ФОТО: Скопска невеста се налути и фрли 500 евра во контејнер

Венчаницата фрлена во контејнер привлече големо внимание на минувачите, па решија да ја сликаат и објават фотографијата на социјалните мрежи. Од кои причини невестата ја фрлила венчаницата можеме само да погодуваме – се скарала со мажот, не можела да ја продаде на друга невеста, дамките од тортата залепени на неа не можеле да се извадат ни на хемиско чистење.

Па ако некогаш сте се запрашале како изгледаат фрлени 500 евра, погледнете ја сликата подолу.

Запознајте ја принципиелната новозеландска министерка за транспорт

Кај нас ретко кога можеме да ги видиме високите функционери на велосипед, кои најчесто се превезуваат со службените возила. Исклучок прават само некогаш кога го користат јавниот превоз за да остават позитивен впечаток кај гласачкото тело.

Но триесет и едногодишната министерка од Нов Зеланд не само што не го користи службениот автомобил и користи велосипед, туку таа тоа го прави додека е бремена.

Позната е како принципиелен поборник на здравиот живот и е борец за еднаквост и почитување на човековите права. Џули Ен Џентер во целост го применува она за што се бори.

Таа е пратеник и министер за јавен транспорт и здравство. Благодарение на Инстаграм, знаеме дека влегла во 42-та недела од бременоста и отишла на породување со велосипед.

Министерката веста за бременоста ја соопшти на Инстаграм: „Ќе ни биде потребно уште едно седиште на велосипедот“, напишала Џентер.

Изгубиле венчален прстен, па си го нашле по 5 години

Една од побезвезните несреќи што можат да му се случат на брачен пар со веќе проверен стаж, им се случило и на Дејан и Моника пред едно 5 години на плажата Акапулко во Охрид. Во таа глупа 2013-та, Дејан и Моника останале без еден од своите венчални прстени.

Една од посреќните околности што можат да му се случат на еден брачен пар во ситуација како нивната, е венчалните прстени да се гравирани со нивните имиња и датумот на венчавката, но и прстенот да биде најден токму од малата Георгина, која со сета своја детска невиност била пресреќна и од самата помисла прстенот да им биде вратен на вистинските сопственици. Е да, и тоа исто така им се случи на Дејан и Моника.

Пет години подоцна, благодарение на Биби Ставреска (мајката на Георгина), останатите добронамерници на социјалните мрежи ги здружија силите и ја споделуваа објавата на Биби за изгубениот прстен сé додека среќната вест не стигна до својата дестинација – Дејан и Моника, се разбира.

Еве како се одвиваше приказната:

Нешто подоцна, ова:

Се разбира, следуваше и благодарност:

ВИДЕО: Згодна девојка побарала да ја намачка со крем за сончање, но кога се свртила следел шок

Жените со помош на својот неодолив шарм ќе го наведат секој маж да ги направи и најглупавите можни работи.

Поради тоа што на тој начин лесно се манипулираат, мажите се перфектен „плен“ за следната смешна местенка.

Бразилскиот Јутјубер „David Mafra“ поставил видео во кое главната улога ја игра една згодна девојка во бикини на плажа во Рио де Жанеиро.

Имено, таа од минувачите барала да ја намачкаат со крем, на што тие се согласиле. Но, кога се свртила на грб, имале што да видат…

Популарно