Исуса воодушевениот народ со цвеќе, врбови гранки, но и со својата облека го постилал патот и пеел: „Осана на синот Давидов. Благословен е оној кој доаѓа во името Господово. Осана на вистините“.

Во спомен на ова свечено влегување на Исус во Ерусалим уште од најраните христијански времиња е востановен празникот Цветници кој, меѓутоа, се празнува од III век. На иконата овој чин е насликан како Исус јава на магаре, а неговите ученици и народот му го постилаат патот со цвеќе и облека.

Ни доаѓа Лазарова сабота, па Цветници - овие работи никако не смеете да ги направите пред Велигден

Од утре почнува најстрогиот пост - Трае 48 дена, од Прочка до Велигден

По Прочка, почнува Велигденскиот пост посветен за подготовка и во чест и спомен на Воскресението на нашиот Господ и Спасител Исус Христос.

Имиња на постот

Тоа е пост со повеќе имиња – повеќеимен пост. Се нарекува:

Велигденски пост – затоа што завршува на Велигден и значи подготовка за Празникот.

Воскресенски пост – заради празникот на Христовото воскресение.

Пасхален пост – бидејќи е пост пред Пасха, како што се нарекува Велигден – Новата Пасха или Новозаветна Пасха.

Велики пост – заради големото значење на постот и на празникот Велигден.

Четириесетница – Велика или Света Четириесетница – затоа што трае четириесет дена (од Чист понеделник до Лазарова сабота). И Господ Исус Христос постел 40 дена (Матеј 4,2; Лука 4,2).

Чесен пост – бидејќи го опфаќа времето на Христовото распнување на Чесниот крст.

Најдолг пост – според должината на постењето. Тоа е најдолгиот пост.

Најголем пост – според важноста, во однос на другите повеќедневни пости.

Најстрог пост – меѓу останатите постења – најстрог според исхраната и воздржувањето, а и според богослужбите.

Историјат

Првпат Велигденски пост или пост за Велигден се спомнува на крајот од II век. Тој траел само три дена, вели свети Иринеј Лионски (+202г.) и сите го постеле. Така се постело во III век, во „спомен на Христовите страдања“, вели и Тертулијан (+220г.).

Кон крајот на III век, во Сирија се спомнува Велигденски пост којшто траел една седмица.

А во средината на IV век, веќе се спомнува Велигденски пост од 40 дена. За тоа пишува историчарот Евсевиј Кесариски (+340г.) и свети Атанасиј Велики (+373г.) во Велигденските посланија.

Дури во V век е оформен сегашниов Велигденски пост – Велика Четириесетница.

Времетраење на постот

Велигденскиот пост опфаќа 7 недели, односно 7 седмици. Трае 48 дена, од Прочка до Велигден. Тогаш, зошто се нарекува Четириесетница? Затоа што по 40 дена од постот, продолжува последната седмица пред Велигден, дополнителен строг пост, заради деновите на предавството, страдањата, распнувањето на крстот и погребението на Господа Исуса Христа. Таа се нарекува Страдална или Страстна седмица.

Севкупно Велигденскиот пост ги опфаќа Четириесетницата и Страстната седмица.

Велигденскиот пост нема свој постојан датум, туку зависи од определениот датум на Велигден. Тој е негова претходница и подготовка.

Првата недела на постот се вика Недела на Православието. Втората е Недела на свети Григориј Палама. Третата е Крстопоклона – Недела на Чесниот Крст, кога вернициите се поклонуваат и го целивааат изнесениот крст на богослужбата. Четвртата е на свети Јован Лествичник и во неа се преминува средината на постот. Петтата е на света Марија Египќанка. Шестата седмица е Цветна (Цветници), наречена така според цвеќето и зелените гранчиња што ги фрлале децата и луѓето пред Христа при Неговото влегување во Ерусалим. Седмата е последна седмица пред Велигден, наречена Страдална, Страстна или Велика недела.

Веќе се најавува блискоста на Велигден. Деновите во таа седмица се именуваат како Велики: Од Велики понеделник, до Велика сабота. Секој ден е поврзан со настаните од последните дни на Господа Исус Христос. Особено се значајни последните три дена:

Велики четврток, кога бил фатен по Тајната вечера.

Велики петок, кога бил суден, тепан, мачен, распнат, умрел и бил погребан. Единствено тогаш пред луѓето се изнесува Плаштеницата со која било обвиткано и погребано Христовото тело.

Велика сабота е последниот ден и последната подготовка за Празникот над празниците, а Христос е во гробот од каде ќе воскресне.

Причина и цел на постот

Велигденскиот пост започнал од две причини и со две цели:

1. Да се подготват оние што требало да бидат крстени на Велигден, а кои во текот на постот биле поучувани во верата и во христијанскиот живот и биле огласени за крштение.

2. Крстените, пак, да се подготват за Велигден – за Воскресението Христово, за Празникот што претставува основа на верата. Христијанската вера е вера во воскресението. Тоа му дава смисла и цел на христијанскиот живот.

А Велигден е празник на Воскресението и на Животот. Нова Пасха. Премин од привременото во вечното живеење. Тие што се со Христа овде, ќе бидат со Него и во вечноста.

Постот е време на соединување со Бога – Причестување, Заедничарење, Благодарење – Евхаристија.

Начин на постење и исхрана

Постот е како човекот: телесен и духовен. Со две природи: за телото и за душата. Постиме од гревовноста и од мрсноста.

Се пости на вода, освен во сабота и недела, кога се дозволува масло (зејтин) и вино. Масло и вино се допушта и на празниците: Упокоение на свети Кирил Солунски, Наоѓање на главата на свети Јован Крстител, свети Агатангел Битолски, Младенци Собор на свети архангел Гаврил, света Лидија Македонска, Упокение на свети Методиј Солунски и на храмов или домашен празник. Масло се допушта и на „преполовение“ на постот и на Велики Четврток заради Тајната вечера.

Риба се јаде само на Благовец и на Цветници. На Лазарева сабота се јаде икра.

Првите три дана – тримери (понеделник, вторник и среда) не јадат ништо, оние што доброволно одлучиле да не јадат, а не е обврска за сите. Таквите, во средата, по Литургијата, најпрво вкусуваат една лажичка светена вода на Водици (агјазма), а потоа Причест.

Велигденскиот пост е најстрогата форма на постење. А постот значи воздржување телесно и духовно: воздржување од мрсна храна и од гревовност. Во постот ние му даваме предност и поткрепа на духовното пред телесното. Тоа е време за повеќе молитва и за повеќе добри дела. Време за откажување од гревот и за покајание.

Во Велигденскиот пост не се прават свадби, ниту се дозволува венчавање.

Телесниот пост значи во сите дни воздржување од месо, млеко, јајца и производи со нив, односно од сè што содржи месо, млеко и јајца, а во одредените денови, воздржување и од масло и од вино. Храната доминантно е од растително потекло.

Иако, само во сабота и недела е дозволена храна со масло (зејтин), а во другите денови без масло, сепак, има и ублажување на постот, кога е тоа потребно. Ако е човекот болен, слаб и немоќен, може да добие благослов, да пости со зејтин, млеко и риба. Тоа се однесува и на малите деца до 7 години, но и на длабоката старост, како и за луѓето во посебни услови и состојби, како што се болестите, затворите, армијата, војните, бремените, леунките, доилките, патниците и сл.

Во таквите случаи постот може да се ублажи. Благословот за тоа се добива од православен свештенослужител. Од постот не се ослободува, туку тој се олеснува. Никако не се допушта месо.

Светите отци постот го нарекуваат мајка на здравјето, а и современиот начин на исхрана сè повеќе му придава значење на постот, односно на откажувањето од храната со животинско потекло.

Постот е потреба и за телесното и за духовното здравје. И најважно, постот не е само воздржување и одрекување од храна, туку е важен и духовниот пост – одрекувањето и воздржувањето од секое зло и грев. Во тие дни треба да се испитаме себеси, да се воздржиме од лошите мисли, зборови и дела, да се покаеме и да се исповедаме. Да се измириме и да се очистиме. Духовно да се зајакнеме и да се збогатиме. Да правиме добри дела и да покажеме љубов кон Бога и кон луѓето.

Од телесниот пост може да бидеме и ослободени, но од духовниот пост – никако и никој, од никого, па дури ни ангел од небото не може да нè ослободи.

Свети Јован Златоуст вели: „Кога ќе слушнете за постот не плашете се од него. Тој не е страшен за нас, туку за лошите духови.“

Затоа и Исус Христос рекол: „Овој род се истерува само со пост и со молитва“ (Матеј 17, 21).

Постот на Страстната седмица

Велигденскиот пост завршува пред Страстната седмица која се издвојува во посебна седмица на страданијата. Постот, според поставениот ред, ги завршува своите 40 дена во петокот пред Лазарева сабота (во VI седмица).

Тие последни денови пред Велигден се поминуваат во строго постење, според зборовите на Господ Исус Христос, којшто рекол: „Но, ќе дојдат дни, кога ќе се оддели од нив младоженецот и тогаш, во тие дни, ќе постат“ (Лука 5,35; Марко 2,19-20; Матеј 9,15).

Апостолските правила, Велигденскиот пост го нарекуваат Велика/Голема Четириесетница на која се надоврзува Страстната седмица, постејќи со страв и трепет.

„Четириесетница е до седумте дена пред Пасха. Потоа, шесте дни до Пасха целиот народ ги поминува во сувојадење“, вели свети Епифаниј Кипарски.

На Велики Четврток, се јаде еднаш дневно и тоа по завршувањето на Светата Литургија.

На Велики Петoк, по своја волја, некои верници не јадат ништо до зајдисонце.

Велика Сабота е единствената сабота во која се пости со пост на вода, а оние што можат, остануваат цел ден на суво јадење.

Богослужбениот живот во постот

Богослужението во Велигденскиот пост е различно од секојдневното, вон постот. Тие дни се денови на пост, покајание и проштевање. Богослужбите не се свечени, раскошни и славни. Свештениците се облечени во темни и црни одежди.

Се прават поклони со наведнување на главата до појасот – мали (допојасни) поклони, кога со десната рака ја допираш земјата или големи поклони кога се наведнува главата до земја (доземни поклони) на колена. На богослужбите има многу читање, а не само пеење, како обично.

Секојдневниот богослужен ред е подолг од вообичаеното. Сите служби во текот на денот се збогатени со дополнителни молитви за покајание и со повеќе метании – поклони до земја.

Секоја среда и петок се служи Литургија на предосветените дарови, напишана Литургија од свети Григориј Двоеслов, папа Римски. Таа се служи за да можат верниците почесто да се причестуваат во постот.

Секој петок попладне, во црква се чита Акатист на Пресвета Богородица, а оној што не може да појде в црква, може да го прочита Акатистот и дома, но подобро е в црква.

Во саботите и неделите не се прават поклони до земја и се служи Литургија на свети Василиј Велики.

Последната недела пред Страстната седмица, Неделата Цветна (на Цветници), се служи Златоустова литургија.

Секој ден од Страстната седмица се служи Литургија, освен на Велики Петок, кога Христос е распнат, умрел и бил погребан.

На Велики Понеделник, Велики Вторник и Велика Среда се служи Литургија на предосветените дарови.

А на Велики Четврток и на Велика Сабота – Василиева литургија. Овие два дена се причестуваат најмногу верници. Затоа што тие се последните две литургии во постот и затоа што на Велики Четврток е востановена Светата причест, на Тајната Вечера, а Велика Сабота е единствената сабота што се пости строг пост и затоа што сакаат верниците причестени да го пречекаат Христовото воскресение – Велигден.

Пост и диета. Се слабее ли со постење?

Постот не е диета. Неговата цел и задача е друга. Не се пости за да се слабее, туку за да се зајакне духот и за да се претпочита духовното над телесното. Но, се разбира, тоа воздржување во текот на постот може да придонесе и за зацврстување на волјата и за решеноста да се храниме поумерено и поздраво.

Добро е да се користи разновидна храна и за време на постот. Сите сме различни во односот кон храната и во односот на храната кон нас и кон нашиот организам. За некого храната се лепи веднаш, а за друг не. Важно е и воздржувањето од количината во исхраната. Таа навика ќе помогне.

Сигурно е дека постењето е здраво и корисно.

Поуки и препораки за христијанскиот живот во текот на постот

Постењето не е само воздржување од мрсна храна или нејадење, оти и ѓаволот воопшто не јаде, ама јаде души човечки и е полн со злоба, па не може да се спаси.

Затоа, кога постиш, не завидувај, туку радувај се; не осудувај, туку проштевај; не прави неправда, туку помагај; не отфрлај, туку поткрепувај; не скарувај, туку смирувај; не навредувај, туку пофалувај итн. Зашто, каква е ползата што не јадеш месо, ако го јадеш брата си?

Постот е време на духовна будност, очистување, покајание, молитва, подвизи и добри дела. Тој е неразделно поврзан со молитва, со читање духовни книги, со дела на милост и љубов кон ближниот, духовни разговори, посета на богослужби, читање и проучување на Светото писмо, посета на часови по веронаука и верски поуки и правење добро.

Најдобро е така христијански да живееме постојано, но ако во тоа не успеваме, тогаш постот е најдобар период за вежбање во доброто и придржување кон тоа, за да ни постане доброто навика и да биде наш начин на живеење. Добро е во тој период да се воздржиме од вообичаените лоши навики, недостатоци и пороци.

Да ги контролираме страстите. Да не говориме неумесни зборови, пцости и шеги; да не гледаме премногу телевизија, особено, она што е непотребно, непристојно и соблазнително; да одбегнуваме кавги и расправии; да го отфрламе гневот и злобата; да го оставиме пушењето или да го смалиме; да се воздржиме од алкохолни пијалoци или да се ползуваат умерено; да се одбегнува секое зломислие, злочувство и злодело. Да мислиме повеќе на духовното, отколку на телесното – повеќе за душата, отколку за телото.

Народот вели: Кој пости, душата ја гости!

Популарно